Author: Author 04

Во рамки на караванот „Каде што срцето е дома“, министерот за локална самоуправа, Златко Перински заедно со заменик министерот, Ерџан Селими остварија средба со градоначалникот на Општина Сопиште, Јане Мицевски и претставници на Советот на општината. На средбата со градоначалникот Мицевски беше разгледана динамиката на спроведување на проектите одобрени во рамки на вториот јавен повик од потпрограмата АА за инфраструктурни проекти во општините. Општина Сопиште, преку двата јавни повика, доби поддршка за 11 проекти, со вкупна вредност од 54.016.646 денари. На средбата со советниците се разговараше за клучните активности на Министерството како и за воспоставениот Ресурсен центар за поддршка на општините. „Во…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, денеска во Брисел ќе присуствува на неформалната вечера на Советот за надворешни работи на Европската унија, по покана на високата претставничка на ЕУ, Каја Калас. Настанот ги обединува министрите за надворешни работи на земјите-членки на ЕУ и на земјите од Западен Балкан.На состанокот е предвидено да се разговара за унапредување на соработката меѓу Европската унија и регионот, со акцент на безбедноста, одбраната, справувањето со хибридните закани и зајакнувањето на демократската отпорност.Во рамки на посетата на Брисел, министерот Муцунски ќе има и одвоени средби со европската комесарка за…

Повеќе

Поради излевање на реката Пчиња, ТППЕ (Територијалната противпожарна единица) Старо Нагоричане утрово во 07:35 часот интервенираше за спасување на две заглавени лица. Интервенцијата се случила по повик од 112, а лицата биле заглавени во близина на бањата во село Стрновац, Општина Старо Нагоричане. Единицата интервенирала со едно возило и двајца пожарникари. Поради опасноста од излевање на реката, се апелира до граѓаните на Општина Старо Нагоричане да избегнуваат секакво движење и активности по течението на река Пчиња. Во случај да забележите лице во опасност од временските услови, веднаш јавете се на телефонските броеви за итни случаи.

Повеќе

Ноќниот клуб „Вилиџ“ во Виена, каде што се собираат Балканци, изгоре до темел, а сега менаџерот Раде Лазиќ, поранешен учесник во реално шоу и модел, проговори. Пожарот ја зафати дискотеката во вторник во 1 часот наутро. За среќа, клубот во тој момент беше затворен. Причината за пожарот сè уште не е позната. Дури 23 противпожарни возила и 88 пожарникари го гаснеа пожарот што буквално го зафати објектот. Раде Лазиќ, познат по своите врски со многу дами од јавната сцена и конфликтот со Кристијан Голубовиќ, го водеше клубот што изгоре до темел десет години. Пораснав со тебе повеќе од една деценија.…

Повеќе

Во денешната емисија „Студио 10“ на телевизија 24 гостуваше пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, која зборуваше за Предлог буџетот за 2026 година истакнувајќи дека е развоен и скроен по мерка на граѓаните, за економски раст и развој на државата. „Највисок Буџет досега 6,7 милијарди евра, но за разлика од претходни буџети ова е повисок буџет, но ќе има помал дефицит, разликата помеѓу наплатата и потрошувачката овој пат за прв пат ќе се намалува, што значи ги зголемуваме наплатите, додека расходите многу внимателно и плански ќе ги реализираме. Она што е ветено ќе се реализира и затоа за капитални…

Повеќе

Без електрична енергија денеска од 08.30 до 10.30 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Брсјачка буна“, „Демирхисарска“ и „Пелагонија“ во општина Шуто Оризари, информира РЦУК – Скопје. Струја од 09.00 до 10.00 часот ќе немаат и корисниците во село Кондово кај пумпата за водовод, а од 10.00 до 13.00 часот дел од корисниците од улиците „Михаил и Ефтихиј“ и „Георги Димитров“ во општина Кисела Вода.

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи денеска информира дека според утринските податоци од хидролошките станици, значително висок водостој е регистриран на реката Вардар во горниот дел од сливот, на сливот на реката Пчиња, и на реките Пена и Лепенец. Зголемен водостој забележан е и на реката Вардар во Скопје. „Поради можност од натамошно зголемување на водостојот, предупредуваме на внимателно следење на состојбата во овие речни сливови во текот на денешниот ден. Исто така, значително висок е водостојот и на реката Радика, а во пораст се водостоите и на реките Треска, Црна и Сатеска. Воопшто, зголемен е водостојот на сите реки во земјава, особено на тие…

Повеќе

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување или уништување на добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости”, против В.Н.(62) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, како и против Р.М.(68), Н.Н.(56) и Ѓ.Д.(59), сите од Струга, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување”. На 15.10.2025 како инвеститор, спротивно на решението за издавање заштитно конзерваторски услови, првопријавениот на катарстарска парцела во Струга со градежна механизација срушил стара струшка…

Повеќе

Вчера во 09:00 часот на стариот магистрален пат Струмица-Радовиш, во близина на село Владевци, струмичко, полициски службеници од СВР Струмица ги лишија од слобода А.Д.(31) и К.И.(19), двајцата од Струмица. При преглед на товарно возило „форд“ со струмички регистарски ознаки, во кое биле затекнати лицата, пронајдени се делови од генератор. Истиот ден во 12:30 часот во близина на село Воиславци, радовишко, полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Радовиш го лишија од слобода и Е.У.(45) од Струмица затоа што при преглед на товарно возило „форд“ струмички регистарски ознаки, кое го управувал, пронајдени се генератор, алат и други предмети. Во службени разговори во…

Повеќе

Германската полиција е немоќна да реши мистериозен случај што со денови ја тресе земјата. Имено, како што претходно пишуваше Telegraf.rs, во мртвата ноќ од недела до понеделник, на автопатот А45 во близина на Зиген беа пронајдени отсечени женски раце, а сега полицијата објави дека го пронашла бебето на жена чии делови од телото беа пронајдени на патот пред манастир! Имено, по морничавото откритие на автопатот, на полицијата не ѝ требаше долго време да открие чии раце се тие. Утврдено е дека тие ѝ припаѓале на 32-годишна жена од Еритреја која престојувала во центар за азиланти. Сепак, кратко потоа беше објавено…

Повеќе