- Апасиев до Трипуновски: Вие сте министер на шумската и кванташката мафија
- Ангелова: СДС не може да ги поднесе резултатите на министерот Трипуновски во земјоделството, затоа поднесува интерпелација
- Петровска: Трипуновски потона во скандали и корупција, а земјоделците останаа без субвенции и без пари
- Тренчевска: Предвидуваме зголемување на пензиите до 50 проценти во еден мандат
- Авион со речиси 200 патници кружел над Осиек бидејќи контролорот доцнел на работа
- Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло
- Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец
- Апсења во Скопје
Author: Author 04
Вчера во 19:35 часот во СВР Скопје е пријавено дека на 15.11.2025 околу 13:00 часот на подрачјето на општина Аеродром, Р.З.(65) од с.Трубарево, скопско, по претходна расправија, бил физички нападнат од две женски лица, во чиј двор претходно извршувал работни задачи. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Вчера во 12:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во домот на подрачјето на Драчево пронајден е починат М.А.(55) од Скопје. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Извршен е увид од увидна екипа од СВР Скопје.
Вчера околу 04:00 часот во ОВР Кавадарци, од Општа болница Кавадарци e пријавено дека кај нив со повреда бил донесен малолетник од Кавадарци. Според пријавеното, додека бил во домот на негов малолетен другар во Кавадарци, пронашлe воздушна пушка и додека ја разгледувале, едниот малолетник случајно испукал една дијабола и го повредил другарот. Во ОВР Кавадарци бил извршен службен разговор со малолетникот во присуство на родител и адвокат за малолетници, а воздушната пушка била пронајдена и одземена. Увид извршила увидна екипа од ОВР Кавадарци, известени биле јавен обвинител и Центар за социјални работи Кавадарци и по документирање на настанот ќе биде…
Претседателот на СДСМ и на Националниот совет за евроинтеграции, Венко Филипче, на денешеншана седница на Советот упати сериозни критики за состојбата во правосудството, посочувајќи дека Европската комисија јасно укажува на тоа дека независноста на судството во државата е нарушена и со тоа директно е загрозена неговата независност и кредибилитет.„Генералната независност и финансиска автономија на правосудството се поткопани со вмешување и притисок од други гранки на власта за притисок врз членовите на судскиот совет“, рече Филипче.Филипче исто така нагласи дека во извештајот Европската комисија се задржува на три клучни препораки кои Владата мора итно да ги исполни, а тоа се донесувањето на Закон за парнична постапка, согласно…
ЈП Паркинзи на Општина Центар во соработка со Сообраќајната полиција-Скопје со помош на специјалните возила „Пајак“ санкционираа 144 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот. Оттаму велат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.
На денешната седница на Националниот совет за евроинтеграција, претседателот на СДСМ, Венко Филипче, упати сериозни критики за состојбата со реформите и европскиот пат на државата, нагласувајќи дека Македонија стои во место, а владата нема политичка волја за суштински реформи. „Јасно кажува овој извештај, дека реформи нема, го губиме времето. Ова е еден од најлошите извештаи кои што државата го добила. Полош е само тој во 2015 година, кога сме оценети како заробена држава.“ рече Филипче. Тој истакна дека нема напредок во клучни области и дека државата ризикува нови услови за отворање на преговорите. „Нема напредок во клучните области. Од тука се гледа дека…
Под влијание на серија влажни воздушни бранови, до крајот на седмицата се очекува период на променливо облачно и релативно топло време, проследено со повремени локални врнежи од дожд. Врнежите на места ќе бидат пообилни. Локално се можни и услови за појава на невреме со засилен ветер, чија брзина може да надмине 60 км/ч, и ретки грмежи. Се очекува во текот на 24 часа да наврне поголема количина дожд, која ќе изнесува над 30 литри на метар квадратен. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Во Скопје, следува период на променливо облачно време со повремени врнежи од дожд, кои…
Актуелни и поранешни партиски функционери на СДС бараат промени во раководството, само за Филипче тоа не важи, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Веќе две недели по катастрофалните избори на кои СДС спадна на 120.000 гласови и само 6 општини, партијата и натаму без никакви промени во врвот, а на Филипче тоа му одговара, истакна Манасиевски. „Откако веќе јавно се повеќе актуелни и поранешни функционери бараат промени, станува јасно во јавноста дека Филипче се повеќе го губи легитимитетот во партијата. Наместо да понесе одговорност за лошите резултати за кои тој лично е виновен, тој продолжува по старите…
ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.Т.(37) од селото Мешеишта, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „загрозување на сигурноста“. На 02/03.10.2025 во атарот на струшкото село Мислешево, полициски службеници од ОВР Струга го затекнале пријавениот како управува патничко возило „митсубиши паеро“ без регистарски таблички натоварено со огревно дрво без документација. Притоа, тој се обидел со возилото да ги удри полициските службеници, по што е лишен од слобода.
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ги распиша повторените локални избори за четири општини, кои ќе се одржат на 11 јануари. Повторувањето на изборите се однесува на општините Гостивар, Маврово Ростуше, Врапчиште и Центар Жупа. Во овие општини, на првиот круг од локалните избори на 19 октомври, немаше доволен број излезени граѓани за да се исполни законскиот цензус. По распишувањето на изборите од страна на Собранието, Државната изборна комисија (ДИК) закажа седница за 13:00 часот. На седницата ДИК треба да ги започне подготовките за спроведување на повтореното гласање во наведените четири општини.
