Author: Author 04

Министерството за образование и наука ги објави резултатите од конкурсот за доделување ученички стипендии за учебната 2025-2026 година. МОН информира дека сите апликанти ќе добијат решение преку електронскиот портал e-uslugi.mon.gov.mk во делот „Мои апликации“ во колоната „Документ за одлука“ и дека незадоволните апликанти не треба да поднесуваат приговори или жалби пред да добијат решение. -По добивањето на решението, жалбите се поднесуваат до Државната комисија за одлучување во управна постапка, постапка од работен однос и инспекциски надзор во втор степен, во рок од 15 дена од приемот на решението. Просториите на Државната комисија се наоѓаат на бул. „Гоце Делчев“ бр.18 (зграда на МРТВ…

Повеќе

Собранието на Република Северна Македонија денеска ќе ја одржи првата пленарна седница по завршувањето на Локалните избори. Пред почетокот на 70. седница, премиерот и министрите два часа ќе одговараат на прашања од опозициските пратеници. На предлог на дневниот ред на 70. седница се: Во прво читање на седницата ќе бидат разгледани измените и дополнувањата на следниве закони: По завршувањето на 70. седница, Собранието треба да одржи и продолжение на 19. седница, каде преостанати точки се Финансискиот план на Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување за 2025 година и Предлог одлуката за висината на месечниот надомест што го наплатува…

Повеќе

Малку пред полноќ, во облакодерот Вјесник на Славонска авенија во Загреб избувна пожар, а како што се ширеше вертикално, зафати неколку ката и покривот, поради што голем број пожарникари и опрема беа вклучени во неговото гаснење. Сцените се ужасни, а градоначалникот на Загреб, Томислав Томашевиќ, исто така, дојде кај зградата утрово. „Постојано се разгорува на различни катови. Се гаси одвнатре и однадвор. Причината е непозната, постојат некои сомневања, но истрагата на лице место ќе го утврди тоа. За жал, штетата е целосна. Мнозински сопственик на зградата е државата, градежните инженери ќе треба да видат дали објектот е за рушење или…

Повеќе

Времето денеска во земјава ќе биде претежно облачно со повремени локални врнежи од дожд. УХМР предупредува дека на места врнежите ќе бидат пообилни, со очекувана количина над 30 литри на квадратен метар за 24 часа. Локално се можни и услови за невреме со засилен ветер, кој ќе надминува 60 километри на час, како и појава на ретки грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.Минималните температури ќе бидат во интервал од 6 до 11, а максималните ќе достигнат од 13 до 18 степени. Во Скопје ќе преовладува облачно време со повремени врнежи од дожд, кои во делови од…

Повеќе

За жал, неколку факултети не ги пријавија сите редовни студенти и за тој пропуст враќање назад нема. Но, за следниот месец тие ќе си ги добијат средствата, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска по реакции од студенти дека поради неажурност на некои факултети не можеле да аплицираат за субвенциониран студентски оброк и да ги добијат парите. Одговарајќи на новинарски прашања, министерката рече дека МОН ги контактирало факултетите и побарало ажурирање на списоците. – За разлика од претходниот месец, овој месец имаме многу поголем број студенти коишто ќе си добијат студентски оброк, рече Јаневска одговарајќи на новинарски прашања пред…

Повеќе

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес во 15 часот и 48 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар потекнува од пограничното епицентрално подрачје Благоевград, на 124 км југоисточно од Скопје, со Рихтерова локална магнитуда, ML3.2.Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во североисточните делови на Републиката, поточно во Делчево, Виница и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Повеќе

Во Основниот кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за случајот „Онкологија“, каде сведочеа двајца лекари специјалисти, како и застапници на оштетени пациенти. Сведочење на Специјалистите Д-р Даниела Попоска, онколог и радиотерапевт која долги години работела на Клиниката, појасни во врска со комбинирањето на лекови. Таа истакна дека лекот палбоциклит не се дава заедно со хемотерапија или бевацизумаб, туку се комбинира со хормонска терапија како анастерзол или фулвестранд, но не и со мегаце. Таа додаде дека во периодот кога работела, секој лекар давал предлог за терапија, но конечната одлука ја носел директорот, а конзилиум за таргет терапија немало: „Во периодот за…

Повеќе

Тони Јаревски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во Собранието, на денешната комисиска расправа за Предлог-буџетот за 2026 година, имаше свое обраќање каде истакна дека според Фискалниот совет се забележуваат основи на фискална консолидација. Јаревски додаде дека Предлог-буџетот ја истакнува волјата на извршната власт за развој. Според него, опозицијата води несуштинска расправа во контекст на Предлог-буџетот. ,,Мојот впечаток во овие 3 дена општа расправа е тоа дека опозицијата се уште упорно одбива да ги увиди некои работи, упорно седи во својот свет и за жал повторно ќе констатирам во тоа е се поосамена“, рече Јаревски. Јаревски посочи дека Предлог-буџетот е реален, со силно изразена развојна компонента и…

Повеќе

Алкохолот влегува во крвотокот побавно отколку што мислитеЕкспертите истакнуваат дека процесот на апсорпција не е моментален. Потребни се најмалку 10 до 15 минути за околу половина од внесената количина алкохол да се пренесе во крвта. По 30 минути, околу две третини се во телото, а само по 60 до 70 минути е речиси целата количина. Целосната апсорпција обично завршува по час и половина. Д-р Бисерка Обрадовиќ објаснува дека единечна доза алкохол, како што е чаша вино или кригла пиво, се разградува во црниот дроб помеѓу 90 минути и 24 часа. Таа исто така нагласува дека луѓето речиси никогаш не пијат…

Повеќе

Возач на Киа и неговата сопруга застанале покрај локален пат во близина на Шварцах за да му помогнат на човек во Мерцедес на кој наводно му снемало гориво. Сепак, нивната наивна желба да помогнат на крајот се покажала како најлошата можна одлука. Според полицијата, Мерцедесот веќе бил украден неколку часа претходно. Но, возачот на Киа не го знаел тоа кога излегол од возилото за да понуди помош. Додека сопственикот на Киа проверувал што може да направи, возачот на Мерцедес едноставно скокнал зад воланот на Киа и веднаш се одвезол со сопругата на совозачкото седиште. По околу 13 километри, на влезот…

Повеќе