Close Menu
Press24
    Најново

    Ќе снема вода во 9 часот – Водовод најави исклучувања

    22.10.2026 во 08:22

    Се расправале за имот, па извадил пиштол и пукал во него – поранешен фудбалер обвинет за убиство на сопствениот брат

    22.10.2026 во 11:06

    Скопјанец преживеал хорор кај Градски Парк

    22.10.2026 во 08:36
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Сали – Боланд: Поддршка од ЕЕСК за членството во ЕУ и вклученоста на граѓанскиот сектор
    • Усвоен кварталниот извештај за извршување на Буџетот на општина Карпош за 2026 година
    • Трамп: Иран пред изборите за Конгресот ја зголемува цената на нафтата
    • Олеснета постапка за визи за Саудиска Арабија за македонските државјани
    • Историски успех за македонскиот хип-хоп: Нина Талеска е светски вицешампион
    • Ослободителна пресуда за Борче Ангелов и Илија Спасески за нападот врз Христијан Пендиков
    • Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
    • Азизи: Довербата во Обвинителството не треба да ја бараме, туку да ја заслужиме 
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » „Не се занимавам со естрадни политики“: Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за ангажирање странска разузнавачка служба

    „Не се занимавам со естрадни политики“: Мицкоски ги отфрли обвинувањата на СДСМ за ангажирање странска разузнавачка служба

    19.04.2026 во 12:261 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Премиерот Христијан Мицкоски категорично ги отфрли тврдењата на опозициската СДСМ дека Владата ангажирала странска приватна разузнавачка компанија со цел следење на опозициското раководство и фабрикување афери. Во својата изјава, премиерот ги оцени овие обвинувања како неосновани и порача дека фокусот на неговата работа останува на економските прашања.

    „Што се однесува до некакви компании за да го следат раководството на СДСМ, мислам дека таков тип на однесување од наша страна не постои. Тоа не е дел од мојот карактер, ниту имам намера да се занимавам со такви естрадни политики. Јас сум фокусиран на развојот на државата и подобри услови за живот на граѓаните“, изјави Мицкоски.

    Претходно, од СДСМ излегоа со сериозни обвинувања, тврдејќи дека власта ја ангажирала израелската приватна разузнавачка компанија „Блек кјуб“. Според опозициската партија, компанијата била користена за следење на опозицијата и прибирање информации за нејзина дискредитација. СДСМ тврди дека претставници на оваа компанија веќе оствариле состаноци во Скопје со лица блиски до власта и со бизнисмен кој наводно го финансирал ангажманот, оценувајќи го овој потег како показател за „автократски модел“ на владеење.

    Од Владата, пак, повторуваат дека ваквите наводи се невистинити и порачуваат дека приоритет на извршната власт останува справувањето со актуелните предизвици со кои се соочуваат граѓаните.

    Прочитај повеќе

    Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ

    22.10.2026 во 19:05

    Стојаноски: Со вториот ребаланс на Буџетот социјалните трансфери се зголемуваат и достигнуваат 212 милијарди денари

    22.10.2026 во 18:37
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.