Close Menu
Press24
    Најново

    Нафтата поевтинува но во понеделник е можно ново поскапување на дизелот

    18.09.2026 во 12:13

    Пензионер загина во Охрид: Паднал од мотор

    18.09.2026 во 12:20

    Делчево: Се чуделе како возел кога виделе колку е пијан

    18.09.2026 во 12:06
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Спомен на чудата на Свети Архангел Михаил
    • САД и Данска постигнаа договор за Гренланд: Вашингтон добива трајно воено присуство, суверенитетот останува во Копенхаген
    • И „Анима Мунди“ бара истрага за случајот со дивокозите
    • ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата
    • СДСМ до премиерот: Живееш во бајка
    • СДСМ Центар возвраќа: Големи политички амбиции, а не ги знаат ни основните надлежности
    • 11 возачи завршија во станица: Возеле безобѕирно, а некои немале ни дозвола
    • Митева за МИА од Атина: Силата на жените е во нивното учество, одговорност и можност да носат одлуки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: Мицкоски ангажирал „приватен Мосад“ за валкани операции против опозицијата

    СДСМ: Мицкоски ангажирал „приватен Мосад“ за валкани операции против опозицијата

    18.04.2026 во 10:182 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Орбан уште 2018 година ги однесе “Black Cube” во Унгарија и ги користеше за валкани операции против политичките противници. На последните избори во Унгарија, оваа компанија требаше да пушти провокативни снимки против Петер Маѓар, додека истовремено работеа на афера на изборите во Словенија за Јанез Јанша. Сега истата тактика ја применуваат и во Македонија, се вели во соопштението од СДСМ.

    „Христијан Мицкоски и ВМРО-ОКГ се обидуваат да фабрикуваат афери против СДСМ преку странски приватни разузнавачки агенции.

    „Black Cube“ е позната израелска приватна разузнавачка компанија, често наречена „приватен Мосад“.  Се занимава со следење, собирање информации, провокации и фабрикување афери против политички цели. 

    Компанијата е позната по своите спорни методи и соработка со авторитарни режими.
    Мицкоски и неговата група ја ангажирале оваа компанија за да ги следи функционерите на СДСМ, особено претседателот Венко Филипче. 

    Тимот на „Black Cube“ неодамна престојувал во Скопје и во еден ексклузивен хотел имале состанок со заштитниците на криминалната група ВМРО. 

    На состанокот присуствувал и еден бизнисмен, многу близок до ВМРО, кој треба да го финансира ангажманот на оваа приватна израелска компанија.

    Целта е јасна – да се следи опозицијата, да се собираат информации и да се фабрикуваат афери за да се дискредитира СДСМ.

    Ова се случува токму сега, кога ВМРО е во слободен пад, веќе изгуби над 150.000 гласа. 

    Орбановата медиумска мрежа во Македонија паѓа поради финансиска блокада, а Мицкоски е принуден да ја финансира од буџетот – со пари на граѓаните на Македонија. 

    Нервозата е толку голема што Мицкоски јавно се заканува со „имам чувство“ дека ќе почнат гонења против функционери на СДСМ и нивните семејства.

    Ова не е случајност. Ова е класичен автократски модел: кога легалните инструменти не функционираат, се ангажираат приватни разузнавачки агенции за да се прават лажни афери и да се заплашува опозицијата.

    Ние не плашиме од приватни „Мосад-и“, ниту од „чувствата“ на Мицкоски. 

    Ќе продолжиме да инсистираме на вистината, на независното правосудство и на европскиот пат на Македонија.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    ЗНАМ очекува уште еден заменик-министер во Владата

    19.09.2026 во 15:10

    СДСМ до премиерот: Живееш во бајка

    19.09.2026 во 15:09
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.