- Трагедија во скопско: Почина вработена во училиште во Црешево
- Муцунски од Софија: Македонија е заложник на некоректна блокада, за идентитетот и јазикот нема преговори
- Започна исплатата на социјалната и детската заштита за мај
- Талески: Трипуновски направи пустош во земјоделството, блокирани се 128 милиони евра европски средства
- Силно невреме ја зафати Крива Паланка: УХМР предупредува на интензивен дожд и град
- Силно невреме со град меѓу Скопје и Тетово, врнежи и во Крива Паланка
- Кривична пријава за 23-годишен скопјанец по сообраќајната несреќа со смртни последици во Илинден
- УХМР со најнови податоци: Каде е најжешко, а каде наврна најмногу дожд до 14 часот
Author: Author 04
Директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев престојува во официјална посета на Обединетите Арапски Емирати, во рамки на која оствари билатерални средби со шефовите на полиции и високи полициски претставници од Абу Даби и Дубаи. На средбите директорот Јанев ја истакна важноста од продлабочување на полициската соработка и размена на искуства во области каде полицијата во ОАЕ постигнува иновативни резултати во справувањето со безбедносните предизвици и гарантирањето на јавната безбедност. Акцентот беше ставен на технолошкиот развој, дигитализацијата на полициското постапување и примената на вештачка интелигенција за унапредување на ефикасноста во секојдневните полициски операции. „Имав можност да ја посетам „паметната…
Пред околу 30 минути беше пријавена смртта на Златко Б., 53-годишен, кој почина како последица на срцев удар додека бил на работа во Општина Струга, објави порталот Струга Експрес. Екипите на Итна помош веднаш пристигнале на местото на настанот и се обиделе да му ја пружат потребната медицинска помош, но за жал не можеле да му го спасат животот.
Oдговорното користење на дигиталниот простор е клучно за поттикнување здрави навики и позитивни онлајн-искуства – истакна Мукаетов на конференцијата за безбеден дигитален простор. Генералниот директор и претседател на УО на „Алкалоид“, Живко Мукаетов, учествуваше на конференцијата „Content Positive 2025 – подобар онлајн“, настан посветен на унапредување на дигиталната безбедност, организиран од „А1 Македонија“, кој на едно место обедини истакнати експерти од онлајн-безбедноста, сајбер-заштитата, образованието, технологијата, јавниот живот и креаторите на содржини, со цел размена на знаење, искуства и добри практики. На панелот 3 од конференцијата насловен „Подобри онлајн-практики“ учество земаа и Кики Мукаетова – креаторка на содржина, Ана Попризова –…
Вчера во 17:20 часот, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Е.К.(33) од Албанија, со престој во Тетово. При претрес во домот во кој живее под наем, извршен со судска наредба, пронајдени и одземени се три пакувања со марихуана. Таа е задржана во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.
Доказот дека Заев се уште ги држи конците во СДС, е поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на Филипче, сите тројца летото го поминаа на скапата јахта на Заев, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ. Венко Филипче како верен послушник на Заев, го прави тоа што неговиот ментор ќе му го заповеда, вели Манасиевски. Манасиевски посочи дека поставувањето на Александар Трајановски за потпретседател на СДС од страна на Филипче, е еклатантен пример за тоа дека Зоран Заев се уште ја води партијата во сенка. „Да се потсетиме, овие тројца заедно ги поминаа летните денови на…
Скандалот со непотребно извршените кардиохируршки операции кој ја згрозува јавноста мора да има целосна разврска, без да се сокрие и најмал детал, велат од СДСМ. „Министерот за здравство Алиу, иако веќе утврдил дека за 10 случаи станува збор за непотребно извршени операции или непотребно упатување на операции, сѐ уште не кажува кои се болниците и лекарите што го направиле тоа. Ова е апсолутно недозволиво. Објаснувањето дека нема да се откриваат имињата затоа што извештајот не бил конечен остава простор за манипулација со фактите и за менување на наодите. Ваквото презентирање на истрагата и наодите е скандалозно. Дали министерот намерно не…
Најмалку четири лица беа повредени вечерва кога руските војници го нападнаа Харков со наведувани бомби, а дел од градот остана без струја, соопштија регионални и градски власти. „Се утврдуваат детални информации“, изјави шефот на регионалната администрација на Харков, Олег Синегубов, во објава на Телеграм, пренесува Укринформ. Градоначалникот на Харков, Игор Терехов, изјави дека, според прелиминарните податоци, целите на нападот биле областите Слободски и Салтивски, каде што избувнал голем пожар како резултат на ударот. „Имаме информации дека е погодена територијата на медицинска установа, една од комуналните згради претходно била уништена“, рече Терехов. Според него, четири лица се повредени, а најмалку 12…
Хрватска е на нозе откако три деца беа пријавени како исчезнати. Според локалните медиуми, Патрик Јантолек (16) и братот и сестрата Адријано (14) и Кјара Оречиќ (13) исчезнаа во Сисак. „Мајката на Кјара ми се јави и ми рече дека не може да ја контактира неа или нејзиниот брат и ме замоли да го повикам Патрик бидејќи можеби се со него. Патрик и Кјара се дечко и девојка. Патрик беше многу формален во пораките, одговарајќи само со „да“ и „не“. Тоа беше во среда наутро. Оттогаш, нема никаква трага од нив“, изјави мајката на Патрик, Ана Мари Матејаш, за Dnevnik.hr.…
Во пожарот во домот за стари лица загинаа 15 лица, а повеќе од 30 се повредени. Обдукциите покажаа дека сите починале од задушување, а дека едно тело било зафатено од пожар. Телата на двете жени кои починаа синоќа наскоро ќе бидат ексхумирани. Кантоналното обвинителство во Тузла го истражува пожарот, а експертите за електрична и противпожарна заштита сега ги доставија своите наоди и мислења за причините за пожарот. Извештајот и мислењето на електричарот ја наведуваат причината за пожарот. „Предизвикан е од краток спој во спроводниците на приклучниот кабел на радио приемникот, кој во моментот на пожарот бил вклучен во приклучок, стегнат…
Следен и последен неработен ден е 8 декември – што е и последен продолжен викенд годинава.Согласно со Законот за празниците на Република Македонија (Сл.весник на РМ број 21/98 и 18/07) во 2025 година неработни денови се: За сите граѓани на РСМ За граѓаните од православна вероисповед За граѓаните од католичка вероисповед За граѓаните од муслиманска вероисповед За граѓаните припадници на албанската заедница во РСМ За граѓаните припадници на српската заедница во РСМ За граѓаните припадници на ромската заедница во РСМ За граѓаните припадници на влашката заедница во РСМ За граѓаните припадници на еврејската заедница во РСМ За граѓаните припадници на бошњачката…
