Close Menu
Press24
    Најново

    Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани

    30.10.2026 во 17:19

    Истрага за разбојништвата во Хром и Ѓорче Петров: Обвинителството бара нов притвор од 48 часа за четворицата осомничени

    30.10.2026 во 17:14

    Јегуновце: Го нападнал сопствениот син по кратка расправија, полицијата го приведе

    30.10.2026 во 17:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани
    • Истрага за разбојништвата во Хром и Ѓорче Петров: Обвинителството бара нов притвор од 48 часа за четворицата осомничени
    • Јегуновце: Го нападнал сопствениот син по кратка расправија, полицијата го приведе
    • Два месеца крадел на подрачјето на Гостивар, полицијата приведе 38-годишник
    • Апсења во Скопје
    • Паднаа двајца полицајци од Радовиш: Навеле лажни податоци во службен извештај за контролирани возила
    • Драма кај трговски центар во Тетово: Малолетници нападнале и ограбиле 62-годишен маж – едниот го повредил со остар предмет
    • Двајца малолетници паднале од електричен тротинет – едниот со тешки повреди
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Одложено судењето за Филип Андов – Сокол и неколкуте вработени во затворот Шутка

    Одложено судењето за Филип Андов – Сокол и неколкуте вработени во затворот Шутка

    04.11.2025 во 12:052 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судењето против поранешниот директор на Истражниот затвор во Шутка, Филип Андов – Сокол, и уште неколку вработени во затворот, денеска е одложено и презакажано за 12 ноември.

    Како што информираат од Судот, рочиштето е отповикано бидејќи јавниот обвинител известил дека не може да присуствува поради здравствени причини. Во исто време, од КПУ Затвор Скопје било примено известување дека „поголем дел од обвинетите треба да присуствуваат на погреб“.

    На Андов и на шестмина затворски полицајци им се суди под обвинение дека овозможувале спровод на осуденици за приватни потреби. Тие претходно пред Судот рекоа дека не се чувствуваат виновни.

    Обвинети се за злоупотреба на службената положба, а дел само за несовесно работење во службата.

    Според Обвинителството, тие во период од март до јули 2024 година, им овозможиле на петмина осуденици погодности што не им следувале.

    „Тие дозволиле осудените да бидат спроведени до нивните домови и до други локации за приватни потреби спротивно на постапката за спроведување на лица лишени од слобода вон установа“, се вели во соопштението од Обвинителството од јули годинава.

    Постапката за еден од обвинетите е раздвоена поради здравствени причини. Истрагата првично беше отворена во февруари против десет лица, но за две лица е донесено Решение за отфрлање поради немање докази.

    Прочитај повеќе

    Над 70 илјади пријавени за бесплатна вакцинација против грип, вакцинирани над 6.200 граѓани

    30.10.2026 во 17:19

    Истрага за разбојништвата во Хром и Ѓорче Петров: Обвинителството бара нов притвор од 48 часа за четворицата осомничени

    30.10.2026 во 17:14
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.