- ЦУК со детали: Беснее пожар во Штип – поради ветрот широко се проширил
- ВИДЕО од големиот пожар во Штип
- Голем пожар над Штип – градоначалникот свика итна прес-конференција
- Муцунски: Заложник сме на една некоректна и непринципиелна блокада на нашиот европски пат
- Лефков, Стефковски и Јованчев се нови членови на ИК на ВМРО-ДПМНЕ
- Стојаноска: СДС го имаа вториот Груби, но во Министерство за земјоделие, интерпелацијата за Трипуновски е неоснована
- Сиљановска Давкова: Освен уставните измени, Бугарите имаат барања поврзани со работата на историската комисија
- Стојаноски: СДС го уништи земјоделието, да имаше реални обвинители Љупчо Николовски ќе беше во затвор
Author: Author 04
Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ) информира дека утринава во 08:40 часот е воведен прекин на сообраќајот на регионалниот пат Македонски Брод – Скопје. Причина за прекинот е одрон на патот, кој се случил во близина на резерватот „Јасен“.
Во текот на вечерните и утринските часови, како последица на обилните врнежи кои го зафатија западниот и југозападниот дел, на единствениот повикувачки број за итни повици 112 се добиени повеќе пријави за свлечишта на земја и одрони на патот, поточно кај местата Дебар – Струга кај местото Џепчиште и кај патот Кичево – Охрид кај место Извор, информираат од ЦУК. Оперативниот центар при ЦУК веднаш стапи во контакт со дежурните служби на Македонија пат, кои веднаш се вклучија во отстранување на свлечиштата и одроните кои предизвикуваа опасност по сообраќајот, соопштија надлежните.
Коалицијата НАИ, изградена без кауза, без визија и без јасна политичка ориентација, влегува во фаза на неизбежно распаѓање. Она што се случи вчера со заминувањето на АА на Зијадин Села и заминувањето на Кренар Љога од оваа коалиција јасно ја покажува длабоката внатрешна криза, недостатокот на кохезија и неуспехот да се изгради одржлива политичка понуда, велат од ВЛЕН. „Нивниот континуиран недостаток на координација веќе стана модел на неуспех, не само што не успеваат да обликуваат заедничка насока, туку секој ден докажуваат дека оваа коалиција функционирала само како засолниште за тесни лични интереси, а не како политички проект за Албанците“, стои во соопштението од ВЛЕН.…
Царинските инспектори од мобилните тимови од Секторот за контрола и истраги на граничниот премин Табановце во текот на вчерашниот ден запленија девизи кои српски државјанин имал намера нелегално да ги изнесе од државава. Поради сомневање во изјавата која ја дал патникот дека нема што да пријави и дека со себе носи помалку од 1.000 евра, царинските инспектори извршиле детална контрола на возилото и притоа на совозачкото седиште под машка јакна во црна рачна торбичка се пронајдени 44.000 евра, а во багажниот простор на возилото во црна кожна ташна биле пронајдени дополнителни 50.000 евра или вкупно 94.000 евра за кои лицето…
Измина веќе и втората недела од локалните избори и историскиот пораз на СДС, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Од СДС нема никакви решенија, ниту кадровски или политички промени, како што најави Венко Филипче. Партијата продолжува се повеќе да тоне, истакнати партиски членови и поддржувачи јавно ја искажуваат нивната разочараност и повикуваат на промени, но Филипче се држи за претседателското столче како да е негова приватна сопственост. Во СДС врие и револтот веќе никој не го крие, се погласно и се поотворено членовите, активистите и поранешни функционери зборуваат дека Венко Филипче веќе нема никаков кредибилитет и дека со секој изминат ден дополнително ја…
Млад полицаец од Австрија е пред судија затоа што учествувал во WhatsApp група која ги открива позициите на радарите. Од почетокот на 2023 година до крајот на 2024 година, возачите во округот Фехлабрик во Австрија имале необично моќен извор на информации: WhatsApp група со повеќе од 1.000 членови, во која секојдневно се споделувале локациите и времето на сообраќајните проверки. Како овие информации завршиле во групата ќе биде разјаснето на судењето закажано за вторник пред Покраинскиот суд во Велс, објавува Kronen Zeitung. 27-годишен полицаец ќе се појави на суд обвинет за злоупотреба на службена должност и прекршување на обврската за доверливост.…
По осум месеци од катастрофалниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани, денеска започнува судскиот процес во кој 63 лица го загубија животот, а над 200 беа повредени. Првото рочиште е закажано во КПУ Идризово, под засилени безбедносни мерки. Обвинението опфаќа 38 обвинети (35 физички и 3 правни лица) кои се товарат за Тешки дела против општата сигурност. Меѓу обвинетите се сопственици на локали, управители, инспектори, тројца поранешни градоначалници на Кочани, членови на обезбедувањето и државни службеници. Според истрагата, трагедијата е резултат на долгогодишни пропусти и свесно игнорирање на безбедносните процедури. Јавниот обвинител Љупчо Коцевски нагласи дека секоја институција и поединец…
Времето денеска претежно облачно време со повремени локални врнежи од дожд, соопштува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Најинтензивни врнежи ќе има претпладне, особено во јужните и југозападните региони, каде што за 24 часа може да наврнат над 30 литри дожд на квадратен метар. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринските температури ќе се движат меѓу 7 и 11 степени, додека дневните ќе достигнат од 10 до 17 Целзиусови степени. Во Скопје денеска со повремени послаби врнежи од дожд. Ќе дува умерен југоисточен ветер, а температурите во главниот град ќе се движат од 9…
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини го финализираше Планот за реконструкција на згради кои ги користат лицата од јавниот сектор на државно ниво за периодот 2025–2028 – документ кој поставува јасна, тригодишна рамка за најобемната енергетска обнова на институции во земјата досега. Планот веќе е усвоен од Владата, по процес на усогласување со вкупно 33 институции. Овој стратешки документ произлегува од реформската агенда и законската обврска секоја година да се реконструираат најмалку 3% од вкупната корисна подна површина на јавните згради. Притоа, мерките за енергетска ефикасност се задолжителен дел од секоја реконструкција. Во програмата се опфатени 14 јавни згради…
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова потпиша серија укази со кои се вршат значајни кадровски промени во дипломатско-конзуларните претставништва. Со новите одлуки, објавени во Службен весник, се отповикуваат амбасадорите во Италија, Австрија и Индија, додека амбасадорот во Бразил добива проширени надлежности, објави 4NEWS.mk. Најновите укази до кои дојде 4NEWS.mk предвидуваат престанок на мандатите на тројца актуелни амбасадори во наредниот период, со прецизно утврдени датуми за нивно враќање во земјата. Со Указ број 34, од должноста се отповикува Весел Мемеди, вонреден и ополномоштен амбасадор во Италијанската Република. Неговиот мандат, кој ги опфаќа и нерезидентните должности за Сан Марино и Малта, ќе престане заклучно со 31…
