Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Тежок судир на магистралата Градско – Прилеп: Возач на „голф“ тешко повреден по несреќа со товарно возило
    • Гостиварец со кривична пријава: Физички ја нападнал ќерката во семејната куќа, па ја загрозил сигурноста и на мајка си
    • Крвав напад во Јордан: Вооружени напаѓачи отворија оган за време на погреб во црква – најмалку седум жртви
    • Заплена во КПУ Затвор Штип: Обезбедена бела прашкаста материја, следат соодветни поднесоци
    • Пијан возач со 1,82 промили алкохол избега по несреќа во Виница: Четири лица повредени, еден сопатник со тешки повреди
    • Јотова најави барање за оставка од шефот на Националната служба за обезбедување по инцидентот со новинарката
    • Вознемирувачко видео: Бодигард брутално ја собори на земја новинарката Соња Колтуклиева во Софија
    • Претседателски избори во Бугарија: Во недела се гласа меѓу 27 кандидатски двојки
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » СДСМ: На панел на ПЕС се разговараше за „крајот на автократијата“ – критики за односите на Мицкоски со Орбан

    СДСМ: На панел на ПЕС се разговараше за „крајот на автократијата“ – критики за односите на Мицкоски со Орбан

    20.04.2026 во 11:282 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Во рамки на ПЕС е разговарано за вашата сестринска партија Фидес и големиот пријател на вашиот претседател Мицкоски – Виктор Орбан. Сите учесници заклучија дека автократските режими кои се длабоко заглавени во криминал и корупција завршуваат. Затоа беше толку убедлива победата на ТИСА над Фидес, се вели во соопштениеот од СДСМ. 

    „Дури и меѓу првите им честиташе домаќинот на конгресот во Барселона, шпанскиот премиер и претседател на партијата PSOE – Педро Санчес.

    Ова не беше прашање на идеологија. 

    Иако Тиса е центар-десна, либерална опција од десниот правец, тоа воопшто не се доведуваше во прашање. 

    Победата беше победа на Европа над автократска Русија, победа на народот над корумпираниот систем и победа на слободата над диктатурата.

    Иако во ВМРО никој не разликува центар-десно од десница и Тиса ја нарекуваат „сестринска партија“ само затоа што е членка на ЕПП, таа „сестринска љубов“ ќе ја видиме многу брзо кога ќе почнат истрагите против нивниот „брат“ Орбан и неговите медиуми, како и за пласирањето на кинеските кредити во Македонија.

    Едни од главните теми на панелот на којшто учествуваше проф. д-р Венко Филипче беа токму Орбановите медиуми и нивното влијание во Македонија. 

    Панелистите изразија сериозна загриженост за поврзаноста на владата во Скопје со Орбан, Вучиќ и длабоките врски на најблиските соработници на Мицкоски со Русија. 

    Јасно се гледаат влијанијата на автократијата во Македонија. 

    Целата медиумска мрежа која опфаќа 40 % од вкупното медиумско небо во Македонија е во сопственост на Орбан и е 
    ставена на располагање на ВМРО-ОКГ и Мицкоски.

    Заклучокот беше јасен: новиот унгарски премиер најавува дека брзо ќе се спроведат истрагите за поврзаноста Орбан–Додик–Вучиќ–Мицкоски. 

    На оваа тема претставниците на партиите од регионот целосно се согласија и заклучија дека регионот не може да биде руски, туку целта на сите мора да биде Европа.

    СДСМ останува цврсто на страната на Европа, на страната на слободата и на страната на граѓаните. 

    Мицкоски и ВМРО можат уште малку да се потпираат на Орбановата машинерија, но и на неа ѝ се гледа крајот. За почеток, таа мрежа беше блокирана за неплатени 100.000 евра уште наредниот ден по изборите.

    Почна процесот на распаѓање на криминалната организација.

    Доаѓа времето на вистината, правдата и одговорноста!“, велат од СДСМ.

    Прочитај повеќе

    Премиерот за евроинтеграциите: Граѓаните се уморни од неправедни удари и билатерални спорови

    23.10.2026 во 13:19

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.