Close Menu
Press24
    Најново

    Неофицијално: Вечерва во Прилеп уапсен виш јавен обвинител

    06.10.2026 во 19:35

    ГАЛЕРИЈА: Голема заплена на Царината – Ги фатиле со 79 кила дрога

    06.10.2026 во 10:55

    Детали: Приведениот обвинител од Прилеп ургирал во 4 предмети и барал пониски казни – колегите го снимале цело време

    07.10.2026 во 10:52
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Како на филм: Полицаец скокнал врз автомобил, го возеле 40 км со брзина од 95 км/ч
    • Ужас го потресе регионот: Полицаец уапсен и задржан во притвор откако ја претепал невенчаната сопруга
    • Владата го усвои Предлогот за измени и дополнувања на Буџетот за 2026 година
    • Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новиот грчки амбасадор Јоанис Малукос: Очекувања за ново поглавје и грчка поддршка за ЕУ
    • (ВИДЕО) Се судрија два авиони – во едниот имало 290 патници
    • Шокантен случај: Шефот ја натерал да направи 200 чучњеви како казна, завршила во болница
    • Патник криел десет живи птици зашиени во панталоните – Необичен обид за шверц во Мајами
    • Привремен прекин на полетувањата на белградскиот аеродром: Воведена вонредна контрола на патниците
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Драма во Грција пред туристичката сезона: Земјата има залихи на гориво за два месеци

    Драма во Грција пред туристичката сезона: Земјата има залихи на гориво за два месеци

    20.04.2026 во 10:281 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Грција располага со доволно залихи на гориво за наредните два месеци, потврдија високи претставници од грчкиот рафинериски сектор за весникот „Катимерини“. Сепак, неизвесноста околу продолжувањето на конфликтот во Персискиот Залив создава загриженост за долгорочното одржување на соодветните количини на енергенси.

    „Целосно сме обезбедени за два месеци. Доколку пловидбата во Ормутскиот теснец не се обнови, ситуацијата ќе стане потешка подоцна“, изјави претставник од секторот.

    Грчкиот рафинериски капацитет, кој вклучува четири рафинерии (Аспропиргос, Елефсина и Солун), работи со производство што ја надминува домашната побарувачка, при што повеќе од 50 проценти од производите се извезуваат. Безбедносните резерви на земјата, според официјалните податоци, ги надминуваат задолжителните количини за покривање на побарувачката за период од 90 дена.

    Ситуацијата се следи внимателно поради блокадата на Ормутскиот теснец, која трае уште од крајот на февруари, кога започна конфликтот меѓу САД/Израел и Иран. Овој теснец е од витално значење за глобалната економија, бидејќи низ него минува околу 20 отсто од светската трговија со нафта и течен природен гас.

    Прочитај повеќе

    Ужас го потресе регионот: Полицаец уапсен и задржан во притвор откако ја претепал невенчаната сопруга

    07.10.2026 во 20:09

    Привремен прекин на полетувањата на белградскиот аеродром: Воведена вонредна контрола на патниците

    07.10.2026 во 18:46
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.