Close Menu
Press24
    Најново

    Им давале пари, па ги уценувале за долгови кои биле вратени – ОЈО откри криминална група

    06.11.2026 во 10:44

    Кумановските лихвари малтретирале жена – нотар заверувал лажни договори

    06.11.2026 во 10:37

    Паѓа цената на нафтата – Каква одлука ќе донесе РКЕ во понеделник

    06.11.2026 во 10:31
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Им давале пари, па ги уценувале за долгови кои биле вратени – ОЈО откри криминална група
    • Кумановските лихвари малтретирале жена – нотар заверувал лажни договори
    • Паѓа цената на нафтата – Каква одлука ќе донесе РКЕ во понеделник
    • Од 1 до 14 степени: Големи температурни разлики низ Македонија, ова е состојбата
    • Погребана младата Билјана: „Небото доби нов ангел, покосена од тој кој требаше да ја сака”
    • Се шири шуга меѓу учениците во Србија
    • Се менува системот: Викендов можни прекини во банкарските услуги кај сите банки во земјава
    • Серија лажни закани за бомби на 21 европски аеродром: Подигнати воени ловци и пренасочени летови
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Им давале пари, па ги уценувале за долгови кои биле вратени – ОЈО откри криминална група

    Им давале пари, па ги уценувале за долгови кои биле вратени – ОЈО откри криминална група

    06.11.2026 во 10:442 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција отвори истрага против четири лица осомничени дека организирале група за изнуда на пари, перење пари и злосторничко здружување. Тројца од осомничените се соочуваат со предлог за притвор, додека четвртиот во моментов е надвор од државата.

    Според информациите од Обвинителството, групата ја организирал жител на Куманово, кој од 2021 година, заедно со останатите осомничени, изнудувал пари од лица кои претходно земале позајмици од него. Нивната финансиска зависност ја користеле за да им наметнуваат дополнителни исплати, придружени со сериозни закани.

    Еден од случаите се однесува на жена која од првоосомничениот позајмила 4.000 евра, со договор парите да ги врати за еден месец, заедно со камата од 2.500 евра. Иако таа целосно го вратила договорениот износ, осомничениот продолжил да бара пари од неа и се обидел да ја искористи нејзината банкарска сметка за да пушти во оптек пари прибавени со изнуда.

    Откако жената одбила, започнале заканите и притисоците да го предаде својот автомобил како наводен залог за фиктивни долгови. Според Обвинителството, биле изготвени лажни договори за купопродажба на возилото и за заем од еден милион денари. На документите бил фалсификуван потписот на жената, а договорите биле заверени на нотар без нејзино знаење.

    И покрај тоа што станувало збор за фиктивни долгови, осомничените продолжиле да ѝ се закануваат за да го предаде автомобилот и да го исплати наводниот долг. Врз основа на лажните договори, сопственоста на возилото била префрлена на еден од осомничените, а жената била принудена да им исплати и дополнителна сума пари.

    Во случајот е опфатен и нотар, осомничен за несовесно работење во службата, бидејќи дозволил заверка на документите. За него Обвинителството побарало определување мерки на претпазливост.

    Друг оштетен, пак, во 2021 година во два наврати позајмил по 180.000 денари од организаторот на групата. Парите му биле потребни за лекување на сопругата. Иако ги вратил позајмените средства согласно договорите, осомничените продолжиле да бараат дополнителни исплати на име камата.

    Неговата тешка финансиска состојба и зависноста од осомничените, според Обвинителството, биле искористени за да го принудат да ја отстапи својата банкарска сметка. Преку неа биле префрлани големи суми пари прибавени со изнуда, прикажани како формални заеми, по што средствата биле подигнувани во готовина.

    За тројцата осомничени е доставен предлог за определување притвор до судија на претходна постапка во Основниот кривичен суд Скопје. Истрагата продолжува.

    Featured Just In Picks Top News
    Прочитај повеќе

    Кумановските лихвари малтретирале жена – нотар заверувал лажни договори

    06.11.2026 во 10:37

    Од 1 до 14 степени: Големи температурни разлики низ Македонија, ова е состојбата

    06.11.2026 во 10:19
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.