- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, денеска на прес-конференција реагираше на изјавите во вчерашното интервју на премиерот Христијан Мицкоски, нагласувајќи дека е згрозен, но не и изненаден од, како што рече, навредливата и недолична реторика на премиерот, кој повеќе од десет пати ја обвини СДСМ дека води „некрофилска политика“. „Ова не е ново, го говори подолг временски период. И таа реторика на навреди покажува само една работа, тоа е фрустрација од неуспешните обиди да вистината или некои блиски луѓе на ВМРО-ДПМНЕ се заштитат од истрагата”, рече д-р Филипче. Тој истакна дека таквото однесување е обид да се изманипулира…
Министерката за образование и наука, Весна Јаневска, денеска одговори на прашањата за случаите каде студенти ги продаваат ваучерите за набавка на електронски уреди, наместо да ги користат за наменетата цел. Јаневска истакна дека проектот е ветено и реализирано право за студентите, но дека Министерството не може да се справи со нивното индивидуално одлучување. „Има досетливи студенти кои на разно разни начини се обидуваат некако да си го олеснат животот. Ние со тоа не можеме да се справиме… Останува на нивната совест и свест да одлучат што ќе направат со ваучерите“, одговори министерката. Јаневска потсети дека 55 илјади студенти ќе добијат…
СДСМ будно ќе го прати целот процес на судењето за трагедијата во Кочани и ќе се спротивставиме на секој обид за манипулација или за прикривање на вистината или правдата, порача на претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција. Филипче посочи дека СДСМ нема да се октаже од барањето за поддршка на семејствата и откривање на вистината за трагедијата кога во пожар загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени. „Затоа побаравме и Анкетна комисија во Собранието.Во текот на вчерашниот ден во Собранието го доставивме и формално тоа барање, што значи дека ке ги искористиме…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на денешната прес-конференција, нагласи дека судењето за трагедијата во Кочани е тест за целото општество и затоа мора да се води транспарентно. „Барам и очекувам процесот да се води отворено, транспарентно, пред очите на целата јавност“, рече Филипче. Тој додаде дека родителите на жртвите заслужуваат да ја знаат вистината и правда мора да има. „Ова им го додолжиме на родителите, ова им го додолжиме на сите граѓани, ова го должиме на целото општество. Ова е еден голем тест за зрелоста во нашето општество“, рече Филипче. На прес-конференцијата Филипче посочи дека СДСМ…
Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, учествуваше на меѓународна конференција „Партнерство за реформи: Министерски дијалог Западен Балкан – Италија“, што се одржа во Рим, каде што имаше свое обраќање во рамките на министерскиот панел посветен на реформата на јавната администрација и европската интеграција. Настанот, организиран од Министерството за јавна администрација на Италија, Националната школа за администрација на Италија (SNA) и Регионалното училиште за јавна администрација (РеСПА), ги обедини министрите од регионот, високи претставници од европските институции и експерти од областа на јавната администрација. На конференцијата се обратија италијанскиот министер за јавна администрација Паоло Зангрило, претседателката на Националната школа за администрација…
Четири лица, меѓу кои едно дете и еден германски државјанин, се спасени од планината Водно, откако останаа заглавени поради лошите временски услови и прекинот на електрична енергија на жичарата. Како што соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР), првичната пријава околу 16 часот била за заглавени лица во гондола. Иако струјата потоа дошла и лицата стигнале до врвот на Водно, тие не можеле да се спуштат поради невремето и повторното снемување на електрична енергија. „Веднаш по добиената пријава полициски службеници од ЕИП и ЕБР преземаа активности за пронаоѓање и спасување на лицата, по што тие безбедно, во придружба на полициските службеници…
Во тек е истрага за трагичната смрт на германско четиричлено семејство кое почина на одмор во Турција откако беше однесено во болница со сомневање за труење со храна. Сепак, прелиминарниот извештај вели дека не се пронајдени токсични супстанции во примероците од обдукција и дека семејството најверојатно починало од хемиско труење на кое биле изложени во хотелот. Мајката Чигдем Бечек (27), таткото Сервет Бечек (36) и децата Кадир Мухамет (6) и Масал (3) беа однесени во болница од хотелот во кој престојувале во Истанбул откако консумирале улична храна. Турските медиуми известуваат дека во прелиминарниот извештај од истрагата се наведува дека семејството…
Утрово околу 04:20 часот се случи тешка сообраќајна несреќа на патот Валандов–Дојран, кога камион со српски регистарски ознаки излетал од коловозот и се превртел. Во несреќата животот го загубила една мигрантка од Кина. СВР Струмица соопшти дека од здобиени повреди на местото на настанот починала мигрантка од Кина, а нејзиното тело е предадено на обдукција. Повредени се уште седум мигранти, исто така од Кина, кои без знаење на возачот влегле во приколката. Возачот С.М. е задржан во Јавната здравствена установа Гевгелија за укажување помош. На местото на несреќата увид изврши екипа од ОВР Гевгелија, во присуство на јавен обвинител. Во…
Во петок на 21 ноември се празнува Св. Aрхангел Михаил.Празникот на Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил. Но во ноември пак меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот…
Во период кога правосудниот систем ужива доверба од само 2%, дел од судството и обвинителството повторно го става фокусот на зголемување на платите, наместо на клучните сегменти како ефикасност, независност и брзо решавање на судските предмети. Иако располагаат со значителни примања, јавноста не гледа подобрување на квалитетот на судските процеси, намалување на застојот на предмети или пак поголема отчетност, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Ги прашуваме овие поединци кои се гласни за поголеми плати, а не за извршување на обврските, зошто вака бурно не реагираат кога предметите стојат по фиоки со години? Зошто нема револт кога граѓаните со…
