Close Menu
Press24
    Најново

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Отворен нов дом на Црвениот крст во Гази Баба: Општината обезбеди нови простории за хуманитарците

    19.10.2026 во 22:32
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • СДСМ: Минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот
    • Танкер гори во Ормутскиот теснец: Носел нафта и удрил во мина
    • Андоновски од Сеул: Вештачката интелигенција не смее да биде привилегија само на богатите држави
    • Маск ги ограничи сателитските услуги за Украина
    • Хорор за скопјанка: Екс-партнерот ја истепал и ја оставил без телефон и паричник
    • Дневен хороскоп: Финансиите во фокус за Овните, нови можности за Девиците
    • Пожар по полноќ во Аеродром – Пожарна и полиција веднаш на терен
    • Семејна драма во Македонија: Ја истепал сопругата па сам се пријавил во полиција
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот

    СДСМ: Минималната плата не ги покрива ниту основните трошоци за живот

    21.10.2026 во 09:252 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Од СДСМ обвинуваат дека работниците во Македонија сè потешко ги покриваат основните животни трошоци, додека минималната плата не е доволна ниту за основните потреби на едно четиричлено семејство.

    Според податоците што ги посочува партијата, само за храна и пијалаци во октомври биле потребни 26.170 денари, што е речиси 2.000 денари повеќе во споредба со јануари. Потрошувачката кошничка надминува 70.000 денари, а со трошоците за станбено живеење износот надминува 90.000 денари.

    Од СДСМ наведуваат дека од вкупно 540.000 вработени, околу 180.000 земаат месечна плата пониска од 31.200 денари. Тоа, според партијата, значи дека приближно една третина од работниците се соочуваат со приходи под прагот на сиромаштијата.

    „Овие луѓе одат на работа, работат, вложуваат труд и немаат доволно за достоинствен живот – буквално живеат во сиромаштија“, се наведува во партиското соопштение.

    Од СДСМ ја критикуваат и најавената можност за ангажирање странски работници, оценувајќи дека наместо да се работи на зголемување на домашните плати и подобрување на животниот стандард, се отвора простор за увоз на работна сила.

    Партијата ги посочува изјавите за можен ангажман на 50.000 економски работници, бројка што му ја припишува на Николовски, како и изјавата на премиерот Христијан Мицкоски за повеќе од 100.000 работници.

    Од СДСМ директно ја обвинуваат актуелната власт дека не презема доволно мерки за подобрување на стандардот на работниците и порачуваат дека ниските плати и растечките трошоци за живот остануваат сериозен проблем за голем број семејства во земјава.

    Just In Top News
    Прочитај повеќе

    Андоновски од Сеул: Вештачката интелигенција не смее да биде привилегија само на богатите држави

    21.10.2026 во 09:19

    Хорор за скопјанка: Екс-партнерот ја истепал и ја оставил без телефон и паричник

    21.10.2026 во 09:03
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.