- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
- Силна експлозија во близина на Волстрит
- Пијан малолетник во Градски парк бил агресивен кон полицајци
- Кривична против полицајци од Интервентна, употребиле прекумерна физичка сила врз приведено лице
- Тензии во воздухот: Руски ловци извршиле „опасни пресретнувања“ на британски авион над Црното Море
Author: Author 01
Три другарки тепале девојка во Неготино. 31-годишната Д.Б. Завршила во болница каде ѝ биле констатирани повради. „Денеска во два часот, полициски службеници од ОВР – Неготино ги приведоа 34-годишната Б.Џ., 26-годишната С.К. и 31-годишната С.Д., сите од овој град, затоа што на улица „Даме Груев“ во градот, го нарушиле јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Џ. и С.Д. од една страна и С.К. и 31-годишната Д.Б. од Неготино, од друга страна, при што Д.Б. се здобила со повреди, констатирани во медицинска установа, велат од СВР Велес. По целосно документирање на настанот, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.“,…
Пиеле, се скарале, па половина час го тепал со шипка: Детали за убиството во Дојран Седеле на скали, пиеле заедно, се скарале, па со шипка го тепал половина час. 55-годишник од село Сретево е осомничен за убиство на 53-годишник од Богданци. Како што соопшти Јавното обвинителство, инцидентот се случил во саботата претпладне пред кафеана во дојранско Сретово. 55-годишникот со умисла го убил Никола Тимев. „Сега починатиот Никола Тимев инаку претходно бил негов пријател со кого заедно седеле на скалите и пиеле, но во еден момент меѓу нив настанала вербална расправија која преминала во физичка пресметка. Осомничениот најпрво го удирал оштетениот…
Директорка на средно училиште која во електронска комуникациска група споделила содржина од политичка партија и изборен плакат, со молба за поддршка на кандидат, ќе биде процесуирана од Јавното обвинителство. Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) на денешната седница информираше дека, постапувајќи по пријавата, утврдила оти надлежен орган за понатамошно постапување е токму Јавното обвинителство. Антикорупциска на истата седница затворила неколку други пријави поврзани со изборите, бидејќи не утврдила прекршувања. Меѓу нив е и пријавата за избор на професор за проректор на универзитет, каде е утврдено дека лицето веќе имало работен однос, што не се смета за ново вработување. Затворена…
Локалните избори во 2025 година ќе останат забележани како избори со историски најнизок одѕив на гласачите од независноста на државата. Првпат излезноста беше под 50 отсто во двата круга. Според податоците на ДИК, во првиот круг гласале 48.30% од избирачите, а во вториот круr, според првичните податоци, само 41,24%. Ова е продолжување на трендот на постојан пад на излезноста што се бележи од 2013 година, кога е регистриран и најголемиот одѕив. Тогаш во првиот круг гласале 67%, а во вториот 65%. Веќе во 2017, излезноста во прв круг падна на 60% (втор 52%), а во 2021 на 50,57% (втор 50,69%),…
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски отиде во Брвеница и се приклучи на прославата на Јовица Илиевски кој беше реизбран за градоначалник. -Во Брвеница останува Јовица градоначалник, вечерва не славиме против некого, славиме за Македонија. Славиме за новата енергија што ја движи државата напред, за работата, за ред, за одговорност. Секој глас што го добивме е доверба, но и обврска. Да покажеме дека чесноста и трудот победуваат, дека политиката може да има достоинствено лице, и дека Македонија може да биде пример на соживот, ред и напредок!, вели Мицкоски. На прес-конференцијата во партиското седиште рече дека по нејзиното завршување ќе се упати…
Скопје е ослободено, кажа новиот градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски откако симболично помина под Триумфалната капија, а поддржувачи го пречекаа со факели. -Вечерва, не победив само јас. Победивте вие. Скопје победи!Победи идејата дека овој град може да стане место на достоинство, ред и иднина. Победи народот кој реши да се спротивстави на неправдата, нашиот горд народ кој никогаш не се откажува!, рече Ѓорѓиевски преку социјалната мрежа Фејсбук. Најави дека борбата не завршува, туку само што почнала. „Влегуваме во ново време, време на работа и на дела, не на изговори. Ние нема да застанеме додека секој човек не се чувствува горд…
Коалицијата ВЛЕН вечерва објави дека е втора политичка сила во државата, соопштувајќи „убедлива победа“ во сите општини каде што имаа кандидати во вториот круг. Башким Бакиу, кој беше кандидат на Коалицијата за градоначалник на Град Скопје на завршната прес-конференција рече дека ВРЕДИ издвојува победа од над 5.000 гласови во ТЕтово, но и убедливи победи во Боговиње, Струга, Дебар и Долнени. По објавувањето на овие резултати, Бакиу му порачаа на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, да поднесе оставка, а неговата партија да се реформира, бидејќи „деструктивните политики на ДУИ повеќе не поминуваат“. „Освоивме убедлива победа каде што имавме кандидати во вториот…
Заблагодарувајќи им се на сите поддржувачи на Левица и сите неопределени кои гласаа за него, Амар Мециновиќ ги повика гласачите на СДСМ да застанат зад контингентот на Левица. -Сметам дека браната е пукната и дека ние сме вашата опција. Ве повикувам да останете зад контингентот на Левица затоа што Левица е опозицијата на ВМРО-ДПМНЕ, рече Мециновиќ.
Вечерва обзнанувам дека сме прва партија, дури и пред ВМРО-ДПМНЕ во Центар, во Карпош и во урбаниот дел од Аеродром, рече претседателот на Левица, Димитар Апасиев на вечерашната прес-конференција. -По којзнае кој пат балистичко-врховистичката коалиција потфрли и ВРЕДИ ги зафркна ДПМНЕ насекаде кадешто очекуваа нивни гласови. За возврат на кусогледоста на Мицкоски, курбан отиде Западна Македонија. Патриоти, продолжете да си го гласате Мицкоски, рече Апасиев. Анализирајќи ги изборните резултати кажа дека 66% од неопределените граѓани не излегоа да гласаат. -Тоа е многу неинтелигентно решение со ваков изборен модел. Или да објасниме пластично: Две третини од скопјаните не гласаа, една третина…
Во Скопје нѐ чека многу работа, рече победникот на трката за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на бина пред штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Вети дека макотрпно ќе работи да се решат проблемите во Градот. -Иако беше напорен период, беше тежок период, се собираа, се групираа, разни коалиции правеја, покажавме дека Скопје е вистински обединето и сите заедно денеска ги поразивме на куп, рече Ѓорѓиевски.
