Author: Author 04

Поради интензивни врнежи од дожд во делови од Западна Македонија, особено во Полошкиот регион и општина Тетово, се забележани проблеми со апсорпцијата на атмосферските и фекалните канализации во урбаните делови на градот. Ова предизвика создавање локви и задржување на вода под подвозниците и надвозниците, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК). ЦУК апелира до граѓаните на зголемена внимателност при движење низ улиците и да се избегнува сообраќајот кон наведените делови од патната инфраструктура. Надлежните екипи се на терен и активно работат на надминување на проблемите.

Повеќе

Општина Аеродром соопшти дека воведува мерка за целосно ослободување од комуналии за сите млади до 35 години што го градат, го доградуваат или го надградуваат својот прв дом. Со оваа мерка, што се однесува за делот од комуналиите во надлежност на Општина Аеродром, како што информираат од општината, младите добиваат значително финансиско олеснување и силна поддршка при нивниот животен чекор кон обезбедување сопствен дом. Мерката беше донесена на првата седница на Советот на Општина Аеродром, со што јасно се потврдува определбата дека токму младите се основата на развојот на заедницата. Ова право можат да го остварат лицата што исполнуваат следниве…

Повеќе

Предлог-буџетот за 2026 година е домаќински и развоен, порача Бране Петрушевски, пратеник од редовите ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, во гостувањето во „Топ тема“ на телевизија Телма. Тој се осврна на делот за пензии, кои како што вели, ќе се покачат за над 10%, а буџетот за социјална заштита како и во делот на здравството е зголемен, со средства за медицинска опрема како и подобри услуги за граѓаните во земјава. „Буџетот е домаќински скроен, служи за фискална консолидација и има развојна компонента во делот на она коешто граѓаните, домаќинствата го очекуваат од еден буџет, преку овие програми и сектори кои што влијаат врз…

Повеќе

Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје ги известува своите корисници дека жичницата на Водно нема да биде во функција поради невреме. Најавата од УХМР е дека во текот на денот во делови од котлината ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, краткотрајно во форма на невреме. „Јачината на ветерот ги надминува дозволените граници како објектот би функционирал непречено и безбедно. Надлежните служби ја следат состојбата на терен и во оној момент кога ќе се создадат соодветни временски услови за работа, Жичницата ќе продолжи со непречено превезување на патниците“, информираат од ЈСП Скопје.

Повеќе

Утре, со почеток во 9:30 часот, започнува судењето за големата трагедија во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, а околу 200 беа повредени. Првото рочиште е закажано во судницата на Казнено-поправната установа (КПУ) Идризово. Процесот ќе се одвива под засилени безбедносни мерки и со присуство на лекарска екипа. Случајот опфаќа вкупно 38 обвинети, од кои 35 физички и три правни лица. Обвинети се сопственици на локали, управители, инспектори, градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници, кои се товарат за тешки дела против општата сигурност, вклучувајќи сериозни пропусти во организацијата на обезбедувањето на објектот. Судот најави…

Повеќе

Есенските економски проекции на Европската комисија, кои што се објавени вчера, се јасен сигнал дека се движиме во позитивна насока, оценува министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска. Во објава на Фејсбук наведува дека проекцијата за раст на македонската економија е зголемена за 2025 и 2026 година, што е потврда за стабилноста, издржливоста и довербата во нашите економски политики. Како што стои во објавата во Извештајот е нотирано дека во првата половина од годината растот на БДП беше повисок од очекуваното, поддржан од инвестиции, приватна потрошувачка и подобрени извозни перформанси. Инвестициите во инфраструктурата и приватниот сектор се позиционираат како двигатели на растот во следните години,…

Повеќе

Ноќеска (18.11.2025) во 01:33 часот на регионалниот пат Граничен премин Блато-Дебар, кај место викано „Шуланска раскрсница“, полициски службеници од ОВР Дебар го лишија од слобода П.П.(33) од Дебар. Претходно, на патот се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „фолксваген амарок“ со дебарски регистарски ознаки, кое го управувал П.П. и патничко возило „дачиа дастер“ сопственост на МВР и при преземање мерки по незгодата констатирано е дека П.П. е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,86 промили алкохол во крвта. Известен е јавен обвинител и по негова наредба, лицето е лишено од слобода.

Повеќе

Вчера во 20:05 часот во с.Врапчиште, гостиварско, полициски службеници од Полициското одделение Галате го приведоа А.М.(32) од с.Врапчиште. Тој бил баран врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од една година за сторено кривично дело по член 190-а од Кривичниот законик. Лицето е спроведено во Казнено-поправната установа Затвор Тетово за издржување на затворската казна.

Повеќе

Вчера околу 03:30 часот на излез од Гевгелија кон автопатот Гевгелија – Скопје, полициски службеници од Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Богородица ги лишија од слобода М.Е.(27) и 22-годишната В.Е., двајцата од Република Албанија. Имено, во наведеното време, полициските службеници забележале патничко возило „фолксваген туран“ со албански национални ознаки кое се движело со голема брзина, а кое го управувал М.Е., а сопатничка била В.Е.. Возилото било запрено, а во негова близина биле пронајдени пет лица мигранти, од кои еден од Сирија и четири од Египет. Возилото и мигрантите се сместени во прифатно – транзитен центар во Гевгелија,…

Повеќе

Пожар избувна во Облакодерот Вјесник во Загреб синоќа околу 23 часот. Зградата гореше цела ноќ, а штетата е целосна. Сè уште не е познато што го предизвикало пожарот, а во еден момент речиси 100 пожарникари го гаснеле пожарот. Пожарот избувнал на 15-тиот кат и се проширил вертикално низ зградата, целосно уништувајќи го ентериерот. Пожарот траел со часови, а специфичните околности на ширењето на пожарот го отежнале неговото гаснење. За среќа, никој не е повреден во пожарот бидејќи поголемиот дел од зградата бил напуштен, додека просториите внатре се полни со опрема и документи. Станува збор за деловен небодер во хрватската престолнина.…

Повеќе