- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Утре во 10:00 часот по повод 22 Ноември – Денот на албанската азбука ќе се одржи свечена седница во Свечената сала во Влада. Свое обраќање ќе има претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Украина е подготвена брзо и конструктивно да работи на успехот на американскиот мировен план, потврди претседателот Володимир Зеленски по денешниот телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Двајцата соговорници ги разгледале „достапните дипломатски опции“ за ставање крај на војната со Русија, во контекст на планот од 28 точки што делегација на високи американски претставници му го презентираше на Зеленски во средата во Киев. „Разговаравме за достапните дипломатски опции и планот презентиран од американската страна. Сега сме подготвени да работиме брзо и конструктивно за да го обезбедиме неговиот успех. Ги координираме нашите понатамошни заеднички активности“, напиша Зеленски на социјалната…
Лидерите на Европската Унија утре ќе одржат состанок на маргините на самитот на Г20 во Јоханесбург, на кој главна тема ќе биде ситуацијата во Украина. Информацијата ја потврдија претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, и претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта, кои претходно оствариле телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Тие преку социјалната мрежа „Х“ испратија јасна порака за позицијата на Брисел. „Разговаравме со претседателот Зеленски. Разговаравме за моменталната ситуација и јасно наведуваме дека ништо не треба да се одлучува за Украина без Украина“, изјавија Кошта и Фон дер Лајен. Во фокусот на разговорите бил и новиот…
Над 50 куќи, магацински простори, визби и земјоделско земјиште се поплавени на подрачјето на Општина Ресен, откако обилните врнежи предизвикаа излевање на Болнска и Источка река во селата Царев Двор и Дрмени. Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека состојбата е сериозна и кај селото Долна Бела Црква, каде се излеала Голема Река, чиј водостој во моментов изнесува 210 сантиметри. На терен се ангажирани сите расположливи ресурси за санација на штетите. „Ангажирани се екипи на јавните претпријатија, „Македонија пат“, ЈКП „Пролетер“, како и приватни машини – вкупно 7 пумпи за испумпување вода и повеќе багери за расчистување и интервенции.…
Министерството за локална самоуправа објави јавен повик за ангажирање експерти кои ќе бидат дел од новата база на Ресурсниот центар за поддршка на развојот на општините. Рокот за аплицирање е отворен до 15 декември годинава. Целта на оваа иницијатива е да се формира регистар на висококвалификувани професионалци и практичари кои ќе им помагаат на општините преку менторства, специјализирани обуки, теренски ангажмани, како и преку изработка на анализи, прирачници и стратешки документи. Министерот Златко Перински појасни дека областите на потребна експертиза се поврзани со изворните надлежности на општините, но и пошироко, со цел подобрување на услугите кон граѓаните. „Со овој јавен…
Со продажба на имот „на црно“ непосредно пред стечај, скопјанец успеал противправно да присвои 31.433.522 денари (околу 515.303 евра), оставајќи ги државата и банките со празни раце. СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С. и неговата фирма за даночно затајување и оштетување на доверители. Тој во период од две години продавал машини и материјали без да ги пријави, со што не платил даноци во висина од стотици илјади евра. Најголемиот удар го претрпеле доверителите. Кога фирмата отишла во стечај, имотот веќе бил тајно распродаден, па стечајниот управник немало што да попише за да ги исплати долговите кон УЈП и банките.…
Основното јавно обвинителство Гевгелија побара притвор за државјанин на Србија, откако во тешка сообраќајна несреќа кај Валандово загинаа две лица, кинески државјани, кои биле скриени во неговиот камион. Несреќата се случи пред два дена, кога возачот на камион „мерцедес“, натоварен со 24,5 тони хартија, изгубил контрола и се превртел, при што ги притиснал 10-те мигранти кои се превезувале во полуприколката. Осомничениот се товари за „тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“, а Обвинителството истражува и евентуално криумчарење мигранти. Поради опасност од бегство, побарана е мерка притвор. „Возејќи по регионалниот пат од Валандово кон Дојран, не се придржувал…
Собраниската Комисија за финансирање и буџет амандманската расправа по Предлог-буџетот за 2026 година ќе ја продолжи в понеделник на пладне. На денешниот четврти ден од расправата, на дневен ред беа амандманите поднесени од пратениците на „Европскиот фронт“. Нивните барања се однесуваа на изградба на водоводни и канализациски мрежи, како и реконструкција на локални и регионални патишта, но ниту еден од овие предлози не беше усвоен. Трендот на одбивање продолжува, па така и во изминатите четири дена, иако фокусот беше ставен на инфраструктурни и комунални проблеми во општините, ниту еден од предложените амандмани не доби поддршка. Конечниот Предлог-буџет за 2026 година…
Собранискиот спикер Африм Гаши отиде на гости кај Изет Меџити во општина Чаир за да му ја честите победата на локалните избори. Коалициските партнери на средбата зборувале процесите што ја очекуваат Македонија, а најавија соработка меѓу Собранието и општина Чаир. „Денеска во мојот кабинет го примив претседателот на Собранието, г. Африм Гаши, кој дојде да ми ја честита новата задача. Разговаравме за политичките случувања во земјата, процесите што нѐ очекуваат и важноста на меѓуинституционалната координација во периодот во кој влегуваме. Посетата на г. Гаши е јасен сигнал за поддршка и подготвеност за меѓусебна соработка во корист на нашите граѓани и…
Гинекологот Мухамед Асани е осуден на три години ефективна затворска казна за случајот со родилката Јилдиз Веапоска, на која по породувањето ѝ беа отстранети матката, јајникот и бубрег. Освен затворската казна, Основниот суд во Струга на Асани му изрече и забрана за вршење на професија, дејност или должност во траење од пет години. За разлика од првообвинетиот, судот донесе ослободителни пресуди за второобвинетиот Блертон Асани (син на Мухамед), кој во тоа време бил специјализант, како и за третообвинетата докторка Лилјана Јованоска. „Судот обинетиот Мухамед Асани го прогласува за виновен, и му изрекува ефективна казна затвор во траање од три години,…
