Пожар избувнал во објект на улицата „Трета македонска бригада“ во скопската општина Аеродром во раните утрински часови на 20 октомври.
Случајот бил пријавен во СВР Скопје околу 2:40 часот по полноќ. На терен интервенирала Бригадата за противпожарна заштита, чии екипи успеале да го изгаснат пожарот.
Според информациите од полицијата, во инцидентот нема повредени лица. На местото на настанот излегле и полициски службеници од СВР Скопје.

