Close Menu
Press24
    Најново

    Мицкоски: Опозицијата нема единствен став за барањата за Изборниот законик

    10.07.2026 во 17:23

    Крадел додека бил на викенд отсуство од затвор, па го вратиле зад решетки

    10.07.2026 во 17:14

    Во акцијата во Драч приведен осомничениот за убиството на офицерот на АРМ во скопско Батинци

    10.07.2026 во 16:58
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Мицкоски: Опозицијата нема единствен став за барањата за Изборниот законик
    • Крадел додека бил на викенд отсуство од затвор, па го вратиле зад решетки
    • Во акцијата во Драч приведен осомничениот за убиството на офицерот на АРМ во скопско Батинци
    • Ќе се испитува безбедноста на игралиштето во Гостивар каде што 14-годишно девојче почина по пад од лулашка
    • Во студентски дом само до 30 години
    • Мицкоски: Парламентарното мнозинство на ВМРО-ДПМНЕ се зголемува на 59 пратеници, се приклучи и ДПТМ
    • Мицкоски: Работиме на построги критериуми за увоз на млеко во прав и палмино масло со цел заштита на домашните фармери
    • МВР и Интерпол во заедничка акција: Паднаа двајца членови на Беланоца
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Кос: Посветени сме на вклучување на Албанија во Европската Унија

    Кос: Посветени сме на вклучување на Албанија во Европската Унија

    17.11.2025 во 12:572 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Денешниот ден е посебен и за Албанија и за ЕУ, бидејќи покажува дека понудата на Унијата дава резултати, изјави еврокомесарката Марта Кос по одржувањето на седмата Меѓувладина конференција, на која беа отворени преговорите по последниот, Кластер 5.

    Овој кластер се однесува на „Ресурси, земјоделство и кохезија“.

    „Овој успех не би бил можен без цврста политичка посветеност на Албанија и со силен ангажман на сите земји членки на ЕУ за поддршка на албанскиот напредок. Ние сме посветени на вклучување на Албанија во Европската Унија“, рече Кос.

    Според неа, Албанија е најдобар пример за трансформативната моќ на проширувањето.

    „Таа е инспирација за многумина на Западниот Балкан и за многу граѓани кои би сакале да ја видат истата решителност и промени во нивните земји“, додаде Кос.

    Таа нагласи дека вистинската награда е затворањето на кластерите, за што треба да продолжат реформите во правосудството, борбата против корупцијата и слободата на медиумите.

    Албанскиот премиер Еди Рама истакна дека отворањето на последниот кластер до неодамна изгледаше невозможно, но е остварено со жестока борба.

    „Патот низ кој поминавме ни покажаа нешто многу важно. Никогаш не земајте ништо здраво за готово во Брисел. Дури кога овде се насмевнуваат, не го земајте тоа здраво за готово, затоа што насмевката може за миг да исчезне од нивните лица. Затоа продолжете и работете напорно и одговорете во секоја околност со понизност и со резултати“, рече Рама.

    Тој додаде дека Албанија ќе продолжи да работи според планот за завршување на преговорите во текот на 2027 година.

    Прочитај повеќе

    Драма на македонското небо: Мотор се откачил на авион на „Рајанер“, повреден Србин

    10.07.2026 во 12:37

    Објавена е мапа: Ова се најкритичните места во Грција каде живее рибата-зајак

    09.07.2026 во 14:41
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.