Close Menu
Press24
    Најново

    Разбиена криминална мрежа во Грција: Уапсени 10 лица за криумчарење на над 500 мигранти

    06.11.2026 во 10:48

    Крадел што му дојде при рака – Македонската полиција фати крадец

    06.11.2026 во 10:47

    Им давале пари, па ги уценувале за долгови кои биле вратени – ОЈО откри криминална група

    06.11.2026 во 10:44
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Разбиена криминална мрежа во Грција: Уапсени 10 лица за криумчарење на над 500 мигранти
    • Крадел што му дојде при рака – Македонската полиција фати крадец
    • Им давале пари, па ги уценувале за долгови кои биле вратени – ОЈО откри криминална група
    • Кумановските лихвари малтретирале жена – нотар заверувал лажни договори
    • Паѓа цената на нафтата – Каква одлука ќе донесе РКЕ во понеделник
    • Од 1 до 14 степени: Големи температурни разлики низ Македонија, ова е состојбата
    • Погребана младата Билјана: „Небото доби нов ангел, покосена од тој кој требаше да ја сака”
    • Се шири шуга меѓу учениците во Србија
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Разбиена криминална мрежа во Грција: Уапсени 10 лица за криумчарење на над 500 мигранти

    Разбиена криминална мрежа во Грција: Уапсени 10 лица за криумчарење на над 500 мигранти

    06.11.2026 во 10:481 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грчката полиција разби криминална организација и уапси десет лица осомничени за нелегално пренесување на над 500 мигранти во Грција, со што криумчарите оствариле противправна имотна корист од над 750.000 евра.

    Во рамки на акцијата спроведена во Солун и областа Теспротија, уапсени се тројца странски државјани и седум грчки државјанки. Според полицијата, мрежата функционирала најмалку од јуни 2025 година и делувала и во и вон границите на Грција, расчистувајќи вкупно 41 случај на криумчарење.

    Мигрантите, кои потекнувале од Непал, Јемен и Кина, во земјата влегувале пеш од Албанија преку тешко проодни планински премини. По влезот, тие биле сместувани во објекти или во импровизирани шатори во планините на Теспротија, каде плаќале високи цени за храна, вода и сим-картички, а потоа со меѓуградски автобуси биле пренесувани кон Атина, Патра или кон странство.

    За време на прекуграничниот пренос, членовите на групата честопати им ги задржувале пасошите на мигрантите. При претрес на три куќи и еден угостителски објект, полицијата заплени три автомобили, парични средства и пасоши, а дополнително беа уапсени и 21 странски државјанин без регуларен престој.

    Полициската операција беше спроведена во соработка со Европол, како дел од програмата EMPACT 2.2 EAST MED на Европската Унија за борба против организираниот криминал.

    Прочитај повеќе

    Се шири шуга меѓу учениците во Србија

    06.11.2026 во 10:09

    Масакр во Турција: Осуммина убиени на три различни локации, полицијата трага по напаѓачот

    05.11.2026 во 21:56
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.