Close Menu
Press24
    Најново

    Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија

    30.10.2026 во 23:51

    Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“

    30.10.2026 во 23:29

    Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино

    30.10.2026 во 23:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонец предизвика голема полициска акција во Швајцарија
    • Милијарди долари под знак прашалник: Хакери ја нападнаа најголемата криптоберза „Бајнанс“
    • Масовни протести и судири со полицијата во Италија: Осуммина уапсени, користени водени топови во Рим и Торино
    • Прво обраќање на Криста Пајк по неуспешната егзекуција: „Болката е и во мојот ум и во душата“
    • Илјадници луѓе на улиците на Франција по крвавиот масакр
    • САД наредија евакуација на дел од дипломатскиот персонал од Саудиска Арабија
    • Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски
    • УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

    ДИК: До 16 часот гласале повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица

    01.11.2025 во 18:111 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Повеќе од половина од пријавените болни и немоќни лица, или 2.762 од вкупно 4.826, го искористиле своето право на глас до 16 часот, информира Државната изборна комисија (ДИК).

    Овие граѓани гласаат денеска, ден пред одржувањето на вториот круг од локалните избори.

    Според податоците на ДИК, во 14 казнено-поправни установи, каде право на глас имаат 1.256 лица, до 16 часот гласале 380 гласачи. Во установите за вонсемејна грижа, од 214 сместени лица, гласале 78.

    Од Комисијата информираат дека гласањето, кое започнало утринава во 7 часот, се одвива без прекини и инциденти во сите општини и во Градот Скопје.

    Претседателот на ДИК, Борис Кондарко, изјави дека нема никакви проблеми ниту со изборниот материјал, ниту со изборните органи. Досега не се пристигнати забелешки, приговори или поплаки.

    Утре ќе се одржи вториот круг од локалните избори, кога 1.013.375 граѓани ќе гласаат за градоначалници во 32 општини и во Градот Скопје. Дополнително, ќе се гласа и на три избирачки места во Шуто Оризари за советници.

    Прочитај повеќе

    Врховниот суд ја потврди казната: 12 години затвор за Стојанче Јовановски

    30.10.2026 во 22:37

    УХМР со најнови мерења: Еве каде е најстудено вечерва во Македонија

    30.10.2026 во 22:18
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.