Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нема листи на чекање во градинките во Центар – проблем останува недостигот од кадар
    • Хорор го потресе светот – Мајка се обидела да ги убие своите две деца и сопругот
    • Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе
    • ВРЕДИ: Нови можности за студентите, библиотеката „Кочо Рацин“ добива универзитетски статус
    • Трамп застана на страната на Русија – го брани Путин
    • Три дена одмор пред нас: УХМР со временска за продолжениот викенд
    • Се очекува температурата да падне до -40 степени – Градовите во оваа земја веќе се покриени со снег
    • Двајца мажи се борат за живот – со стапови брутално ги тепале по глава, хорор во соседството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Финансии: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“

    Финансии: Нема промени во делот на наплата на ДДВ при прием на пратки од „Тему“

    20.11.2025 во 10:391 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при приемот на пратките нарачани од странство, вклучително и оние од платформата „Тему“, и покрај новите измени на Законот за данок на додадена вредност (ДДВ).

    Министерството за финансии појасни дека усвоените измени нема да влијаат на начинот на преземање на пратките,бидејќи кај платформите како „Тему“ данокот е веќе пресметан во цената на производот.

    „Пратките кои граѓаните ги порачуваат од ТЕМУ и досега имаа пресметан ДДВ во цената на производот. Истата практика продолжува и по измените на законот – ДДВ ќе остане вкалкулиран во цената на производот, како и досега. Тоа значи дека граѓаните нема да плаќаат ништо дополнително при прием на пратката, ниту ќе има нова обврска за уплата“, информираат од Министерството.

    ДДВ-то што е наплатено при купувањето, кон државата го уплаќа овластениот шпедитер или поштенски оператор со кој платформата има договор.

    Собранието веќе ги изгласа измените со кои се укинува ослободувањето од ДДВ за онлајн пратки со вредност до 22 евра. Целта е да се спречат злоупотребите каде што се увезуваше стока ослободена од данок, која потоа се препродаваше на домашниот пазар, создавајќи нелојална конкуренција.

    Прочитај повеќе

    Нема листи на чекање во градинките во Центар – проблем останува недостигот од кадар

    21.10.2026 во 10:17

    Македонската полиција влезе во домот на младо момче – Веднаш го приведе

    21.10.2026 во 10:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.