Close Menu
Press24
    Најново

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    20 години од смртта на Наско Џорлев

    28.10.2026 во 23:19

    Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво

    28.10.2026 во 23:02
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ
    • 20 години од смртта на Наско Џорлев
    • Тешко повредени двајца млади велешани, со автомобил удриле во дрво
    • Ноа Вaјл прогласен за најсексипилен маж
    • Пет планети се ретроградни, еден знак особено ќе ја доведе во прашање љубовта
    • Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата
    • Пет намирници што жените над 50 години треба почесто да ги јадат
    • Неочекуван потег од Брисел: Канада останува без здруженото членство во европските механизми
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Зеленски: Само претседателот Трамп има доволно моќ да стави крај на оваа војна

    Зеленски: Само претседателот Трамп има доволно моќ да стави крај на оваа војна

    20.11.2025 во 09:591 Min Read
    ФОТО: Facebook/Володимир Зеленський
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Само претседателот Трамп и САД имаат доволно моќ да стават крај на оваа војна, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган во Анкара.

    Зеленски нагласи дека САД имаат одлучувачка улога во напорите за запирање на руската агресија, потенцирајќи дека Украина го поддржува „секој силен и фер предлог насочен кон ставање крај на војната“.

    Овие изјави доаѓаат во време кога светските медиуми пренесуваат дека Вашингтон и Москва работат на нов мировен предлог. Според шпекулациите, планот би можел да бара значителни отстапки од Киев, вклучително и потенцијално отстапување на дополнителна територија.

    „Детално разговаравме за реалните начини да се доведе војната до сигурен и достоинствен крај“, посочи Зеленски, заблагодарувајќи му се на Ердоган за дипломатските напори.

    Паралелно со дипломатијата, во Киев престојува и американска воена делегација. Украинскиот министер за одбрана, Денис Шмихал, остварил средба со секретарот на Армијата на САД, Даниел Дрискол, информирајќи го за напредокот на Украина во развојот на дронови. Делегацијата, во која има и генерали, се очекува да се сретне со Зеленски по неговото враќање во земјата.

    Прочитај повеќе

    Брнабиќ тврди дека се подготвува апсење на Вучиќ

    28.10.2026 во 23:42

    Патници на луксузен крузер останаа заглавени во Камбоџа поради драстичниот раст на цените на горивата

    28.10.2026 во 22:17
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.