Вчера во СВР Куманово е пријавено дека во 16:50 часот на стадион „Башкими“ во Куманово, по завршување на фудбалскиот натпревар помеѓу фудбалските клубови „Башкими“ од Куманово и „Струга Трим Лум“ од Струга, настанала расправија помеѓу Б.Х.(39) од Куманово, сопственик на фудбалскиот клуб „Башкими“ и едно лице од гостинската екипа од Струга.
Подоцна, на паркинг простор, неколку лица со употреба на тврди предмети, го оштетиле паркираниот автобус, сопственост на приватна фирма од Струга, кој ги превезувал играчите од Струга.
Во врска со настанот, во 20:20 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода Б.Х.(39). Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.
- 55-годишник од липковско ги нападнал сопругата и ќерката, завршил зад решетки
- Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
- Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
- Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
- „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
- Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
- Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
- Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало

