- Тошковски на показната вежба во Автокоманда: Пожарникарите и полицајците секогаш заедно во заштита на граѓаните
- Се обидел добро да ги скрие но му ги најде кучето – царината му „изгоре“ 500.000 евра на Табановце
- Ѓорѓиевски со честитка за Денот на пожарникарите: Го завршивме спортскиот комплекс во Противпожарната бригада во Скопје
- МВР ја финализира анализата на електронските докази за големата истрага на ОЈО ГОКК за шпионажа во Кабинетот на претседателката
- Мицкоски: Градскиот воз ќе донесе брз и еколошки транспорт за скопјани
- Спасовски до Владата: Се тврди дека сме трета економија во Европа, а се задолжуваме со нови 260 милиони евра
- Честитка од Стефковски по повод Денот на пожарникарите: Противпожарната бригада на Скопје е гордост на цела Македонија
- Мицкоски од Ѓорче Петров: Инвестираме во нови училишни капацитети за подобар образовен процес на децата
Author: Author 01
Убедлива победа и удвојување на разликата помеѓу Орце Ѓорѓиевски и Амар Мециновиќ очекува владејачката ВМРО-ДПМНЕ. -Во првиот круг беше 3:1 разликата во соодност противкандидатот кој влезе во вториот круг, така што, очекуваме зголемување, би рекол и удвојување на таа разлика. Така што очекуваме убедлива победа во Градот Скопје, рече портапролот на партијата, Валентин Манасиевски на првата официјална прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ. Одговарајќи на новинарски прашања кажа дека очекува победа во сите општини каде партијата веќе има градоначалник, но не сакаше да лиферува со бројки за освоени градоначалнички места по вториот круг од локалните избори. -Ние очекуваме во секоја општина кадешто имаме…
Повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица, или 2.762 од вкупно 4.826, го искористиле своето право на глас до 16 часот, информира Државната изборна комисија (ДИК). Овие граѓани гласаат денеска, ден пред одржувањето на вториот круг од локалните избори. Според податоците на ДИК, во 14 казнено-поправни установи, каде право на глас имаат 1.256 лица, до 16 часот гласале 380 гласачи. Во установите за вонсемејна грижа, од 214 сместени лица, гласале 78. Од Комисијата информираат дека гласањето, кое започнало утринава во 7 часот, се одвива без прекини и инциденти во сите општини и во Градот Скопје. Претседателот на ДИК,…
Дијана Хрка, мајката на Стефан Хрка, кој загина при падот на бетонската настрешница на Железничката станица во Нови Сад точно пред една година, најави дека започнува штрајк со глад. Таа ја соопшти одлуката за време на комеморативниот собир во Нови Сад, барајќи одговорност за трагедијата во која загинаа 16 лица. „Ја започнувам оваа борба сама, со започнување штрајк со глад. Морам да знам кој го уби моето дете и кој уби 16 луѓе. Ќе штрајкувам со глад пред Градското собрание, спроти „Чациленд“ во Белград“, соопштила таа. Таа се заблагодари на сите кои даваат поддршка и упати политичка порака. „Се борам…
Гласањето на болните и изнемоштени лица, затворениците и лицата во старските домови се одвива непречено и без никакви проблеми. До Државната изборна комисија (ДИК) досега нема стасано пријава или информација за каков било застој, информираше денеска претседателот на ДИК, Борис Кондарко. Тој посочи дека ДИК е во постојан контакт со општинските изборни комисии и дека гласањето започнало навреме. „Тука во ДИК сме во текот на целиот ден, заедно со нашите координатори за контакт со општинските изборни комиси. Досега немаме известување за никакви потешкотии или други проблеми во однос на гласањето. Денеска гласањето започна на време за сите категории лица со…
Притисок од американски конгресмени врз поранешниот принц Ендру да ги открие своите врски со Епштајн
Членови на Надзорниот комитет на американскиот Конгрес, кој го истражува случајот со Џефри Епштајн, ги засилија барањата поранешниот британски принц Ендру да сведочи за неговите врски со починатиот и осуден сексуален престапник. Најмалку четворица демократи во комитетот ги обновија своите повици, иако панелот е контролиран од републиканците, кои засега не наведуваат дека ќе го поддржат тоа. Според Би-Би-Си, овие повици доаѓаат откако британскиот крал Чарлс во четвртокот му ја одзеде титулата „принц“ на својот брат, по повеќе месеци притисок околу врската на Ендру со Епштајн. Ендру Маунтбатен Виндзор отсекогаш негираше какво било кривично дело. „Ако сака да го исчисти своето…
Најмалку две лица се убиени, а повеќе од десет се повредени во пукање во планинското село Вориза на грчкиот остров Крит. Локалните медиуми известуваат за масакр и крвава „критска вендета“ меѓу две семејства. Селото е под силна полициска опсада додека трае акцијата за пронаоѓање на сторителите. Според грчките медиуми, на островот итно заминал и началникот на грчката полиција. Причина за пукањето, кое траело повеќе од еден час, е наводна одмазда за експлозивен механизам поставен синоќа пред куќа во изградба. Медиумите известуваат за хаос и паника, опишувајќи дека селото наликувало на воена зона. Повредените биле пренесувани во болници со земјоделски возила…
Две автоматски пушки, речиси 1.400 куршуми, делови од рачна бомба и 488 стебла канабис пронајде полицијата при претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца. Во врска со пронајдениот арсенал и дрога, уапсен е 48-годишниот Г.М. од охридското село Подмољје, кој го користел објектот. „На 31.10.2025, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВR Охрид го лишија од слобода Г.М.(48) од селото Подмољје, охридско. При претрес во поранешен угостителски објект во селото Мешеишта, општина Дебрца, кој го користел Г.М., извршен со судска нредба, пронајдени и одземени се вкупно 1357 парчиња муниција различен калибар, 488 стебла од растението Канабис, еден…
16-годишник од гостиварско село ноќеска итно е примен во Ургентниот центар во Гостивар поради труење со алкохол. Случајот во полиција бил пријавен од болницата во 02:45 часот. Според изјавата на неговата мајка дадена во полиција, малолетникот консумирал алкохол во угостителски објект во Гостивар. „На 01.11.2025 во 02:45 часот во ОВР Гостивар, од Ургентен центар Гостивар е пријавено дека кај нив е донесен малолетник затруен од консумирање на алхохол. Веднаш е постапено по пријавата и констатирано е дека се работи за 16- годишник од гостиварско и по кажување на неговата мајка алхохолот го консумирал во угостителски објект во Гостивар“, изјави портпаролот…
15-годишно девојче било физички нападнато од три други малолетнички во скопската општина Аеродром. Случајот во полиција синоќа го пријавила нејзината 57-годишна мајка. Според пријавата, напаѓачките ѝ биле познати на нејзината ќерка, а една од нив при нападот употребила и тврд предмет. За настанот е известен и јавен обвинител. „На 31.10.2025 во 21:00 часот во СВР Скопје, М.С.(57) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, нејзината 15-годишна ќерка била физички нападната од три малолетнички кои ги познавала, од кои едната употребила тврд предмет. За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за…
Мајка од Скопје синоќа пријавила во полиција дека нејзините две малолетни деца биле физички нападнати. Според пријавата, 15-годишниот син и 14-годишната ќерка биле нападнати од машко лице на подрачјето на Центар. Нападот се случил околу 18:30 часот, а бил пријавен два часа подоцна. „На 31.10.2025 во 20:20 часот во СВР Скопје, И.С.(36) од Скопје пријави дека околу 18:30 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот 15-годишен син и нејзината 14-годишна ќерка биле физички нападнати од едно машко лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.“
