- Трипуновски: Владата на ВМРО-ДПМНЕ ги зголеми субвенциите во овчарството на 3.000 денари по грло
- Физички нападнал сограѓанин кој се онесвестил: Кривично гонет 36-годишен кривопаланчанец
- Апсења во Скопје
- Почината жена пронајдена во стан во Аеродром, телото е предадено на обдукција
- Невреме со град го погоди Мариово, поројни врнежи и грмежи во прилепско и кратовско
- Татко си ги тепал ќерките, сопругот на нападнал сопругата – Две лица лишени од слобода од вкупно седум пријави за семејно насилство во последното деноноќие
- Голема акција на МВР: Лишени од слобода 23 возачи, меѓу нив и малолетници
- Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
Author: Author 04
Во петок на 21 ноември се празнува Св. Aрхангел Михаил.Празникот на Aрхангел Михаил се нарекува уште и празник на војводата на сите ангели. Главниот празник на свети архангел Михаил се празнува на 8 ноември (јулијански календар). Се вика Собор на свети архангел Михаил. Денес, пак, црквата утврдила да се празнува споменот на неговите чуда што се случија во местото Хони, близу Ерапол во Фригија, каде што подоцна исто во спомен на неговите чуда беше подигната црква посветена на свети архангел Михаил. Но во ноември пак меѓу поголемите есенски празници што нашиот народ ги празнува со домашни служби е и празникот…
Полагањето за возачка дозвола од Б категорија поскапе за речиси 10.000 денари, што остави многумина изненадени и револтирани, пренесува порталот Денар. Ако досега кандидатите плаќаа околу 24.000 денари за целата обука во авто-школите, од овој месец цената скокна на 34.000 денари, а плус на тоа се додава и трошокот за изнајмување полигон, кој чини 250 денари по час. Со други зборови, секој дополнителен час зад воланот сега значи и дополнителен удар по џебот. Од авто-школите објаснуваат дека покачувањето било неминовно поради зголемените трошоци за гориво, одржување на возилата и техничка опрема, но дека и новите прописи што ги воведе ресорното министерство…
Венко Филипче воопшто не е заинтересиран ниту за партијата, уште помалку за граѓаните и државата, велат од ВМРО-ДПМНЕ. „Филипче секој ден се интересира само за една работа, а тоа е како да ги задоволи желбите на Зоран Заев и како заедно со него да го минува времето во луксузни вили, јахти во соседството или во Дубаи. Филипче да беше малку заинтересиран за јавното добро за почеток ќе направеше нешто добро за СДС, ќе започнеше со консолидирање на партијата, поставување на нови и квалитетни кадри. И доколку Филипче почнеше да прави нешто добро за партијата во државава ќе имаше здрава опозиција.…
ОВЕН Дневниот хороскоп вели дека едно необично утринско познанство би можело да го промени начинот на кој го гледате светот околу вас. На работа, се отвораат шанси да покажете колку сте креативни, вашата енергија не останува незабележана. Зафатените луѓе уживаат во нова блискост со својот партнер, додека слободните можат да очекуваат пријатно изненадување преку неочекувана средба. Ќе уживате во мир дома. БИК Вестите поврзани со финансиите ќе разбудат оптимизам во вас, а зголемената интуиција ќе ви помогне да избегнете непотребни трошоци. Трпение е потребно на работа, ќе бидете личност која може да прави компромиси. Слободните Бикови ќе се чувствуваат привлечени…
Казните достигнуваат до 1.800 евра: Стапува во сила забраната за фрлање смет од 22:00 до 06:00 часот
Од денеска стапува на сила одлуката со која се забранува фрлање отпад во Скопје во ноќниот период, односно од 22:00 до 06:00 часот. Градските власти најавија засилени контроли за спроведување на оваа мерка. Инспекторите ќе бидат распоредени на терен и по полноќ со цел да ги санкционираат сите прекршители на новата забрана. За физичките лица, прекршувањето на забраната ќе чини 50 евра. Казните за правни лица се движат од 1.300 до 1.800 евра, а може да бидат и повисоки во зависност од видот на исфрлениот отпад. Во контролите ќе бидат вклучени сите градски инспектори и комунални редари. Тие ќе патролираат…
Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска ќе присуствува на настанот за поставување на камен-темелник за изградба на нова детска градинка. Настанот ќе се одржи во Општина Гази Баба. Според информациите од Генералниот секретаријат на Владата, новата градинка е планирано да се гради во реонот кај салонот за „Мерцедес“, спроти Универзитетот ФОН.
Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад на Република Северна Македонија (РКЕ) денеска ќе одлучува за новите цени на нафтените деривати.Моменталните максимални цени на нафтените деривати изнесуваат:Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 95 74,50 (денари/литар)Моторен бензин ЕУРОСУПЕР БС – 98 76,50 (денари/литар)Дизел гориво ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) 72,00 (денари/литар)Масло за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 69,50 (денари/литар)Мазут М-1 НС 36,427 (денари/килограм)
Премиерот Христијан Мицкоски и градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, синоќа извршија обиколка на главниот град. Обиколката следи откако Центарот на Скопје и кејот на Вардар викендов повторно беа чистени со вода. Градоначалникот Ѓорѓиевски, преку социјалните мрежи, ја истакна состојбата во градот: „Вечерна обиколка на Скопје со премиерот Христијан Мицкоски. Сега конечно личи на метропола, како што доликува. Улиците и плоштадите чисти, полни со посетители – ја нема онаа лоша слика на која навикнавме. И никогаш повеќе нема да се повтори!“ Тој додаде дека е посетен и просторот на Луна Паркот, за чија реализација наскоро ќе започне постапка. „Го посетивме и…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице за кривично дело – Разбојништво од член 237 став 4 од Кривичниот законик. Делото го извршил заедно со уште едно лице по кое се трага. На 15 ноември, спроти еден трговски центар во Скопје, двајцата следеле еден оштетен. Во еден момент осомничениот со тупаница го удрил оштетениот по главата, а другиот напаѓач му се заканил со боксирач. Претурајќи по јакната на нападнатиот пронашле и одзеле 8.800 денари. Го турнале на земја, го удирале со клоци и се обиделе да му го скршат мобилниот телефон, по што избегале.…
Регионалниот центар за управување со кризи (РЦУК) Скопје информира дека денеска ќе има планирани прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе скопски општини. Известувањето е добиено од ЕВН Македонија АД. Прекините ќе ги опфатат делови од општините Центар, Карпош, Гази Баба, Кисела Вода и Сарај.
