Дваесет и петгодишен жител на струмичкото село Старо Балдовци бил приведен откако полицијата при претрес во неговиот дом пронашла марихуана и делови од растението канабис.
Според информациите од полицијата, претресот бил извршен на 20 октомври, со судска наредба. Во домот била пронајдена тегла исполнета со марихуана, како и ќесе со гранки од растението канабис.
По пронаоѓањето на материјалите, бил известен јавен обвинител. Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот против 25-годишникот ќе биде поднесена соодветна пријава.

