- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Министерката за образование и наука Весна Јаневска изјави дека ќе ја почитува секоја одлука на премиерот Христијан Мицкоски, доколку тој одлучи да има реконструкција на Владата и таа биде сменета од ресорот што го предводи. На новинарско прашање дали ќе остане во ресорот образование или ќе раководи со друг, Јаневска одговори дека одлуката за сите предлози за членови во Владата ја носи премиерот заедно со партиските органи. „На ова прашање веќе неколку пати сум одговарала и ќе повторам. Земјава има премиер кој го носи на својот грб најголемиот товар за позитивните промени кои се случуваат и допрва треба да се…
Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска изјави дека е внатрешна работа на ДУИ и СДСМ дали ќе прават кадровски освежувања по лошите резултати на локалните избори. Тој порача дека ВМРО-ДПМНЕ стои надвор од тие процеси. „Тоа е нивна работа. Јас како претседател на ВМРО-ДПМНЕ имав многу надворешни замешателства и кога бевме во опозиција, и периодот после оние Локални избори во 2021 година. Јас се водам по една стара максима, која што вели, не му правим на човека тоа што не сакаш тебе да ти прават“, рече Мицкоски. Премиерот додаде дека она што го интересира е сите подеднакво да…
Ако ги направиме уставните измени ќе бидеме најдобри. Тогаш сигурно ќе добиеме петка и ќе бидеме шампиони, фронтранери, па потоа ќе добиеме ново вето и нови проблеми, изјави премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи го Извештајот на Европската комисија (ЕК). Во Извештајот за напредокот на земјава за 2025 година, ЕК нотира дека С Македонија не направила обид за усвојување на уставните измени. И покрај оваа забелешка, Мицкоски вели дека е исклучително задоволен од Извештајот, бидејќи, како што рече, земјата не назадува. „Има стагнација во неколку области, знаеме сите кои, тоа е владеењето на правото, борбата против криминалот и корупцијата. Нонстоп зборувам дека…
Илјадници федерални вработени во САД се без плата од октомври, додека аеродромите се соочуваат со хаос поради блокадата на владата која влезе во рекорден 36-ти ден. Ова е веќе најдолгиот прекин на работата на федералните операции во американската историја, надминувајќи го и прекинот од пет недели за време на администрацијата на Доналд Трамп (2018-2019). Федералните трошоци се практично запрени, освен за агенциите кои се сметаат за неопходни. Ова предизвикува сериозни проблеми во секојдневниот живот – на аеродромите пријавувањето на патниците не се одвива вообичаено, а недостигот на контролори на летање доведува до откажување на бројни летови. Паралелно, граѓаните кои зависат…
Измамиле жена од Штип, ѝ ги прибавиле личните податоци, па во нејзино име аплицирале за седум потрошувачки кредити во седум различни финансиски друштва. Ова е само првиот дел од измамата. Како што соопшти МВР, откако ги добиле парите од кредитите во вкупен износ од 227.500 денари, тие продолжиле. 46-годишна жена од Велес, која е второпријавена, неовластено ги обезбедила и податоците од банкарската картичка на жртвата. Потоа, од банкомати во Велес и Штип, таа извршила 11 успешни трансакции и подигнала уште 214.000 денари. СВР Штип поднесе кривична пријава против П.С.(34) од Струга, кој е осуденик во затворот Идризово, и Т.К.(46) од…
ВМРО-ДПМНЕ е апсолутен победник на локалните избори, освојувајќи 54 општини и градот Скопје, соопшти на денешната прес-конференција членот на ЦК на партијата, Валентин Манасиевски. Според него, граѓаните ги препознале „чесните и искрените намери“ на партијата. „Историски промени и победи имаме во Кичево, Карпош и Струмица, издвојувавме големи победи и во Валандово, Дојран, Брвеница, Берово, Делчево, Демир Капија и Крушево, Пробиштип, Росоман, Старо Нагоричане и Чучер Сандево. Во останатите општини кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ убедливо победија, а победа имаме и на Орце Ѓорѓиевски во градот Скопје“, изјави Манасиевски. Тој оцени дека СДСМ доживеал „огромен дебакл“ и со освоени само 6 општини, 126…
Во осврт пред денешното објавување на извештаите за напредок, бриселскиот портал „Политико“ ги оцени земјите кандидати, при што на Северна Македонија ѝ даде факултетска „осумка“. Причина за оваа оценка е тоа што, и покрај промената на името во 2019 година, земјата останува попречена на патот кон ЕУ поради историскиот и јазичниот спор со Бугарија. „Иако се очекува во извештајот да се забележи одреден економски напредок и посилно усогласување на надворешната политика со ЕУ, генерално, бројчаникот не се помести многу од минатата година“, се наведува во текстот на „Политико“. Според порталот, најдобри оценки добиле Црна Гора („десетка“) и Албанија („десет минус“),…
Преговорите за пристапување на Северна Македонија во ЕУ остануваат блокирани сè додека не се исполни ветувањето за вклучување на Бугарите и другите групи во Уставот, стои во нацрт-заклучоците од новиот извештај за проширување, што ќе биде објавен денеска. Како што објави „Јуроњуз“, во извештајот Европската комисија од една страна го пофалува целосното усогласување на земјата со надворешната политика на ЕУ, но од друга, предупредува на блокадата. Извештајот, исто така, ја нагласил потребата од натамошен напредок во владеењето на правото, независноста на судството и борбата против корупцијата. Во овој контекст, „Јуроњуз“ потсетува на изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски…
Поранешниот директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ Струмица, сам си донел решенија за додаток на плата од 9.000 и 6.000 денари месечно, кои ги земал се до крајот на мандатот во 2024 година. Освен за себе, тој донел уште осум идентични решенија за додатоци на плата и за други вработени во претпријатието, предизвикувајќи вкупна штета од 864.520 денари. СВР Струмица поднесе кривична пријава против 57-годишниот З.Г. од Струмица за „злоупотреба на службената положба и овластување“, дело кое според полицијата го сторил во десет наврати. „Пријавениот, во својство на директор на Јавното претпријатие „Комуналец“ Струмица, на 04.08.2020 и 13.10.2021, без да биде…
Судењето против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол, и уште неколку вработени во затворот, денеска е одложено и презакажано за 12 ноември. Како што информираат од Судот, рочиштето е отповикано бидејќи јавниот обвинител известил дека не може да присуствува поради здравствени причини. Во исто време, од КПУ Затвор Скопје било примено известување дека „поголем дел од обвинетите треба да присуствуваат на погреб“. На Андов и на шестмина затворски полицајци им се суди под обвинение дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби. Тие претходно пред Судот рекоа дека не се чувствуваат виновни. Обвинети се за…
