Author: Author 04

Во изминатите 24 часа, двајца корисници на Домот за стари лица во Тузла, кои беа хоспитализирани на Клиниката за анестезиологија и реанимација по пожарот, починаа во Универзитетскиот клинички центар Тузла, потврди Универзитетскиот клинички центар во Тузла, пренесува Avaz.ba. Во моментов, двајца пациенти се хоспитализирани на Клиниката за внатрешни болести. Бројот на жртви по пожарот во Домот за стари лица во Тузла се зголеми на 17. За потсетување, голем број лица беа повредени во пожарот што избувна во Домот за стари лица во Тузла на 4 ноември.

Повеќе

Регулаторната комисија за енергетика вчера ги објави новите малопродажни цени на горивата, кои стапуваат на сила од полноќ. Бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 поскапеа за 1 денар по литар. Цената на дизелот ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се зголеми за 0,5 денари по литар. Цената на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) остана непроменета. Мазутот М-1 НС, пак, поевтини за 0,806 денари по килограм и се продава по 35,621 денари за килограм. Регулаторите соопштуваат дека корекциите се резултат на движењата на нафтените деривати на меѓународните берзи и курсот на доларот. Цената на бензинот и дизелот никогаш не била поблиску во последните…

Повеќе

Во текот на минатите две недели, од страна на мобилни царински тимови откриени се повеќе обиди за криумчарење разна стока, при што привремено се задржани: – 2 употребувани фотоапарати SONY и CANON со објективи од 50 мм кои при контрола на автобус кој сообраќал на редовна линија Брисел-Скопје, пријавен за влез во државата на граничниот премин Табановце, биле пронајдени сокриени во ќеса над првите седишта. Вредноста на апаратите е проценета на 87.300 денари, а избегнатите давачки се во износ од 20.864 денари. – При контрола на стока со потекло од Кина наменета за фирма од Скопје, а пријавена за увозно…

Повеќе

Се чини дека зимата конечно пристигна во регионот, а првиот снег падна во Хрватска, додека снежна покривка се формираше во БиХ утрово. Снегот ги поздрави и жителите на Љубљана утрово. Првиот снег за сезоната падна во Хрватска во текот на ноќта, а Лика, Горски Котар и Сљеме побелеа. Хрватскиот автомобилски клуб (ХАК) објави дека автопатите што минуваат низ планинските подрачја се покриени со снег и ги повика возачите да бидат дополнително внимателни и да го прилагодат возењето на условите на патиштата, објави Индекс. Во Хрватска, за денес се предвидува претежно облачно време со дожд, а снег главно во повисоките подрачја.…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во интервју за „Призма“ истакна дека во следните четири години ќе се заложи за двојно зголемување на зеленилото според бројот на високостеблести дрвја и вкупната покриеност со зелени површини. „Во моментов имаме детектирано околу 10.000 високостеблести дрвја. Нашата визија е значително да го зголемиме овој капацитет. Планираме да ги збогатиме дел од постојните паркови и зелени површини, а со измените на законските регулативи задолжително предвидуваме повеќе дрва и зеленило во самите парцели,“ истакна градоначалникот. Герасимовски нагласи дека екологијата и зелената енергија се главен приоритет на Општина Центар. „Ја основавме Енергија Центар, првото вакво претпријатие…

Повеќе

Венко Филипче безрезервно ја следи политичката стратегија на Заев штитејќи ги бизнис интересите на кланот Заеви, а притоа целосно ги игнорира барањата на базата во партијата и ја занемарува потребата од реформи, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче доживеа дебакл на изборите со само 120 илјади гласа и 6 општини ја уништи довербата кај граѓаните и членството на партијата. Единствен приоритет на Филипче е исполнување и реализација на барањата и планот на Заев. Реформите и напредокот на СДС се во втор план на Филипче, а фокус му се желбите и заштитата на Заев. Филипче делува по насока на Заев, потврда за тоа…

Повеќе

Утринава во основно училиште во Призрен се случи ужасен напад, кога дванаесетгодишно дете нападнало девојче со остар предмет. Имено, четиринаесетгодишно девојче се здобило со повеќекратни повреди откако, според првичните информации, дванаесетгодишно момче ја прободело со остар предмет за време на конфликт. Нападот, според медиумските извештаи, следел по кратка, но жестока расправија меѓу малолетниците, а точната причина сè уште не е позната. Оваа вест ја потврди портпаролот на полицијата во регионот Призрен, Шаќир Битиќи, нагласувајќи дека полицијата веднаш реагирала по пријавата и дека сите надлежни служби се вклучени во истрагата на случајот. Девојчето е итно префрлено во Регионалната болница во Призрен,…

Повеќе

Ветеното го реализиравме. Од вчера официјално започна аплицирањето за набавка на електронски уреди. Студентите ги добиваат ветените 250 евра или 15.300 денари за набавка на електронски уреди, лаптоп, таблет или персонален компјутер, соопшти Владата. Оваа мерка на Владата подразбира дека сите студенти до 29 години кои имаат запишано семестар во учебната 2025/2026 на додипломски студии на државните или приватните факултети ќе добијат по 15.300 за набавка на електронски помага, во зависност од тоа што им е потребно. 850 милиони денари од буџетот се издвојуваат за студентите. Со оваа мерка директно помагаме на сите семејства и ги олеснуваме трошоците за студирање.…

Повеќе

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) извести за измерените врнежи од дожд во изминатите 24 часа. Најмногу воден талог, 22 литри на квадратен метар, е регистриран во Лазарополе.Според мерењата на УХМР во 7 часот  за наврнат воден талог во деноноќие, 8 литри на квадратен метар се измерени во Маврови Анови, 7 во Пожаране, 6 на Попова Шапка, пет литри во Тетово, четири во Крушево, два во Скопје–Зајчев Рид и еден литар во Скопје-Петровец и Струмица. Утрово најниска температура од 4 степени е измерена во Берово, 5 во Струмица, 9 степени во Скопје–Зајчев Рид, Кавадарци, Куманово, Тетово, Крушево и Маврови Анови, 10…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поднесе Обвинителен акт против 23-годишник од Волково, бидејќи се обезбедено докази дека извршил други полови дејствија со девојче кое не наполнило 15 години согласно член 188 став 5 од Кривичниот законик. Во временскиот период од мај до јули годинава, обвинетиот во својот дом принудувал петгодишно девојче на полови дејствија и и се заканувал дека не смее да му кажува за тоа на нејзиниот татко. Заедно со обвинението, надлежниот јавен обвинител до судот поднесе и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.

Повеќе