Close Menu
Press24
    Најново

    Властите ги мобилизираат сите капацитети против западнонилската треска: Воведени вонредни контроли и СМС-препораки

    17.08.2026 во 14:12

    Најчести резервоари на западнонилска треска се гавраните – Клековски со апел до граѓаните

    17.08.2026 во 13:45

    Костовски: Создаваме нов простор за прошетка, рекреација и дружење

    17.08.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Ведрана зад себе остави две деца: Синот е многу познат и почитуван, но ништо не се знае за нејзината ќерка во јавноста
    • Млад човек во Хрватска е казнет со 600 евра поради објава на Инстаграм
    • Скопје продолжува со борбата против комарците: Вечерва 13. теренска дезинсекција
    • Силен земјотрес ја погоди Италија
    • Ведрана Рудан живеела во куќа стара 400 години
    • ФОТО: Се запали куќа во Козле
    • Уште една скопска улица без вода – Водовод со известување
    • „Сакам….“ Ведрана собра 17.000 евра откако дозна за тешка дијагноза: Вака сакаше да умре
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Последици од дождовите: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола

    Последици од дождовите: Излевање на Пчиња, поплавени подруми во Охрид и ерозија во Битола

    20.11.2025 во 09:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Голем одрон на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје преку НП „Јасен“ го прекина, а потоа го отежна сообраќајот, додека во битолско ерозија се заканува на стариот пат кон Пелистер.

    Ова се дел од најкритичните точки каде интервенираа екипите на Регионалните центри за управување со кризи по обилните врнежи во изминатото деноноќие. Патот кај „Јасен“ сега е расчистен по една лента, а се работи на целосно обезбедување на трасата.

    Поради ерозија на патот кон Пелистер и кај селото Цапари, надлежните предложија привремено затворање на стариот пат Р-106 и пренасочување на возилата по патот А-3. Во Битола механизација работи и на расчистување наноси и зајакнување на насипите на речните корита.

    Во кумановско, реката Пчиња накратко се излеа кај потегот Пелинце – Стрновац, но без штети. Екипите ги чистат мостовите во Коинце и Пелинце од наталожените дрва и отпад, а нивната стабилност не е загрозена.

    Во Охрид, диво ископани канали предизвикаа поплавување на подруми во населбата Железничка, додека во Кичево најризична точка е делот кај улицата Прилепска, каде е побарана итна интервенција од општината.

    Прочитај повеќе

    Млад човек во Хрватска е казнет со 600 евра поради објава на Инстаграм

    18.08.2026 во 10:41

    Скопје продолжува со борбата против комарците: Вечерва 13. теренска дезинсекција

    18.08.2026 во 10:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.