Author: Author 04

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната собраниска седница упати критики до министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, барајќи објаснување зошто Владата упорно одбива да ја покачи минималната плата барем на 500 евра, во услови на драстично зголемени трошоци за живот. Тренчевска посочи дека синдикалната потрошувачка кошница за само 15 месеци, од јули 2024 до септември 2025 година, е зголемена за 4.507 денари (од 60.570 на 65.077 денари), што ја прави моменталната минимална плата од 24.379 денари недоволна за опстанок. „Кога ќе се пресмета односот меѓу минималната плата и синдикалната кошница, добиваме апсурдна формула: за да преживее едно семејство,…

Повеќе

Министерот за правда, Игор Филков, одговори на пратеничкото прашање на Јована Тренчевска (СДСМ) во врска со Извештајот на Европската комисија и стагнацијата на реформите, нагласувајќи дека Министерството за правда во изминатите 18 месеци подготвило и доставило во владина процедура повеќе закони од Реформската агенда отколку во претходните години. Филков посочи дека сите клучни закони се работени низ јавен и транспарентен процес, критикувајќи го начинот на носење закони од претходната власт. „Законите се работени во јавен и транспарентен процес, не се носени во висококатница на Дубаи ниту на јахта во Халкидики. Повеќе нема да носиме закони во интерес на поединци и…

Повеќе

Пратеничката на СДСМ, Јована Тренчевска, на денешната седница за пратенички прашања, побара одговор од министерот за правда, Игор Филков, зошто реформите во правосудниот систем се целосно стагнирани и кој ќе понесе одговорност за блокадата во овој клучен сектор. Тренчевска ја базираше својата критика на најновиот Извештај на Европската комисија (ЕК), кој, како што посочи, јасно нотира дека „нема напредок“ во судските реформи, а државата е оценета со „недоволен еден“ во поглавјето 23 (Темелни права и правосудство). „ЕК јасно кажува – ’нема напредок.‘ Во поглавјето 23 ’Темелни права и правосудство‘ земјата е оценета со недоволен еден. Ова е оценката за владата…

Повеќе

Пратениците на СДСМ и Коалицијата, денеска поднесоа иницијатива за основање на Анкетна комисија за трагедијата во Кочани, на којашто се придружија и пратениците од Левица а беше дел и од барањата на семејствата на загинатите и повредените. „Анкетната комисија треба да ја утврди целата вистина, како и на кој начин била загрозена безбедноста на присутните во објектот во Кочани, да ги утврди институционалните пропусти, прекршувањата на законските одредби, како и да лоцира политичка одговорност.  Врз основа на наодите, пратениците предлагаат Анкетната комисија да изготви и на Собранието да му поднесе Извештај најдоцна еден месец по завршување со работа. Ги повикуваме…

Повеќе

Вчера во 14.30 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на Комплексот клиники „Мајка Тереза” бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Б.Д.(26) од Скопје и 32-годишната С.П. од Демир Капија. Исто така, во 20:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека на автобуска постројка на бул.„Александар Македонски”, Б.Д. сакал насилно да се качи во автобус каде била С.П., а откако возачот не му ја отворил вратата агресивно се однесувал кон него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Повеќе

Собранието попладнево, во рамки на 70-тата седница, ги верифицираше мандатите на тројцата нови пратеници: Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Тие доаѓаат на местото на поранешните пратеници кои беа избрани за градоначалници на локалните избори: Бети Стаменкоска-Трајкоска (Кисела Вода), Јане Мицевски (Сопиште) и Дејан Проданоски (Прилеп). Пратеникот Мартин Стојановски влегува во Собранието на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил Државната изборна комисија (ДИК) дека не го прифаќа освоениот мандат.

Повеќе

Дискусијата за минималната плата и барањето за зголемување беа дел од денешната собраниска седница на која пратениците од опозицијата побараа одговор од министерот за економија. Министерот Бесар Дурмиши рече дека Владата е за зголемување на минималната плата, но дека за тоа треба да се договорат синдикатите и работодавачите. Во одговорот, Дурмиши рече дека доколку се зголеми минималната плата без економска оправданост, малите и средните претпријатија ќе се соочат со проблем што ќе се рефлектира со отпуштање на работниците. – Како Влада и како Министерство за економија не сме против зголемување на минималната плата, но потребен е договор меѓу синдикатите и…

Повеќе

Во текот на вчерашниот ден и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Ш.К.(23) од с.Арачиново, скопско, Е.С.(18), С.Д.(36), А.Б.(26) и Ф.Р.(20), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат  соодветни поднесоци. 

Повеќе

СВР Куманово поднесе кривична пријава против Ѓ.Ш.(55) од Куманово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“. Пријавениот, вработен во јавно претрпијатие во Куманово од 2016 година со договор на дело, во текот на 2022 година набавил фалсификувана диплома од средно стручно училиште во Тетово, која ја употребил при аплицирање на отворен јавен оглас за што склучил договор за вработување на неопределено време.   

Повеќе

Вчера во 20:15 часот во СВР Скопје, Т.Д.(35) од Скопје пријави дека околу 15:00 часот на подрачјето на Центар, неговиот 15-годишен син бил пресретнат од пет лица, од кои едниот му се заканил со остар предмет и му одзел пари и мобилен телефон, а друг од нив физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе