Close Menu
Press24
    Најново

    Идниот месец се менува целиот систем на плаќање во банките – еве што треба да знаете

    19.10.2026 во 11:24

    Инфлација: Поскапеа сендвичите во 7ца – ова се новите цени

    19.10.2026 во 22:34

    Нов закон за откуп на земјиштето под зграда

    20.10.2026 во 11:21
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица
    • НАТО ќе го засили надзорот во Црното Море
    • Венс не го поддржа Нетанјаху на претстојните избори
    • Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1
    • САД ја блокираат испораката на ракети „Патриот“ за Украина: Вашингтон ја одложува дозволата за сојузниците
    • Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации
    • Ѓорѓиевски: По повеќегодишен застој и стагнација ја завршуваме изградбата на клучката кај Момин Поток
    • Божиновска и Азески на средба за стратешките приоритети во енергетиката и рударството
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица

    Трајно решение за професионалните војници по 45 години – ќе можат да продолжат со работа како цивилни лица

    20.10.2026 во 20:513 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    По повеќемесечни преговори со Министерството за одбрана, министерот Владо Мисајловски, Генералштабот на Армијата и други надлежни институции, постигнато е решение за статусот на професионалните војници кои навршуваат 45 години, информираат од Независниот синдикат на професионалните војници на Македонија (НСПВМ).

    Според соопштението на синдикатот, со промената на постојната организациско-формациска структура на Армијата ќе се предвидат дополнителни единици за извршување на стражарска и пријавна служба, распоредени во касарните согласно потребите.

    Со реформата, како што наведуваат од НСПВМ, се овозможува професионалните војници по навршувањето на 45 години да продолжат да работат во Армијата како цивилни лица, со трансформација на работниот однос од определено на неопределено време.

    Меѓу придобивките што ги наведува синдикатот се распоредување на работни места во близина на местото на живеење, можност за користење надоместок за станбено обезбедување, односно закупнина, како и испратнина при пензионирање.

    НСПВМ посочува и на можноста за остварување армиски додаток и вреднување на високото образование, како и додаток од пет проценти за цивилниот персонал што работи во смени, односно во турнус, под условите наведени во соопштението.

    Од синдикатот дополнуваат дека остануваат и другите законски можности поврзани со отпремнина и преминување во друга институција, согласно член 40-а од Законот за служба во Армијата.

    Во завршниот дел од соопштението, НСПВМ упатува порака до оние кои претходно имале можност да придонесат за решавање на статусот на професионалните војници, наведувајќи дека припадниците на Армијата знаат кој им помогнал во периодите кога се соочувале со најголеми предизвици.

    Во продолжение интегрален текст од соопштението на НСПВМ:

    -Почитувани припадници на Армијата и членови на НСПВМ,

    По неколку месечни преговори помеѓу НСПВМ од една страна и Министерот за одбрана г. Владо Мисајловски, НГШ генерал-мајор Сашко Лафчиски, СПР, СЧР,СФ и други релевантни институции од друга страна успеавме после години барања и известувања согласно член 18,19 и 20 од Законот за Одбрана да се изврши промена на постоечката организациска-формациската структура на Армијата со дополнителни единици кои ке бидат надлежни за стражарска и пријавна служба ( согласно потребите ), диспанзирани во секоја касарна.

    Со реформа во Армијата трајно се решава статусот на професионалните војници со навршени 45 години возраст и се овозможува да останат во Армијата како цивилни лица со трансформација на работниот однос од определено на неопределено време.

    Придобивките од овие измени за професионалните војници после 45 години се:

    – Работните места на кои овој персонал ке биде ангажиран ке биде во близина на местото на живеење, додека мал број би извршувал задачи на работни места кои се одалечени повеке од 2,5 км од местото на живеење.

    – Согласно чле 218а:

    (1) На активниот воен и цивилен персонал му престанува работниот однос по сила на закон со остварување право на пензија, со навршување на 40 години пензиски стаж без оглед на годините на возраст што значи дека секој професионален војник ке го одбере ова работно место доколку е вработен на 20 години старост ке излезе во пензија на 52 години. ( 32 години ефективен стаж плус 8 години бенефиција = 40 години).

    – надоместок за станбено обезбедување ( закупнина ).

    – испратнина при одење во пензија (испратнина во висина од 15 просечни плати – 12.000 евра).

    – Армиски додаток и вреднување на високото образование за тие што завршиле високо образование.

    – Цивилниот персонал кој е распореден да работи во смени, односно во турнус, има право на додаток на основната плата во висина од 5% од износот на платата според степенот на образованието, должноста и армискиот додаток пресметано по час.

    Со оваа решение остануваат и другите законски решенија согласно член 40а од Законт за служба во Армијата – ОТПРЕМНИНА и заминување во друга институција.

    Прочитај повеќе

    Лефков: СДС и Филипче беа декласирани на изборите во општина Брвеница со 4 спрема 1

    20.10.2026 во 19:46

    Македонската песна за детската Евровизија ја научиле и дечињата во Малта: Ана и делегацијата пречекани со овации

    20.10.2026 во 19:16
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.