Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Нови контроли од УЈП: Започна проверка на приливите од странство за 2021 година, испратени предупредувања до граѓаните
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » ДУИ бара оставка од Изет Меџити: Партијата го обвинува за злоупотреби од 72 милиони евра во Чаир

    ДУИ бара оставка од Изет Меџити: Партијата го обвинува за злоупотреби од 72 милиони евра во Чаир

    20.04.2026 во 12:512 Mins Read
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Демократската унија за интеграција (ДУИ) изразува длабока загриженост и негодување кон безпреседентната политичка и правна ситуација која се одвива на политичката сцена. Веродостојни извори потврдуваат дека премиерот Христијан Мицкоски го држи Изет Меџити под целосна контрола преку судска досие од 320 страници, која документира флагрантни прекршувања на законот во областа на нелегалната градба во Чаир, прекршувања кои предизвикале директна штета на општинскиот буџет во износ од 72 милиони евра, се наведува во соопштението од ДУИ.

    „Оваа ситуација не е само правен скандал, таа е политички скандал од прв ред.

    Фактите јасно покажуваат дека обвинителното досие не се користи како инструмент на правдата, туку како лост за притисок врз градоначалникот на општина Чаир.

    Меџити, опкружен со овој Дамоклов меч, продолжува да ја задржи својата позиција, ставајќи го личниот интерес над интересот на албанскиот народ и граѓаните на Чаир.

    ДУИ нагласува дека 72 милиони евра штета на општинскиот буџет не се апстрактна бројка, тоа се болници кои не се изградени, улици кои не се асфалтирани, градинки и училишта кои не постојат, и осиромашени граѓани жртви на безодговорно и сомнително управување.

    Секој ден кој Меџити го поминува на функција, е уште еден ден во кој граѓаните во Чаир ги носи последиците од неговите грешки.

    Одбиваме да ја прифатиме идејата дека еден поединец и неговите лични правни проблеми можат да го земат во заложништво целото албанско прашање.

    змеџити нема право да ги изложи граѓаните на на политичките последици од неговите манипулации.

    Тој имал можност да се брани лично но не криејќи се зад својот мандат и зад нашата заедница.

    Поради овие причини, ДУИ итно и категорично бара: Изет Меџити да поднесе оставка од функцијата градоначалник на општина Чаир, и индивидуално да се соочи со правните обвинувања против него, онака како што бара секој елементарен стандард на демократијата и чесното управување.

    Правдата не е предмет на преговори. Граѓаните на Чаир заслужуваат лидери кои им служат на граѓаните со интегритет, а не поединци кои го користат мандатот како лично штитење од законот.

    ДУИ ќе продолжи да стои до граѓаните и ќе се бори за целосна одговорност за секое евро оштетено од буџетот на Чаир.

    ДУИ им се обраќа на сите политички сили, институции и јавното мислење да се издигнат заедно во одбрана на интересите на граѓаните и на правдата.

    Молчењето и неактивноста се соучесништво“, велат од ДУИ.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.