Close Menu
Press24
    Најново

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:40

    Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана

    08.07.2026 во 20:22
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред
    • Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт
    • Зеленски: На состанокот со Трамп нагласена потребата од зајакнување на украинската противвоздушна одбрана
    • Јанкуловски: Овој ребаланс е доказ дека Владата прави историски најголеми издвојувања за општините
    • Филипче: Гласањето по пошта отвора сомнеж за кражба на изборите
    • Над 200.000 лажни кондоми откриени во држави во и надвор од ЕУ
    • Иран се закани дека ќе ја блокира Ормуската теснина откако Трамп најави нови напади
    • Николовски: Царинската управа руши рекорди во месечната наплата на приходи, во буџетот се инаксирани 12,68 милијарди денари
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Судска драма за „Пулс“: Одбраната бара куќен притвор за сопственикот Деко

    Судска драма за „Пулс“: Одбраната бара куќен притвор за сопственикот Деко

    20.04.2026 во 10:361 Min Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Пред почетокот на денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, одбраната на првообвинетиот Дејан Јованов Деко побара замена на мерката притвор со куќен притвор. Бранителот, адвокатката Ивана Коцевска, тврди дека здравствената состојба на нејзиниот клиент е сериозно влошена, што, според неа, го прави понатамошниот престој во затворски услови нехуман.

    „Мерката притвор не соодветствува со целта; ова не е мерка за обезбедување присуство, туку казна пред судење. Дејан денеска беше спроведен од болнички услови на судење со отворена рана по оперативен зафат“, изјави Коцевска пред судот во „Идризово“.

    Од друга страна, судијката Дијана Груевска Илиевски истакна дека судот е целосно запознаен со здравствениот статус на обвинетиот. Таа појасни дека со негова согласност тој бил опериран во петокот, а препорачаното време за мирување е поминато, врз основа на што е донесена одлуката за негово спроведување во судницата.

    Јавното обвинителство, кое во овој предмет е претставено од тим од 15 обвинители, најави дека дополнително ќе се произнесе по барањето на одбраната откако ќе ја разгледа документацијата.

    Пожарот во „Пулс“, кој се случи на 16 март 2025 година, останува една од најтешките трагедии во земјата со 63 загинати и над 200 повредени. Судењето продолжува со сослушување на сведоци.

    Прочитај повеќе

    Филипче: Македонија касни цела година со реформите, додека регионот оди напред

    08.07.2026 во 21:01

    Филипче: СДСМ е единствената партија која толку силно се бори против криминалната власт

    08.07.2026 во 20:40
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.