Голема трагедија го потресе Њујорк откако рано утрината разорен пожар зафати двокатна куќа во Бруклин. Во огнената стихија животот го загубија шест лица, додека седум други се повредени и хоспитализирани со тешки повреди.
Според информациите од градската противпожарна служба, четири лица починале на самото место на несреќата, додека уште две лица подлегнале на повредите подоцна во болница. Противпожарните екипи веднаш излегле на терен и успеале да го локализираат и изгаснат пожарот, но за жал жртвите биле заробени внатре.
Истражните органи се на терен и работат на утврдување на точните причини за избувнувањето на пожарот, а неофицијалните прашања се насочени кон технички дефекти.

