Close Menu
Press24
    Најново

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица

    28.10.2026 во 19:45

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога
    • Драма во Германија: Четири лица повредени во експлозија во станбена зграда во Регенсбург, се трага по две лица
    • Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност
    • „Алeлуја, Европа сфати“: Словачкиот премиер ја поздрави потребата за преговори со Москва
    • Проценки на Пентагон: Трошоците на американската војска во судирот со Иран надминаа 47 милијарди долари
    • Мобилната апликација m.Uslugi е достапна за сите корисници и на Андроид и на IOS уредите
    • Бремена жена ја преживеа несреќата во Шпанија, открива што се случувало
    • Зеленски најави мировни преговори во Абу Даби од 6 до 10 ноември
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Љутков во Преспа: Инвестициите во културното наследство се реален поттик за развојот на реги

    Љутков во Преспа: Инвестициите во културното наследство се реален поттик за развојот на реги

    20.04.2026 во 13:362 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска оствари работна посета на Преспанскиот Регион, при што изврши увид во реализацијата на значајни капитални проекти во областа на културното наследство.

    Посетата започна во селото Љубојно, каде што е во напредна фаза проектот за реконструкција и адаптација на старото училиште во мултимедијален центар за промоција на македонскиот јазик, инвестиција вредна 20 милиони денари, обезбедени од Министерството.

    „Со конкретни инвестиции покажуваме дека грижата за културното наследство не е декларативна, туку реална и видлива. Љубојно добива нов современ центар кој ќе го афирмира македонскиот јазик и ќе донесе нов живот и развој за целиот регион“, рече Љутков.

    Потоа следуваше увид во црквата „Св. Ѓорѓи“ во Курбиново, едно од највредните културни богатства во државава, каде што во изминатата деценија се вложени околу 30 милиони денари за нејзина заштита, реставрација и конзервација.

    „Курбиново е жив сведок на нашата богата историја и уметност – со посветена работа и континуирани вложувања успеваме да го зачуваме ова непроценливо богатство и да го доближиме до пошироката јавност. Инвестициите во Курбиново се јасен доказ за нашата долгорочна стратегија за зачувување на највредните културни добра и нивно позиционирање на мапата на светското културно наследство. Ова богатство ќе го вратиме во полн сјај и ќе го направиме целосно достапно за посетителите од земјава и од странство. Надминувањето на предизвиците околу поставувањето на заштитната натстрешница е наш приоритет, со цел дополнителна и трајна заштита на фасадното сликарство, а активностите во овој правец ќе продолжат со засилена динамика во наредниот период“, рече Љутков.

    Посетата продолжи во Ресен каде што министерот изврши увид во Сарајот на Нијази-бег, каде што со средства од европските фондови се реализира реконструкција на покривот. Работната агенда беше заокружена со  посета на Спомен-куќата на Татарчеви.

    Со ова,  Министерството за култура и туризам јасно ја демонстрира својата посветеност за зачувување и современа презентација на културното наследство, со што се создаваат нови можности за туризам и економски развој.

    Прочитај повеќе

    Нападнал полицаец кој го фатил додека продава дрога

    28.10.2026 во 20:01

    Официјално: Искра Хаџи Василева го победи Трајче Пеливанов со 7 гласа предност

    28.10.2026 во 19:29
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.