Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судењето за трагедијата во „Пулс“ продолжува: Денеска во Идризово нов круг на сведочења

    Судењето за трагедијата во „Пулс“ продолжува: Денеска во Идризово нов круг на сведочења

    22.04.2026 во 09:001 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Судскиот процес за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, една од најтешките трагедии во поновата македонска историја, продолжува денеска во судницата во Идризово. Пред Судот ќе бидат изнесени нови искази на сведоци предложени од Обвинителството, со што продолжува доказната постапка.

    Трагедијата се случи на 16 март 2025 година, за време на настап на музичката група „ДНК“. Во огнената стихија животот го загубија 63 лица, а повеќе од 200 беа повредени, што го прави ова судење исклучително комплексно и значајно за јавноста.

    На претходното рочиште, вниманието беше насочено кон сведочењата на Ана Захариева, која кобната вечер била гостинка во дискотеката, како и на поранешниот главен секретар на Општина Кочани, Александар Јосифов (во мандатот на градоначалникот Николчо Илиев) и вработениот во општината, Драган Ананиев.

    Истовремено, одбраната на првообвинетиот и сопственик на „Пулс“, Дејан Јованов-Деко, поднесе барање за замена на мерката притвор со куќен притвор, приложувајќи аргументи за влошена здравствена состојба на обвинетиот.

    Судскиот процес го следи тим од 15 јавни обвинители, кои ја застапуваат оптужницата. Очекувањата се дека доказната постапка со сослушување на сведоци ќе продолжи со несмалено темпо и во наредните рочишта, со цел да се расветлат сите околности што доведоа до катастрофата.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.