Author: Author 04

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со услови за појава на магла во утринските часови во одделни котлини. Кон крајот на денот и во текот на ноќта, во северозападните делови се очекуваат услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец. Минималните температури ќе се движат во интервал од -1 до 6 степени Целзиусови, додека максималните дневни температури ќе достигнат од 16 до 19 степени. Во главниот град, Скопје, наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на магла. Во текот на денот ќе преовладува претежно облачно време со умерен до засилен јужен…

Повеќе

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска оствари телефонски разговор со заменик-државниот секретар на Соединетите Американски Држави, Кристофер Ландау. Во разговорот беше потврдена конструктивната и блиска соработка со САД како стратешки партнер на Република Северна Македонија, како и заедничката определба за унапредување на регионалната стабилност, економската соработка и сојузништвото во рамките на НАТО Алијансата. Соговорниците разменија мислења за потенцијалот и подготвеноста за понатамошно продлабочување на економските врски, вклучително и зголемување на трговската размена и поттикнување нови инвестиции. Министерот Муцунски ја реафирмираше силната посветеност на Република Северна Македонија кон унапредување на билатералните односи со САД, како и кон…

Повеќе

Со еден глас против и еден воздржан, донесен е ребалансот на Буџетот на град Скопје – обезбедени се средства за булевари, паркови, зголемени капитални инвестиции!, соопшти градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски. На денешната седница на Советот на Град Скопје, беше изгласан ребаланс за закрепнување на градот и јавните претпријатија, ребаланс кој ќе овозможи плати за вработените, но и со кој кратиме непродуктивни трошоци, рече Ѓорѓиевски. Ѓорѓиевски им се заблагодари на сите советници за поддршката и конструктивноста. Почнуваме со консолидација, истакна Ѓоршиевски. „Овој ребаланс значи сериозна промена со кој буџетскиот дефицит го намалуваме за 928,5 милиони денари, а капиталните инвестиции…

Повеќе

Вчера во 20:30 часот во с. Долно Лисиче, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Ф.И.(34) од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека поради нерасчистени должничко-доверителски односи, му упатувал закани на И.А.(30) од с. Долно Лисиче и притоа со спреј го испрскал по очите. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Повеќе

Вчера во 09:40 часот во СВР Скопје е пријавено дека во средно училиште на подрачјето на Карпош во Скопје, малолетник бил физички нападнат од неколку негови соученици од училиштето. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

Премиерот Христијан Мицкоски објави дека во државното здравство е извршена првата трансплантација на рожница, што претставува исклучително значаен и долгоочекуван чекор напред, особено за пациентите на кои им е потребен ваков високо-специјализиран третман. Со оваа операција, посочува премиерот, Македонија се вбројува меѓу ретките држави во регионот кои извршуваат вака сложена процедура. Трансплантациите беа изведени во соработка со врвни меѓународни експерти: Докторите Лојд Вилијамс, Николас Гарсон и Шина Сонг од Duke University (САД), еден од највисоко рангираните универзитети за клиничка медицина во светот.Операциите беа изведени заедно со тим на македонски офталмолози. Овој процес беше координиран од Националниот координатор за трансплантација, проф.…

Повеќе

Вчера во 14:00 часот во СВР Скопје, М.Ј.(49) од Скопје пријави дека на 12.11.2025 околу 22:15 часот на подрачјето на општина Аеродром, нејзиниот 15-годишен син бил пресретнат од шест лица на возраст од 17 до 20 години, а еден од нив му се заканил и му побарал пари, но откако не нашол пари кај оштетениот, физички го нападнал. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Повеќе

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.А.(55) од струшкото село Подгорци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“. На 18.09.2025, при контрола на мерни броеви било утврдено дека тој неовластено извршил премостување на мерната опрема, при што директно од мрежата преземал  нерегистрирана електрична енергија. На тој начин тој се стекнал со противправна имотна корист од 184.329 денари.  

Повеќе

ВМРО-ДПМНЕ треба да се грижи за ова што го зборувавме денеска, и ВМРО-ДПМНЕ треба да им даде одговорите на граѓаните за сите оние скандали коишто ги објавивме досега и допрва ќе ги објавуваме, изјави на денешната прес-коференција Богданка Кузеска – портпаролка на СДСМ.ВМРО-ДПМНЕ треба да размислува за реформите и во нивната партија и во Владата, треба да размислуваат за потребите на граѓаните коишто ги ветија, а не ги испорачуваат, наместо да се занимаваат со СДСМ, рече Кузеска. „Вчера на Извршниот одбор, секако, беше прифатен, поддржан предлогот на претседателот Венко Филипче за потпретседател на партијата да биде реномираниот доктор Трајановски. Сите…

Повеќе

Во текот на вчерашниот и денешниот ден во Скопје, на различни локации, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Т.Г.(30) и И.К.(48), двајцата од Кавадарци, А.Б.(28) од Штип и О.И.(35), Б.А.(26) и Р.М.(34), сите од Скопје, затоа што кај нив се пронајдени и одземени бела прашкаста материја и марихуана. По целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.

Повеќе