Close Menu
Press24
    Најново

    Младината на СДСМ реагира: Стив Наумов не издржа ниту еден месец – влага насекаде и вода протекува од сите страни

    23.10.2026 во 11:43

    Николоски: Вредните работници од МЖ Транспорт успешно сервисираа патнички вагон

    22.10.2026 во 20:57

    Зајкова: Границите ни се швајцарско сирење, а законите полни со дупки

    23.10.2026 во 13:00
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Филипче: Студентите победуваат, Орбан падна, сега редот е на Вучиќ
    • Жена нападната од сопругот со кој се разведува
    • Мечка загина во сообраќајка на автопатот Скопје – Тетово
    • Денеска е Денот на Обединетите нации: 81 година од стапувањето во сила на светската Повелба за мир
    • Нови демонстрации ширум Албанија: Протестите продолжуваат, Еди Рама се закани со строги казни за насилниците
    • Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?
    • Тежок судир на крстосница во Скопје: Мопедист со тешки повреди заврши во болница по несреќа со „фолксваген“
    • Акција во Неготинско: Запленети марихуана и семки од канабис кај 61-годишен скопјанец
    • Најново
    • Популарно
    • Маркетинг
    • Импресум
    Facebook Instagram TikTok
    Press24Press24
    • Насловна
    • Македонија
      • Политика
      • Скопје
      • Црна хроника
    • Бизнис
    • Свет
      • Регион
    • Забава
    • Спорт
    • Технологија
    • Интервју
    Press24
    Home » Муцунски во Женева: Со помалку од пет години до 2030, мора да делуваме побрзо и заедно

    Муцунски во Женева: Со помалку од пет години до 2030, мора да делуваме побрзо и заедно

    21.04.2026 во 12:351 Min Read
    ФОТО: Министерство за надворешни работи и надворешна трговија
    Сподели
    Facebook Twitter WhatsApp

    Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска ја отвори пленарната сесија на Регионалниот форум за одржлив развој на UNECE во Женева, каде настапува како ко-претседавач. Во услови на комплексни глобални предизвици, тој ја истакна неопходноста од забрзување на имплементацијата на Агендата 2030.

    Муцунски преку својот профил на Фејсбук порача дека со оглед на краткиот рок до 2030 година, неопходно е да се делува побрзо и поорганизирано. „Со помалку од пет години до 2030 година, клучно е да се делува побрзо, попаметно и заедно, со конкретни и координирани активности што ќе дадат резултати“, напиша министерот.

    Според него, еден од клучните проблеми е поделеноста во дејствувањето. „Посочив дека фрагментацијата го ограничува напредокот и дека постигнувањето на Целите за одржлив развој бара силна координација меѓу институциите, секторите и државите, како и интегриран пристап што ги поврзува дипломатијата, развојот и економската политика“, истакна Муцунски.

    Тој ја потврди посветеноста на земјава кон исполнување на целите преку конкретни политики насочени кон зелена трансформација, дигитален развој, зајакнување на институциите и унапредување на регионалната и мултилатералната соработка. Форумот во Женева собра високи претставници од Обединетите нации, државите членки, како и претставници од граѓанскиот и приватниот сектор.

    Прочитај повеќе

    Кирков: Филипче и Горан Бетон Герасимовски, каде се паркинзите и зеленилото во Буњаковец?

    24.10.2026 во 14:56

    СДСМ предупредува: Синдикалната кошничка со кирија достигна 90.000 денари – стандардот на граѓаните секојдневно паѓа

    24.10.2026 во 12:11
    Facebook X (Twitter) Instagram
    • Насловна
    • Најново
    • Импресум
    • Маркетинг
    Њу Медиа Комјуникејшн © 2010 | сите права заштитени

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.