- Вежбањето го стимулира мозокот и ги подобрува когнитивните способности
- Градоначалникот Јорданов: Нема простор за паника – сите сме мобилизирани
- На помош доаѓаат пожарникари од Свети Николе и Кочани
- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
Author: Author 04
Вчера во 18:20 часот во СВР Скопје, Л.И.(19) од Скопје пријави дека околу 15:30 часот на подрачјето на општина Аеродром била физички нападната од едно лице, кое употребило остар предмет и ѝ нанел повреда. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Синоќа околу 19.50 часот во СВР Куманово е пријавено дека на ул.„Ѓорче Петров“ во Куманово, патничко возило „фолксваген голф“ со кумановски регистарски ознаки управувано од 27-годишната Н.Т. од Куманово удрило пешакот О.А.(46) од с.Тромеѓа, кумановско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Општата болница Куманово. Полицијата соопшти дека е извршен увид од увидна екипа од СВР Куманово.
Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на денешната прес-конференција остро реагираше на изјавите на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова дека сега не е време за реформи, затоа што е време на војни. „Не може да си дозволи претседателка на државата, која пред само година ипол доби половина милион гласови, да каже дека ова не е време за реформи. Неколку дена пред тоа Никола Груевски од Будимпешта напиша пост во кој зборуваше дека Европа е во време на војни. Се повеќе ќе станува јасно дека ВМРО-ДПМНЕ го контролира Никола Груевски од Будимпешта. И тие се само извршители на неговите политики и ништо друго,“ рече Филипче.
Љупчо Пренџов, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, на денешната расправа одржана во рамките на Комисијата за финансирање и Буџет во Собранието истакна дека кога се дискутира за бројки и парите на граѓаните мора да постои прецизност, бидејќи граѓаните од пратениците очекуваат информативен бенефит, што се случува во Македонија и каде се трошат нивните пари, а не на буџетска расправа да се ставаат теми кои не се поврзани со Буџетот. Пренџов истакна дека во поглед на одбележување на Рамковниот договор, во рамки на Владата тоа постои секоја година и даде уверување дека тоа одбележување ќе биде на истото ниво и повисоко…
Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање категорично ги демантираше шпекулациите за каков било таен договор меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ. Во одговорот, тој потенцираше дека е апсолутно невозможно да постои договор со политичари кои поставуваат прашања „колку чинат животите на децата во Кочани“ . „Јасно демантирам – нема било каков скриен, таен, полутаен договор за било што со ВМРО-ДПМНЕ. Не може да се има договор што со луѓе кои што прашуваат колку чинат животите на децата во Кочани. Не може да има договор со луѓе кои што кажуваат дека сега не е време за…
На денешната собраниска седница на Комисијата за финансирање и буџет, се обрати пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски кој упати критики кон говорот на Фатмир Битиќи, истакнувајќи дека неговото излагање е националистички настроено, потенцирајќи дека за разлика од него, тој е единствениот пратеник кој поднесувал амандмани за изградба на средно училиште во Куманово на албански наставен јазик и се залага за зачувување на меѓуетничкиот соживот во Куманово. „Досега никој не успеал ни во 2001 да го наруши меѓуетничкиот соживот во Куманаво, за тој натпревар за кој вие ме посочивте уште веднаш излегов со осуда која вие овде не ја…
На денешната Комисија за финансирање и буџет во Собранието, се обрати пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Драгана Бојковска која на самиот почеток истакна дека пратениците од СДС по вчерашниот поднесен амандман за кратење на спортските субвенции од 300 милиони денари, денеска имаат барање за истата ставка и тоа со кратење на средствата за дополнителни 34 милиони денари. „Работите се денеска многу појасни за македонската јавност, по вчерашниот амандман којшто беше поднесен, голем број на спортисти исто така и реагираат со коментарите дека тоа е срам којшто се случува, да се скратат средствата за спортските субвенции. Ако вчера со амандман од…
Вчера во 14:30 часот во СВР Скопје, Р.К.(40) пријави дека на 15.11.2025 околу 15:00 часот во двор од основно училиште во с.Љубош, општина Студеничани, неговиот 13-годишен син бил физички нападнат од двајца малолетници кои ги познавал, додека друг малолетник го снимал настанот со мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 18/19.11.2025 во периодот од 23:00 до 04:00 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар спроведоа акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на ОВР Гостивар. Притоа, во угостителски објект на ул.„Илинденска“, сопственост на Ј.А.(49) од Гостивар, затекнати се и приведени В.А.(32), Л.А.(36), А.П.(36) и К.К.(50), сите од Албанија. Додека, во угостителски објект во с.Зубовце, општина Врапчиште, сопственост на Р.Б.(50) од Гостивар затекнати се и приведени Е.У.(39) и Џ.К.(25) од Албанија. Шестте албански државјанки се приведени затоа што го злоупотребиле туристичкиот престој, односно престојувале спротивно на целта. Тие се задржани во полициска станица и против нив ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
СВР Тетово поднесе кривична пријава против Н.З.(41) од с.Бојане, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „измама“. Во текот на мај 2025 со лажно прикажување на факти, пријавениот довел во заблуда едно лице дека е вработен во суд и дека за одреден износ ќе му помогне неговиот син да биде ослободен од притвор. Откако изготвиле жалба кај адвокат по притворот, во три наврати му биле исплатени 7.750 евра, но договореното не било исполнето.
