Author: Author 01

Се бара решение за иднината на 550-те вработени во подружницата на „Лукоил“ во Македонија, откако матичната руска компанија одлучи да го продаде имотот во странство поради американските санкции за нафта. Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ), Марко Бислимоски, денеска изјави дека локалната компанија може да продолжи со работа доколку се преориентира. Според него, „Лукоил Македонија“ не мора да се снабдува со деривати од руски рафинерии. „Имав средба со претставникот на Лукоил Македонија и тој ќе ги преземе сите мерки за тие луѓе да не останат без работа. Значи, Лукиол може и понатаму да работи и да обезбедува нафтени деривати.…

Повеќе

23-годишна жена од Кавадарци е уапсена утрово во Скопје, под сомнение дека околу полноќ физички го нападнала своето шестмесечно бебе. Според полициските информации, инцидентот се случил во семејниот дом. Бебето веднаш е пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје за укажување на лекарска помош. „Денеска (10.11.2025) во 06:10 часот во скопско, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода 23-годишна жена од Кавадарци. Таа се сомничи дека околу 00:37 часот во семејниот дом физички го нападнала нејзиното шестмесечно бебе, кое е пренесено во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје за укажување на лекарска помош. Се преземаат за расчистување на случајот,…

Повеќе

Почина д-р Христијан Писевски – специјалист гастроентерохепатолог. Оваа информација ја објави Клиниката Жан Митрев кадешто докторот работеше. -По долго боледување почина д-р Христијан Писевски-специјалист гастроентерохепатолог. Тој беше посветен лекар и голем професионалец во својата област. Како драг колега ќе остане во нашите сеќавања, велат од Жан Митрев.

Повеќе

Ние се доведовме во ситуација во 21-ви век да зборуваме за елементарни работи. И навистина сето тоа делува помалку и комично, вели премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. -Но кога некои работи треба да се направат, мора да се направат. Како што кажа градоначалникот за време на кампањата, тој вчера во рекордно време успеа да ги мобилизира сите капацитети. Им благодарам на општествено-одговорните компании кои се вклучија во акцијата. Вчера беше навистина сето тоа убаво и една ваква робусна акција. Денеска можевме да видиме дека контејнерите се празни, чисти, дека немаме прелевање, како што беше случај, рече тој. Мицкоски…

Повеќе

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска изврши увид во два значајни проекти за железничкиот сообраќај – новата делница за товарен превоз Драчево-Илинден и првата фаза од градскиот воз. Николоски појасни дека со новата делница, товарните возови повеќе нема да мораат да минуваат низ центарот на градот преку новата железничка станица. „На увид сме на два значани проекти. Првиот кој што се однесува на товарниот превоз, нешто што е срцето на железничкиот сообраќај во Македонија… Со овој потег кој што почнува да се работи од Драчево ќе се оди дирекно Илинден, односно товарните возови нема веќе да има потреба…

Повеќе

До понеделник се очекуваат поинтензивни врнежи во форма на невреме, со пообилен пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи, предупредува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Причина за оваа промена е влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, која ќе донесе променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Од УХМР прецизираат дека врнежите повремено ќе бидат пообилни, при што локално се очекува да наврнат над 30 литри на метар квадратен за 24 часа. Стабилизирање на времето и престанок на врнежите се очекува од вторник.

Повеќе

Од Зелениково до центарот на Скопје ќе се стигнува за 25 минути, а од Драчево за само 11 минути, предвидува проектот за градски воз чија прва фаза започна денеска. Клучно за успехот на проектот ќе биде да се направи перфектна синхронизација на возниот ред на возот со автобусите од градскиот сообраќај, за патниците да можат веднаш да бидат прифатени и превезени до други дестинации низ градот. Директорот на Железници транспорт Синиша Ивановски, градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски и министерот за транспорт Александар Николовски, денеска беа на увид во Драчево, каде започнаа работите на првата делница, од Зелениково до Железничката станица…

Повеќе

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, најави 60 дополнителни приватни автобуси кои ќе бидат ставени во функција за да се решат проблемите со нефункционалните линии и гужвите во јавниот превоз. Ова е дел од новиот пакет мерки за подобрување на транспортот во главниот град. Ѓорѓиевски најави и дека БРТ системот ќе биде вклучен во ребалансот на буџетот. „Имаме средба со приватните превозници по овој настан. Како што најавив, ќе бидат ставени во функција 60 приватни автобуси дополнително кои ќе го олеснат транспортот на нашите сограѓани. Во ребалансот ќе влезе и БРТ системот,“ изјави Ѓорѓиевски. Тој нагласи дека за решавање на сообраќајниот…

Повеќе

Новоизбраниот градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски на конститутивната седница во Советот рече дека денес стои пред почетокот на едно ново, убаво поглавје за нашиот град. -Оваа прва конститутивна седница на Советот на Град Скопје е чин каде што испраќаме силна порака дека демократијата живее преку одговорноста, соработката и визијата за подобро Скопје. Овој Совет, избран со доверба од граѓаните, има историска задача да го насочи Скопје кон стабилен, функционален и одржлив развој. Да покаже дека кога политиката ќе ги стави интересите на граѓаните пред сè, резултатите се видливи, конкретни и трајни. Нема време за експериментирање, туку за работа. Работа…

Повеќе

Бројот на жртви од пожарот во Домот за стари лица во Тузла се искачи на 13, откако синоќа во болница почина уште една пациентка која беше хоспитализирана со тешки повреди. По пожарот, во УКЦ Тузла беа примени вкупно 30 лица. Во моментов на лекување се уште 13 пациенти, од кои тројца се на Клиниката за анестезиологија и реанимација, при што еден е на респиратор. Шест пациенти се на Клиниката за белодробни заболувања, тројца на Клиниката за интерни болести и еден на Клиниката за урологија. Обдукцијата на 11 од жртвите покажала дека смртта е последица на задушување, додека телото на едно…

Повеќе