- Иднината пристигна: Кина го пушти во работа првиот подводен дата-центар со вештачка интелигенција
- Хороскопски знаци кои глумат дека ништо не ги повредува
- Николоски: Во 2031 година ќе имаме брза пруга од граница со Србија до граница со Грција
- Дипломатска офанзива: Иран го разгледува новиот американски предлог по посетата на пакистанскиот посредник
- Филипче: Стравот што го продава власта е лажен – ЕУ не го загрозува македонскиот идентитет
- Али Ахмети се сретна со Рокас
- Филипче оствари средба со хрватскиот главен преговарач на Хрватска за ЕУ
- Николоски: За непречено движење во земјите од Шенген зоната, транспортерите ќе можат да извадат виза во Хрватската амбасада и нивните ДКП
Author: Author 01
Мировниот план на САД за Украина, кој според многумина носи „руски потпис“, е директен резултат на блиската соработка помеѓу американскиот претставник Стив Виткоф и Кремљ, анализира „Скај њуз“. Извештајот открива шокантни детали за активностите на Виткоф, кој наводно го советувал советникот на Путин, Јуриј Ушаков, како да манипулира со Доналд Трамп. Тој дури и го информирал рускиот функционер за претстојната посета на Зеленски на Белата куќа пред таа да се реализира. „Скај њуз“ го опишува Виткоф како еден вид „корисен идиот“ кој заедно со руските колеги го составил контроверзниот предлог со кој сега се врши притисок врз Киев. И покрај…
Загрижувачки тренд на пронаоѓање кучиња со активен микрочип и јасно утврдени сопственици е регистриран на скопските улици, предупредуваат од Јавното претпријатие „Лајка“. Иако сопствениците се идентификувани, дел од нив одбиваат да ги преземат своите миленици, со што директно создаваат притисок врз капацитетите на прифатилиштето. Само во последниот период биле заловени девет такви кучиња кои газдите свесно ги напуштиле. Од претпријатието посочуваат дека секое вакво куче претставува потенцијален извор на нови легла на улица, што дополнително го зголемува бројот на бездомни животни. Иако напуштањето миленик е кршење на Законот за заштита и благосостојба на животните, од „Лајка“ укажуваат на системски недостаток…
Група дрвокрадци синоќа во Прилеп намерно предизвикале судир со службено возило на Шумската полиција во обид да избегаат од местото на настанот. Заменик-директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов, потврди дека инцидентот завршил со приведување на две лица на самото место, додека по други две лица, кои се веќе идентификувани, се трага. Возилата што ги користеле сторителите, како и бесправно исеченото огревно дрво, се одземени и предадени во подружницата „Црн Бор“ – Прилеп. Увид на местото извршила екипа на МВР доцна во ноќта. „Инаку се работи за добро познати дрвокрадци за кои и претходно има поднесувано пријави за дела поврзани…
Премиерот Христијан Мицкоски денеска остра реагираше на изјавата на јавниот обвинител Љупчо Коцевски, кој тврди дека иницијативата за негово разрешување е политички мотивирана. Според Мицкоски, аргументите за работата на обвинителството се видливи за целата јавност. Премиерот смета дека Коцевски имал шанса да направи промени, но за жал, не ја искористил. „Ние не очекуваме од јавниот обвинител да каже, да виновен сум, не успеав во својата работа. Едноставно тоа е очекувано што тој го кажува. Така што, аргументите, еве јавноста ги гледа, јавноста сведочи за неговата работа, за работата на Обвинителството, на судовите. Повторно ќе кажам, малкумина за жал, и тоа…
Општина Липково доби неповолно мислење од Државниот завод за ревизија за финансиските извештаи за 2024 година поради низа неправилности во работењето. Ревизорите констатираа дека иако се инвестирани 265 милиони денари државни пари во водоснабдителен систем, тој не испорачува вода до сите населени места. И покрај големата инвестиција, во три од единаесетте населени места се уште нема изведено водоводна мрежа и нема приклучоци до крајните корисници, што ја доведува во прашање функционалноста на системот. Дополнително, утврдено е дека изградбата на улици и поплочувањето со бекатон се врши без соодветна планска документација и без издадени одобренија за градење, при што општината набавува материјали, а…
Спуштање на постудена воздушна маса од север ќе донесе значителна промена на времето во четврток, кога на планините дождот ќе премине во снег, а дневните температури ќе опаднат за четири до шест степени во споредба со утрешните. Според Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), од утре до сабота земјава ќе биде под влијание на циклонска активност која ќе донесе претежно облачно време со дожд. Врнежите ќе бидат поинтензивни во текот на утрешниот ден и во четврток, кога се очекува да наврнат над 25 литри на метар квадратен за 24 часа. Слична ќе биде состојбата и во Скопје, каде до сабота ќе…
Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека во „не толку далечна иднина“ ќе разговара со претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, среде засилените шпекулации за можен американски напад врз оваа латиноамериканска земја. Трамп одби да ги открие деталите за претстојниот разговор, но нагласи дека има „нешто многу конкретно да каже“, повторувајќи ги обвинувањата за трговија со дрога против венецуелскиот лидер. Тензиите меѓу двете земји ескалираа откако во август САД наредија воено распоредување на Карибите. Според податоците, американската војска досега извела 21 напад врз бродови наводно натоварени со дрога, при што загинале 83 лица. Трамп сигнализираше дека цел на нападите може да бидат…
Објавувањето на точките од американскиот мировен план првично предизвика чудење, бидејќи сè премногу наликуваше на принудување на Украина на капитулација. Се добива впечаток дека наместо планот „Виткоф-Дмитриев“, го читаме планот „Дмитриев“ – каде Украина мора да направи сè, а Русија ништо. Во својата анализа, хрватскиот портал „Индекс“ пишува дека не може да се смета за сериозна точката во која „РФ и Украина се обврзуваат да не ги менуваат идните територијални договори со насилни методи“, со оглед на тоа што Русија повеќепати ги има прекршено сопствените договори. Службената потврда од Трамп дека САД сакаат Украина да го потпише рамковниот договор до…
Тринаесетгодишник кој се водел како исчезнат цели осум дена е пронајден доцна синоќа од страна на скопската полиција. Станува збор за малолетникот А.Х., за кого на 12 ноември било пријавено дека самоволно се оддалечил од Јавната установа за згрижување деца каде што бил сместен. Полициски службеници од СВР Скопје го лоцирале синоќа, околу 40 минути пред полноќ, по што тој е вратен во установата. „На 20.11.2025 во 23:40 часот полициски службеници од СВР Скопје го пронајдоа А.Х.(13), за кој на 12.11.2025 од Јавна установа за згрижување деца беше пријавено дека се оддалечил од установата. Малолетникот е предаден на установата.“, велат…
Прекинат е сообраќајот кон граничниот премин Меџитлија, поради сообраќајна несреќа, информира Авт омото сојузот на Македонија. „Во 20 часот на кракот А-3, Битола – Државна граница со Грција, во близина на крстосница за село Бистрица и село Оптичари, се случи сообраќајна незгода. Сообраќајот на патниот правец Битола – Државна граница е во прекин и се пренасочува низ селата Бистрица и Породин“, соопшти АМСМ.
