- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
- Силна експлозија во близина на Волстрит
- Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
- Кривична против полицајци од Интервентна, употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице
- Тензии во воздухот: Руски ловци извршиле „опасни пресретнувања“ на британски авион над Црното Море
- Денот на пожарникарите скопската бригада го слави со сериозен недостиг на кадар
- Кривична за жител на Слупчане и државјанин на Турција, нелегално увезувале јод
- Работна средба на Муцунски со амбасадорот на ЕУ
Author: Author 01
Прогласувајќи победа во Кичево, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ рече дека народот се обиденил против раскалашеноста. -Падна Фатмир Дехари. Народот се обедини против раскалашеноста, недомаќинското работење и се докажа дека никој не е посилен од народот. Но и покажавме што можеме кога сме обединети. Таму соработувавме различни вери, различни припадници против оние кои го влечеа градот надолу. Ова ја отвора вратата дека можеме да се обединиме Македонци, Албанци, Турци, Роми, Власи, Бошњаци, и останати, христијани и муслимани, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ и другите околу вредностите и онаа политика којашто им е потребна на граѓаните. На ова треба да работиме. Победи соживотот и вербата во…
Претседателот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ објави апсолутна победа во вториот круг од локалните избори. Рече дека победник во трката за градоначалник на Град Скопје е Орце Ѓорѓиевски. -Победивме во Скопје, убедлива победа на Орце, рече Мицкоски. Победа прогласи и во Карпош, Аеродром, Чучер Сандево. -Беше живала борба, тешка борба, со многу предизвици. Се одлучуваше во 5 до 12, знаете дека не заслужува ниту името да му го спомнам тој противкандидат. Се обиде да профитира на националните поделби, на етничките поделби. Не успеа, поразен е. Брвеница останува Јоцо градоначалник, рече Мицкоски. Победа прогласи и во Кичево, Лозово, Могила, Македонски Брод, Росоман, Ранковце,…
Пратеничката од СДСМ Славјанка Петровска во гостувањето на Сител потврди дека веќе се поднесени две оставки на раководни позиции во партијата. -Ако јас се прашувам, мислам дека не беше моментот помеѓу два круга да се поднесуваат оставки и тоа треба да се елаборира во јавноста, зашто сметав дека целата енергија требаше да ја насочиме кон кандидатите на СДСМ кои влегоа во вториот круг, да им дадеме поддршка со сета сила. А ќе има време, еве изборите завршија, а од утре ќе има време да анализираме и да коментираме, рече Петровска.
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа во Пробиштип. Кандидатот на партијата, Тони Тоневски ќе стана нов градоначалник благодарение на предност од 25 гласа. Тој во вториот круг од локалните избори доби 4.156 гласа, а неговиот противкандидат од СДСМ, Драган Атансов има 4.131 гласа.
Според досега обработените податоци, покрај досега освоените три градоначалнички места во првиот круг, имаме победа во уште дополнителни три. Тоа се Центар, Македонска Каменица и Зрновци. Претседателот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конференција објави дека партијата досега освои шест градоначалници, а рече и дека очекуваат конечни резултати во уште неколку општини кадешто разликата е многу мала. Рече дека во изминатите две недели вршен бил огромен притисок врз сите кандидати на СДСМ во 17-те општини кадешто партијата влезе во вториот круг. -Не се бираа ниту средства, не се бираа ниту методи и тоа само говори дека се соочуваме повторно со истата…
Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Карпош Сотир Лукровски прогласи победа на изборите во оваа скопска општина. Преку видео на Фејсбук им се заблагодари на сите гласачи. -На 96% од избраните гласови од нашиот аналитички штаб имаме 1.263 гласови разлика и веќе можеме да ја објавиме победата во Карпош, рече Луковски.
ВМРО-ДПМНЕ прогласи победа на Александар Јовановски во Кичево. Таму веќе се слави победата. На избројани 94 од 119 избирачки места, според Државната изборна комисија, Јовановски е во предност пред Фатмир Дехари. Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ има 11.455 гласа, а Дехари 9.210 гласа.
Како никогаш досега во мирна фер и демократска атмосфера, без сериозни инциденти поминал изборниот процес. Ваква оценка на првата-прес конференција по гласањето во вториот круг даде министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски. Кажа дека во текот на денот полицијата регистрирала 30 настани, најголем дел во Скопје. Најчести биле пријавите за агитирање на гласачко место, неовластено присуство на гласачко место, случаи на поткуп и фотографија на гласачки ливчиња. Во 19 од 26 пријави не се потврдени кривични дела, остантите четири сѐ уште се обработуваат. -Изборниот процес се одвиваше без сериозни инциденти, без нарушување на јавниот ред и мир, рече Тошковски. Им…
Заблагодарувајќи ѝ се за дијаспората и до секој граѓанин, порпаролот на НАИ, Арбр Адеми оцени дека Коалицијата предводена од ДУИ успешно се соочила процес во кој државниот апарат брутално се вмешал. -Овие избори беа многу повеќе од локална трка. Тие беа тест на политичкиот и моралниот карактер на државата. Успешно се соочивме со нечесна и незаконска кампања кои го оцрнуваат процесот и ја нарушуваат еднаквоста на изборниот процес. Сведоци сме на масовно купување гласови, изборен асфалт, ноќно бетонирање, злоупотреба на јавните ресурси и брутална вмешаност на државниот апарат во корист на власта, рече Адеми. Вели, и покрај си те злоупотреби,…
Мирен и демократски го оцени ВРЕДИ процесот на гласање во вториот круг од локалните избори. „Процесот на гласање во вториот круг од локалните избори во целина се одвиваше во мирна и демократска атмосфера во сите општини во кои денес се одржа гласањето, вклучително и во општините каде што учествуваше коалицијата ВЛЕН“, изјави портпаролот на ВЛЕН, Дритон Сулејмани. Тој додаде дека според информациите од теренот, процесот се одвивал „без некои неправилности и во духот на граѓанска одговорност“. Од ВЛЕН изразија благодарност до граѓаните за „високата демократска култура“ и посочија дека очекуваат од Државната изборна комисија броењето на гласовите да се спроведе…
