Author: Author 04

Три лица се повредени во вчерашната сообраќајка која се случила во 16:50 часот на регионалниот пат Валандово-Удово, соопштија денеска од СВР Струмица. Во несреќата учествувале автомобил „форд“ со гевгелиски регистарски ознаки, управуван од Е.А.(42) од село Старо Балдовци, општина Босилово и мотоцикл „бмв“ со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од Г.Б.(52) од Кавадарци. -Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле мотоциклистот и неговата сопатничка Е.Б.(50) од Кавадарци, а со телесни повреди се здобил малолетен сопатник во патничкото возило, констатирани во Медицински центар Гевгелија, се наведува во соопштението на СВР Струмица. Увид на местото извршила екипа на ОВР Валандово.

Повеќе

Петнаесет забрани за вршење на дејност изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна во рамки на 445 инспекциски контроли кои ги спроведе во изминативе десеттина дена. Како небезбедни, АХВ заплени и нештетно уништи 696 килограми небезбедна и храна од непознати добавувачи. Акцент со контролите беше ставен на објектите и операторите со храна кои се наоѓаат во непосредна близина на училиштата ( основни и средни) од каде учениците најчесто купуваат храна. Со спроведените контроли утврдено е дека 19 оператори ставале во промет небезбедна храна, кај 30 се утврдени незадоволителни хигиенски барања за безбедност на храната, а од…

Повеќе

Продолжуваме со реализација на проектите, тоа што е ветено треба да се реализира, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски при поставување на камен-темелник за изградба на нова детска градинка во реонот кај салонот за „Мерцедес“, спроти Универзитетот ФОН. Честитам на градоначалникот за експресно реализираната јавна набавка или да речам договор со операторот којшто ќе ја гради. Очекувам во рамките на рокот којшто го дефинирале да биде објектот изграден, истакна Мицкоски. „Продолжуваме како Влада да ги финансираме проектите коишто значат додадена вредност за граѓаните, еден од тие објекти е и овој јас честопати велам секогаш онаму каде што има потреба од вакви…

Повеќе

Пронајден е возачот кој вчера го загрози сообраќајот на патот Куманово – Крива Паланка, изречена му е прекршочна санкција и наложено му е да го исчисти патот, соопшти МВР. „Во врска со објавата на социјалните мрежи, каде се гледа како возач на камион со несоодветно однесување го загрозува движењето на учесниците во сообраќајот на регионалниот пат Куманово – Крива Паланка, од страна на полициски службеници од СВР Куманово преземени се мерки по што е пронајден возачот С.С. од Куманово. На С.С. му е издаден прекршочен платен налог и му е наложено да го исчисти коловозот во присуство на полициски службеници“,…

Повеќе

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, очекува и во новиот мандат стабилна и конструктивна соработка со сите советнички групи. „Политиката ја тргаме настрана и се насочуваме кон она што е најважно, интересот на граѓаните,“ рече Герасимовски во интервју за Racin.mk. Тој потсети дека уште при примопредавањето на уверенијата до советниците порачал дека изборите се завршени и дека следува период на заедничка работа насочена кон проекти и решавање на потребите на жителите на Центар. „Граѓаните ни ја дадоа довербата да создадеме подобри услови за нив. Нашата задача е да работиме за нивното секојдневие, а не за партиски интереси,“ истакна Герасимовски. Градоначалникот…

Повеќе

Вчера во 14:44 часот на крстосница од бул.„Видое Смилевски Бато“ со ул.„Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишник од Тетово. При контрола во сообраќајот со радар, констатирано е дека тој управувал патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки со брзина од 124 километри на час, односно 74 километри на час повеќе од дозволеното.

Повеќе

Вчера полицијата регистрираше два одделни инциденти во кои возачи излетале од коловозот и кај двајцата било утврдено присуство на алкохол над законски дозволената граница.На 16.11.2025 во 22:35 часот на ул.„Индустриска“ во Делчево, полициски службеници од ОВР Делчево го лишија од слобода Д.Д.(40) од Македонска Каменица. Претходно, тој со патничко возило „опел“ со регистарски ознаки македонска каменица, кое го управувал, излетал од коловозот, а по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,59 промили алкохол во крвта. Исто така околу 16:00 часот на автопатот Штип-Скопје, полициски службеници од СВР Штип го лишија од слобода Д.Ј.(48)…

Повеќе

Вчера во 08:30 часот на експресен пат Куманово – Крива Паланка, кај с.Ранковце, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишија од слобода С.Ѓ.(36) од Крива Паланка. При контрола во сообраќајот со радар, полициските службеници констатираа дека управувал патничко возило „мерцедес“ со кривопаланечки регистарски ознаки со брзина од 171 километри на час на место каде со сообраќаен знак максимално дозволената брзина е ограничена на 80 километри на час.

Повеќе

Во периодот од 01.11.2025-16.11.2025 како резултат на редовните сообраќајни контроли што ги реализираат полициските службеници од сите сектори за внатрешни работи на патиштата низ земјава, од вкупно 10.210 издадени платни налози, 2.983 прекршоци се однесуваат на возачи кои не ја почитувале пропишаната брзина на движење.Лишени од слобода за безобзирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик биле 55 лица, од кои 37 за возење под дејство на алкохол, еден поради возење во забранет правец, 11 за возење со брзина поголема од дозволената во населено место, шест за возење со брзина поголема од дозволената надвор од населено место.Понатаму, според…

Повеќе

Биномот ДУИ-СДСМ го користеше европското знаме не за Европа, туку како крпа за да ги избрише трагите на Никола Груевски и да ја спаси кожата на Сашо Мијалков. Под маската на „хармонизација со ЕУ“, тие гласаа за измени во Кривичниот законик за кои денес гледаме како целото општество пати. Ова не беше закон за европски стандарди, туку понуда за амнестија за заробување на државата, потпишана од ДУИ во име на Албанците, но во интерес на Груевски, Мијалков и кликите што ги ограбија и Албанците и Северна Македонија. На оваа земја ѝ е потребна вистинска правда, а не закони прилагодени на каприците на…

Повеќе