Close Menu
Press24
    Најново

    Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука

    07.07.2026 во 23:42

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како е опишано раѓањето на св. Јован (Иванден) од страна на евангелистот Лука
    • Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди
    • Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години
    • По 25 години – нов етички кодекс за новинарите
    • Фредериксен: Гренланд не е на продажба
    • Минчев во Струмица: ЗНАМ продолжува со работни средби со локалните организации и членството
    • Битиќи: Ребалансот е фактура за владиниот дебакл, дефицитот руши рекорди, а власта крати од граѓаните и инвестициите
    • Конески: Владината мерка за студентско практикантство ќе ги доближи младите до институциите
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во заедничка фитнес сесија организирана од Реплек

    Штип ќе се „ресетира“: Елена Бубало и Бојана Ташков во заедничка фитнес сесија организирана од Реплек

    22.04.2026 во 10:172 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    РЕсет платформата на „Реплек“ продолжува да ја шири својата инспиративна фитнес енергијаnниз земјава. Следна станица во рамки на серијата интерактивни активности е Штип, каде на 25 април, сабота, со почеток во 11.00 часот, во спортската сала на Државниот училиштен центар „Коле Нехтенин“, ќе се одржи осмото издание на настанот, со познатата фитнес инструкторка Елена Бубало. Со засилувањето што ќе го добие од Бојана Ташков од Штип, настанот добива силна регионална компонента и нова мотивациска димензија.

    Настанот е дел од РЕсет платформата за добросостојба на „Реплек“, која континуирано реализира бесплатни активности и работилници со цел да поттикне ведар дух, здраво тело и ментална сила кај граѓаните. Преку оваа платформа, компанијата веќе неколку години активно работи на подигање на свеста за значењето на здравите животни навики и нивната улога во севкупната добросостојба.


    РЕсет Vol.8 е наменет за сите генерации што создаваат нови навики за здраво тело, ментална сила и баланс, и сакаат да направат позитивна промена во своето секојдневие, преку грижа за сопственото физичко и ментално здравје. Сесијата ќе биде прилагодена за различни нивоа на физичка подготвеност, а учесниците треба да понесат само чисти патики и добро расположение. Покрај штипјани, на настанот се поканети и сите заинтересирани од другите градови од Истокот, кои се подготвени да излезат од зоната на комфорот и да стартуваат со физичка активност.

    Учеството на настанот е бесплатно, а пријавувањето се врши преку следниот линк:
    https://shorturl.at/iY0I7

    Во изминатиот период, РЕсет платформата опфати различни формати на настани, меѓу кои масовни фитнес сесии на отворено, едукативни работилници за паметен пристап кон вежбањето и за други теми поврзани со промовирање на добросостојбата. Летото беше одржан голем настан во Охрид, со поддршка на локалната фитнес инструкторка Емилија Колоска, предизвикувајќи силен интерес кај посетителите. Секое ново издание носи нов концепт, но останува верно на основната цел: да инспирира одржливи позитивни промени кај поединците и заедницата.

    Прочитај повеќе

    Ќоку: За ВЛЕН важно е дијаспората да гласа без разлика на формата, но да бидат во согласност со меѓународните стандарди

    07.07.2026 во 23:17

    Тошковски: Најниско ниво на криминалитет во последните 20 години

    07.07.2026 во 23:01
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.