Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула
    • Американски „Quartz“ ја објави листата за 2026 година: Сараево е најдобра дестинација на Балканот
    • Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста
    • Трамп демантира ескалација: САД нема да го нападнат Иран пред изборите
    • Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте
    • Хали Бери на суд поради наводно злоставување, синот сведочеше речиси четири часа
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    Македонскиот јазик и култура се негуваат меѓу младите во Хрватска преку проект во Пула

    20.10.2026 во 22:342 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Ученици од повеќе градови во Хрватска кои го изучуваат македонскиот јазик по Моделот Ц учествуваа во проектот „Колаж на македонската култура – вкусови и простори на Македонија и Истра“, реализиран во Пула од 16 до 18 октомври 2026 година.

    Преку заеднички активности, културни содржини и запознавање со историјата и традицијата на Пула, учениците имаа можност да го надградат своето знаење за македонскиот јазик и култура, но и да ја откријат поврзаноста меѓу македонското и истарското културно наследство.

    Во рамки на програмата беа организирани посета на Пулската арена, стручна прошетка низ градот и прием во Градската палата. Активностите им овозможија на децата да учат преку непосредно искуство, дружење и размена на знаења.

    Проектот го осмислија наставничките по македонски јазик Сашка Соломоновска Јаневска, Деспина Белчовска Велинска, Маја Јовановски и Милена Георгиевска, кои со својата работа придонесуваат за зачувување на македонскиот јазик и културниот идентитет кај младите генерации во дијаспората.

    -Кога децата го учат јазикот, тие не учат само зборови. Тие ги запознаваат своите корени, градат самодоверба и учат дека можат да го негуваат сопствениот идентитет, а истовремено да бидат отворени кон другите култури – истакнува наставничката по македонски јазик од Пула и водителка на проектот Сашка Соломоновска Јаневска.

    Проектот го реализира македонското културно друштво „Св. Кирил и Методиј“ од Пула, а кофинансиран е од Министерството за наука и образование на Република Хрватска.

    -Колажот заврши, но неговата порака продолжува: јазикот се зачувува кога се зборува, се учи и со љубов се пренесува на децата – велат организаторите на проектот.

    Преку ваквите иницијативи, македонскиот јазик и култура продолжуваат да се пренесуваат на младите генерации во дијаспората, поттикнувајќи ја нивната поврзаност со татковината и почитта кон културното наследство.

    Прочитај повеќе

    Герасимовски: Барутана нема да оди на гласање без дополнителни анализи за безбедноста

    20.10.2026 во 22:00

    Герасимовски: ВМРО покажа дека не знае да ја води државата, незадоволството на граѓаните расте

    20.10.2026 во 21:42
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.