Author: Author 04

Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, 25-годишна жена од скопско село пријавила била измамена за сума од околу 5000 евра од Н.К.(29). Според пријавеното, во периодот од декември 2023 година до декември 2024 година таа во неколку наврати му ја исплатила сумата за да извади македонски лични документи и македонско државјанство за неа и нејзините сестри. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Повеќе

Вчера во 19:00 часот во СВР Скопје, А.А.(28) од с.Сарај, скопско, пријави дека во с.Сарај неколку лица испукале неколку куршуми од огнено оружје кон него, но не го повредиле. За настанот бил известен јавен обвинител, а увидна екипа од СВР Скопје извршила увид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Повеќе

Ноќеска (18.11.2025) во 02:00 часот во СВР Скопје, Г.Т.(43) од скопско село пријави дека на 17.11.2025 околу 18:00 часот во с.Љубанци, скопско, три машки лица со закана му одзеле пари, при што едното од нив со пиштол го удрил по главата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Вчера во 17:20 часот во ОВР Кавадарци, Љ.К.(60) од Кавадарци пријави дека при реновирање на нејзиниот дом, во подрумска просторија пронашла предмети за кои се сомнева дека се експлозиви. Пиротехничари од Дирекцијата за заштита и спасување безбедно ги подигнале предметите и констатирале дека се работи за  55 неексплодирани детонаторски каписли. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци. 

Повеќе

Со преземање на првите количини тутун, Прилепскиот тутунски комбинат денеска официјално ја започна откупната кампања на годинашната реколта. Иако тутунарите се задоволни од првичната проценка на квалитетот, тие бараат повисока цена за да се обезбеди исплатливост на производството. Тутунопроизводителот Благој Мицевски од Прилеп, кој годинава произвел околу 1.400 килограми, ја истакна потребата од корекција на цените. „Добро оди проценката, но што се однесува до цените, реално треба да се зголемат, зашто се големи и трошоците. Првата класа треба да биде 600 денари за килограм. Тутун ќе садам и понатаму, тоа е егзистенција за моето семејство“, вели Мицевски. Тутунскиот комбинат –…

Повеќе

Образованието е заедничка општествена одговорност. Министерството за образование и наука не може самостојно да креира ефективни и долгорочни образовни политики доколку тие не произлегуваат од реалните потреби и предизвици што ги посочуваат општествените чинители. Во таа смисла, особено значајна е улогата на бизнис заедницата, која најдобро ги согледува динамичните барања на пазарот на трудот и потребата од практично применливи знаења и вештини. Ова го истакна министерката за образование и наука, Весна Јаневска на денешната конференција на тема „Градење иднина – практични вештини за новата генерација“, што ја организираше Стопанската комора на Македонија заедно со амбасадата на Швајцарија, во рамки на…

Повеќе

Албанската полиција синоќа го лиши од слобода Н.С. (36), државјанин на Северна Македонија, по кого била распишана меѓународна потерница. Како што соопшти Дирекцијата за специјални оперативни сили, апсењето е резултат на координирана акција за лоцирање на лица барани по меѓународни потерници. Основниот суд во Куманово го барал Н.С. за издржување затворска казна во траење од две години, изречена за кривично дело „фалсификување монети“. Покрај потерницата од Македонија, албанските власти информираат дека 36-годишникот бил баран и за извршена кражба во пристанишниот град Драч. Случајот е предаден на Интерпол Тирана, кој, во соработка со институциите во Северна Македонија, ќе ги преземе понатамошните…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде предупредување за денеска и претстојниот викенд, најавувајќи дека наместа врнежите од дожд ќе бидат пообилни, со можност за над 40 l/m² за 24 часа, особено во текот на ноќта. Под влијание на циклонска активност, локално се очекуваат и услови за невреме, проследено со силен ветер, чија брзина може да надмине 60 km/h, како и појава на ретки грмежи. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Променливо облачното време со повремени локални врнежи од дожд ќе продолжи и во наредните денови. Утре попладне и во четврток се очекува послаб…

Повеќе

Денес, градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска оствари работна средба со проф. д-р Викторија Трајков, заменик министерката во Министерството за европски прашања на Република Македонија. Средбата беше посветена на можностите за реализација на нови проекти финансирани од странски фондови, со акцент на инструментите на Европската Унија кои би донеле директни и одржливи бенефити за жителите на Општина Кисела Вода.Градоначалничката Стаменкоска Трајкоска ја запозна заменик министерката Трајков со активните проекти и стратешките насоки на Општина Кисела Вода во областа на меѓународната соработка, при што особено го истакна фактот дека Кисела Вода е првата општина во Македонија членка на Форумот на јадранско-јонските градови -…

Повеќе

Ноќеска (18.11.2025) во 00:40 часот во СВР Охрид е пријавено дека на 17.11.2025 во 22:00 часот на бул.„Туристичка“ во Охрид, три лица физички нападнале 16-годишник од Охрид. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, соопштија надлежните.

Повеќе