Author: Author 04

Неверојатната приказна, која стана вирална во 2016 година, повторно се појави на социјалните мрежи. Абраг Мохамед, од малата планинска заедница Азилала, верувал дека ја изгубил сопругата во несреќата. Неговата сопруга, чие име не е објавено, била однесена во болница во Казабланка, каде што лекарите рекле дека е малку веројатно да преживее. Сепак, семејството било должно да ги плати медицинските трошоци. „Морав да го примам нејзиното тело, наводно завиткано во чаршаф и веќе во ковчег“, изјавил Мохамед за локалниот медиум Нуево Диа. Погребот се одржал во нивниот роден град во 2014 година. Две години подоцна, неговите пријатели гледале емисија која имала…

Повеќе

СВР Скопје го расчисти случајот пријавен на 11.11.2025 во 20:00 часот од страна на Г.М.(39) од Скопје, кој пријави дека околу 15:50 часот на подрачјето на Центар, неговиот 12-годишен син бил физички нападнат од Б.Љ., кој потоа со остар предмет му нанел расекотина и му го оштетил велосипедот. По преземени соодветни мерки и активности, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Б.Љ. и од него е одземен ножот со кој го извршил кривичното дело. Обезбедени се и дополнителни докази во врска со стореното кривично дело, а по консултација со ОЈО Скопје поднесена е кривична пријава по член 201-…

Повеќе

Тешка сообраќајна несреќа се случи денес во Бањица, Белград кога автомобил се заби во група луѓе. Како што е објавено на социјалните мрежи, автомобилот се заби во улични продавачи. Екипа на брза помош е на местото на настанот. Според очевидци, две лица се заробени под возилото. View this post on Instagram A post shared by SERBIA LIVE – VESTI (@serbialive_vesti)

Повеќе

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска денес изврши увид во градежните активности за уредување на речното корито на Мала Рада, каде во напредна фаза се изградбата на потпорните ѕидови и уредувањето на самото корито.Проектот се реализира со средства обезбедени од Владата на Република Македонија, преку програмата за капитални инвестиции финансирани од унгарскиот кредит, за кој Општина Кисела Вода аплицираше и доби одобрување во рамки на поддршката за општински проекти.Реката Мала Рада се протега долж целото село Драчево, пред нејзиното влевање во реката Вардар, во должина од околу 2,5 километри. Рехабилитацијата на бетонските профили и санацијата на потпорните косини ќе…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска додели 8 стипендии за ученици кои доаѓаат од социјално загрозени семејства. „Секое дете заслужува еднаква шанса. Продолжете да учите, да се трудите и да ги следите своите соништа. Успехот доаѓа кога веруваме во себе и кога не се откажуваме,“ порача градоначалникот Горан Герасимовски. Со ова, вкупниот број на доделени стипендии во учебната 2025/2026 година достигна 138, во области на наука, спорт, култура и социјална поддршка. Општина Центар продолжува да ги поддржува сите ученици кои со своите резултати и успеси покажуваат посветеност, труд и желба за напредок.

Повеќе

Предлог-буџетот за 2026 година ја потврдува посветеноста на Владата кон стабилноста, предвидливоста и одговорното управување со јавните финансии. Овој буџет не е само документ со бројки и табели – тој е економска порака за раст, инвестиции и сигурност за граѓаните, компаниите и институциите.Ова го истакна министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска во експозето по Предлог-буџетот за 2026 година пред Комисијата за финансирање и буџет во Собранието. Министерката истакна дека со него се продолжува стратегијата за рационално и дисциплинирано користење на јавните средства, со цел одржлив економски развој и подобрување на животниот стандард.“Буџетот за 2026 година е доказ дека можеме да управуваме…

Повеќе

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, денеска се обрати на одбележувањето на 25-годишниот јубилеј на Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), истакнувајќи дека институцијата го вратила својот кредибилитет и интегритет.Чест и привилегија е да се обратам денес, на одбележувањето на 25 годишниот јубилеј на институцијата која е носечки столб на нашето јавно здравство – ФЗО. ФЗО е институција која не е само администратор на фондови, туку партнер, градител, чувар на стабилноста и двигател на реформите, рече Мицкоски. „Но мора да бидеме искрени, оваа институција во минатото имаше сериозно разнишан кредибилитет. Граѓаните гледаа директори со пари, непресметани расходи, нетранспарентни одлуки и систем кој…

Повеќе

Запленети 2.500 инфузиски медицински сета – игли, шприцеви, канили и системи за инфузија, ризични по здравјето на граѓаните. За случајот информираше директорот на Царинска управа, Бобан Николовски, во интервју на Алфа телевизија, при што истакна дека годинава се запленети над 10 илјади парчиња лекови. „Последен случај каде јасно се гледа нашата заложба во заштита на здравјето на граѓаните е заплената на 2.500 инфузиски сета во царинска испостава Скопје 3. Случајот е откриен при детална контрола на инфузиски медицински материјал – игли, канили и системи за инфузија, при што е констатирано е дека истите се кинеска стока, а не германска која била…

Повеќе

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против едно лице за кривично дело – Насилство врз дете од член 201а од Кривичниот законик. Осомничениот 53-годишник на 11 ноември извршил насилство врз 12-годишно дете. Додека детето се движело со велосипед по булеварот “Крсте Мисирков”, осомничениот го пресретнал со електричен мотор и без повод и причина агресивно го нападнал со тупаници и клоци во пределот на лицето и телото. Во еден момент извадил и нож со кој замавнал кон детето, а потоа со дршката го удрил по главата. Детето успеало да се оттргне и да побара помош од случајни минувачи. Осомничениот го зел…

Повеќе

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, денес се обрати на првата работилница за вработените во Миниситерството во рамките на проектот „Преосмислување на управувањето – фаза 2“, поддржан од Владата на Обединетото Кралство преку Британската амбасада во Скопје и спроведуван од Центарот за управување со промени (ЦУП). Работилницата претставува почеток на процесот за дефинирање на стратешките цели, клучните индикатори на успешност и современите стандарди за управување во јавната администрација. Министерот Минчев, истакна дека овој процес е суштински чекор во насока на трансформација на институциите и изградба на поефикасна, професионална и граѓански ориентирана администрација. „Јавната администрација е столбот на секоја современа држава,…

Повеќе