- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
На 19.11.2025 во 14:00 часот на ул.„18 Ноември“ во Гостивар, полициски службеници од ОВР Гостивар го приведоа М.К.(58) од с.Беловиште, гостиварско. Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување казна затвор од една година за сторено кривично дело „Тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот“. На 19.11.2025 во 20:30 часот во с.Шемшово, општина Јегуновце, полициски службеници од Полициското одделение Јегуновце го приведоа А.М.(22) од с.Шемшово, кој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор за сторено кривично дело по член 383 во врска со член 22 од Кривичниот Законик. Двајцата се…
Судењето за случајот „Онкологија 2“ во Основниот кривичен суд Скопје започна од почеток поради промена на поротник. Обвинети се поранешниот медицински директор Нино Васев и економскиот директор Нехад Нухи. Васев и Нухи се товарат дека во периодот од 2018 до 2022 година незаконски набавувале лекови и ги прикривале преку фиктивни тендери, присвојувајќи дел од терапијата. Според Обвинителството, со овие дејствија државниот буџет е оштетен за речиси 36 милиони евра. Бранителот на Васев денеска додаде дека дејствијата на обвинетиот не се кривични дела, туку административни постапки за кои биле задолжени други работници. Обвинетите ја негираат вината, тврдејќи дека обвинението е неосновано…
Полициски службеници утринава влегоа во Управата за јавни приходи Штип, и според првичните информации приведен е поранешен раководител на УЈП. Од МВР потврдуваат дека има акција на теритријата на цела држава. – Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена, соопштуваат од МВР.
Се случи дебакл на една неспособна власт која не знае да организира ниту наједноставна мерка, ваучери за електонски уреди за студентите од првиот циклус на студии, велат од СДСМ. „Прво им дадоа ваучери на младите студенти, па им ги поништија. Ги повикаа младите да аплицираат, им праќале потврди, дури им дозволиле и да подигнат уреди, за потоа да им стигне е мејл дека ваучерот не важи. Последните информации објавени во медиумите се дека постдипломци добиле ваучери, иако не им следуваат. Прашање е дали се направени и намерни злоупотреби? Срушени системи уште во првата минута, хаотично водена постапка, врати отворени па…
Полициски службеници од СВР Штип, ОВР Кочани во соработка со Одделот за криминалистичка полиција по насоки на ОЈО Кочани преземаат повеќе активности на неколку локации низ државата. По завршувањето на акцијата јавноста ќе биде соодветно известена.
Системот RAPEX за брза размена на информации за небезбедни производи пласирани на единствениот пазар на ЕУ издаде предупредување за неисправност на козметички производ и негово повлекување од продажба поради хемиска опасност. Според известувањето, предметниот производ е термоактивен серум за слабеење од брендот Eveline Cosmetics. Според списокот на состојки, производот содржи 2-(4-терт-бутилбензил)пропионалдехид (BMHCA), кој е забранет во козметичките производи. BMHCA може да го оштети репродуктивниот систем, да му наштети на здравјето на нероденото дете и може да предизвика сензибилизација на кожата. Каде е опасноста?Хемиската супстанца 2-(4-терт-бутилбензил)пропионалдехид (BMHCA) е позната и под комерцијалното име Lilial, кое претходно често се користело како состојка…
Времето утре ќе биде променливо облачно, претпладне и кон крајот на денот со повремен локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од претежно од јужен правец. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. соопшти УХМР. Во Скопје, претежно облачно со повремени врнежи од дожд со послаб интензитет. Ќе дува умерен југоисточен ветер.Под влијание на циклонска активност ќе продолжи периодот на променливо облачно време со локални врнежи од дожд. Во петок и во деновите од викендот повторно се очекуваат пообилни врнежи од дожд (над 30 l/m² за 24 часа), локално во форма на невреме со засилен ветер и…
Обвинителот Борче Јанев на судењето за „Пулс“ детално го опиша почетокот на криминалната шема во 2012 година, која му овозможила на објектот да работи како дискотека. Обвинетиот Дејан Јованов во октомври 2012 дошол на идеја да го пренамени објектот на Гроздан Милковски, кој служел како магацин за текстил, во дискотека. Јованов ја ангажирал Милка Едровска, која изработила проект и елаборати спротивно на должностите, креирајќи лажна претстава дека објектот може да исполнува безбедносни стандарди. Првично, Општина Кочани реагирала: „Тогаш прв и последен пат се активираат законските проверки и контроли“, рече Јанев, нагласувајќи дека Обвинителството има докази дека Камбери примил поткуп за…
Денешната прес-конференција на Венко Филипче е срамен обид да ги затскрие своите криминали и коруптивни методи кои ги правеше додека беше министер за здравство, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од набавки за вакцини преку фирма за манго и банани сакаше да го полни својот џеб, наместо да го олесни животот на оние кои се бореа против ковид болеста со набавка на вакцини. Наместо да го продолжи и олесни животот на болните од ковид, тој потпишуваше анекси на договори за модуларната болница во која изгореа живи 14 наши сограѓани. Поради неговите лоши здравствени политики починаа близу 10.000 луѓе во ковид пандемијата. Филипче е…
Кочанскиот обвинител Борче Јанев денеска го одржа воведниот говор на судењето за трагедијата во дискотеката „Пулс“, каде што загинаа 63 млади лица, а над 200 беа повредени. Јанев категорично истакна дека катастрофата не е последица на еден човек или само на активирање пиротехника, туку на низа системски пропусти кои дозволиле објектот да работи без соодветни излези и контроли. „’Пулс’ од секогаш била смртоносна стапица, буре барут. Никој не ја согледал опасноста која демнела со години“, нагласи обвинителот. Јанев посочи дека одговорноста се протега низ долг временски период, од 2012 година до денот на трагедијата, и опфаќа голем број обвинети. Тој…
