По празникот 11 Октомври – Денот на народното востание, кој годинава се одбележа во недела, следува нов неработен ден за сите граѓани, 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба. Бидејќи празникот се паѓа во петок, граѓаните ќе имаат можност за продолжен викенд.
Според прогнозата на УХМР, времето за продолжениот викенд за жал нема да ни се погоди. Променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд се очекува во петок и недела, додека сабота ќе донесе повеќе сончеви периоди и температури до 23 степени.
Во петок претпладне ќе има повремени локални врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, кој долж Повардарието повремено ќе биде засилен. Минималните температури ќе се движат од 5 до 12 степени, а максималните ќе достигнат од 12 до 22 степени.
Во сабота времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, а утринските температури ќе се спуштат од 1 до 12 степени. Дневните ќе достигнат од 15 до 23 степени.
Во недела повторно се очекува променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд. Ветерот ќе биде слаб до умерен и ќе дува од јужен правец. Минималната температура ќе се движи од 3 до 11 степени, додека максималната ќе биде во интервал од 14 до 21 степен.

До крајот на 2026 година останува уште еден неработен ден за сите граѓани – 8 Декември, кога се одбележува празникот „Св. Климент Охридски“. Овој ден се паѓа во вторник.
Така, до крајот на годината граѓаните ги очекуваат уште два неработни дена, од кои октомврискиот празник носи продолжен викенд.

