- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Корисниците на социјалната мрежа X од рано утринава се соочуваат со сериозни проблеми при пристапот и користењето на услугата. Веб-страницата DownDetector забележа нагло зголемување на пријавите за недостапност, а истовремено компанијата „Cloudflare“ потврди дека нејзината глобална мрежа има технички тешкотии. Со оглед на тоа што „Cloudflare“ обезбедува клучна интернет инфраструктура за бројни услуги, вклучувајќи заштита од сајбер напади и стабилност на веб-страниците, дефектот предизвика пад на голем број навидум неповрзани платформи. Проблемите ескалираа околу 12:00 часот, по што компанијата излезе со официјална потврда. „Cloudflare е свесен за проблем што потенцијално влијае на повеќе корисници и го истражува. Понатамошни детали ќе…
Два импровизирани кампа во кои биле сместени осум илегални мигранти, меѓу кои и две деца, се откриени во близина на македонско-српската граница во координирана полициска акција. Криминалната група, составена од авганистански државјани, ги прифаќала мигрантите од Грција, ги засолнувала во камповите, а потоа двајца од нив со употреба на сила и закани изнудувале пари од жртвите. Парите биле потребни за да им се овозможи понатамошно префрлање кон Србија и земјите од ЕУ. Полицијата поднесе кривична пријава против пет лица од Авганистан – З.Х.(20), Џ.Д.(31), В.Х.(34), А.Ш.(37) и еден 15-годишник. Тие се товарат за „Криумчарење мигранти“ по член 418-а и 418-б…
Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, и директорот на Тутунскиот комбинат Прилеп, Александар Алексовски, денеска го најавија почетокот на откупот на тутун од реколтата 2025 година. Според министерот, процедурите налагаат денеска да се подигнат мострите, што значи дека откупот може да започне од утре. „Знаете се наоѓаме на почетокот на откупната сезона на тутун од реколта 2025 година, согласно процедурите, мострите во текот на денешниот ден ќе бидат подигнати, што значи дека од утре ќе може да се почне со откуп на тутун”, истакна Трипуновски од Прилеп. Директорот на Тутунскиот комбинат потврди дека на сите пријавени пунктови откупот ќе започне утре…
Владата ќе поддржи секаков договор, и за зголемување на минималната плата и за промена на формулата, но само доколку постои трипартитна согласност во Економско-социјалниот совет (ЕСС) од сите засегнати страни. Ова го изјави заменик-министерот за економија и труд Марјан Ристески, кој нагласи дека се додека не се постигне таков договор, ќе важи постојната формула за пресметување на платата. „Знаеме дека синдикатите секогаш настојуваат да се зголеми минималната плата, но еден од главните приоритети на Владата е подобрување на животниот стандард. Ние остануваме на она што секогаш го кажуваме транспарентно, договор да има во рамки на Економско-социјалниот совет каде постои и…
Жупанискиот суд во Бихаќ го осуди на 42 години затвор Мехмед Вукалиќ (62), поранешен домар во гимназијата во Сански Мост, за убиството на тројца негови колеги минатата година. Вукалиќ е прогласен за виновен за убиството на директорот на гимназијата Нијаз Халиловиќ, секретарката Нисвета Кљуниќ и професорката по англиски јазик Гордана Миџан. За секое од трите убиства тој е осуден на по 14 години затвор. Дополнителна една година му е изречена за незаконско поседување оружје, по што казните се споени во единствена казна од 42 години. Злосторството се случи во август 2024 година, кога Вукалиќ дошол во училиштето вооружен со автоматско…
Денешниот ден е посебен и за Албанија и за ЕУ, бидејќи покажува дека понудата на Унијата дава резултати, изјави еврокомесарката Марта Кос по одржувањето на седмата Меѓувладина конференција, на која беа отворени преговорите по последниот, Кластер 5. Овој кластер се однесува на „Ресурси, земјоделство и кохезија“. „Овој успех не би бил можен без цврста политичка посветеност на Албанија и со силен ангажман на сите земји членки на ЕУ за поддршка на албанскиот напредок. Ние сме посветени на вклучување на Албанија во Европската Унија“, рече Кос. Според неа, Албанија е најдобар пример за трансформативната моќ на проширувањето. „Таа е инспирација за…
Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата утре ќе започне со интервјуата на 10-те кандидати кои се во трка за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК). Постапката, која беше стопирана поради локалните избори, продолжува откако Собранието врши повторен избор на прв човек на антикорупциска по оставката на Татјана Димитровска, која е осомничена за вмешаност во случајот „Адитив“. На последната седница на Комисијата беше констатирано дека 10 од 12 пријавени кандидати ги исполнуваат условите. Во трката се Весна Доревска, Владимир Наумоски, Антонио Санев, Бранко Смилевски, Валентина Тодоровска, Ненад Трифуновски, Благица Трошанска, Кимо Чавдар, Адем Чучуљ и…
Возач на „бентли“ е уапсен откако возел со 143 километри на час на делница каде што брзината е ограничена на 50. Инцидентот се случил вчера (16.11.2025) во 11:45 часот на експресниот пат Лозово-Велес. Полициските службеници од СВР Велес го лишиле од слобода 45-годишниот М.Ј. од Штип во близина на крстосницата за село Мамутчево. Тој е приведен во полициска станица и по целосно документирање ќе се соочи со кривична пријава по член 297-а од Кривичниот законик, за „безобѕирно управување со моторно возило“. „На 16.11.2025 во 11:45 часот на експресниот пат Лозово-Велес, во близина на крстосница за село Мамутчево, велешко, полициски службеници…
Разговорите во рамките на коалицијата сè уште траат, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали се веќе утврдени ресорите со ВРЕДИ во контекст на најавените промени во владиниот состав. Во врска со тоа дали ќе има промени и во ресорите што ги водат кадри на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски рече дека партијата во овој момент е фокусирана на организирање на партискиот конгрес, кој треба да се одржи на 6 декември во Кавадарци. „Очекувам тоа да се случи во брзо време имајќи предвид дека локалните избори завршија“, рече Мицкоски, кој денеска беше на увид во Гази Баба.
Објавен е јавниот повик преку кој секој студент ќе добие 15.300 денари за набавка на електронски уред, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Тој ги повика сите студенти, за кои рече дека се околу 55.000 на број, да аплицираат. „Денеска е објавен јавниот повик и ги повикувам сите студенти да аплицираат, мислам дека се 55.000 на број. Тоа што го ветуваме тоа и го исполнуваме, 15.300 денари добива секој студент за набавка на електронски уред“, истакна премиерот. Мицкоски рече дека се чекало изборите официјално да завршат за да може да се објави повикот, кој ќе трае до 1 јануари 2026 година.…
